Има ли поврзаност меѓу патарините и изборите ... наизглед нема ... но нашите наплатни рампи никако да се осовременат - никако да се одстрани “наплатување“ на патарините на самите рампи ... на наплатните рампи сеуште се наплатува патарина на ист начин како и кога се фатија многуте наплатувачи - кои нели спектакуларно се затворија, за на крај да бидат пуштени ...
Зошто и во МК не се воведат вињети ... или некое друго средство кое како резултат ке допринесе за одстранување на можноста за крадење на наплатните рампи ... вреди ли да се подсетува дека обвинетите во судскиот процес во исказите посочија дека дел од парите завршувале за изборни кампањи ...
НЕМА АБЕР ЗА НОВИОТ ЕЛЕКТРОНСКИ СИСТЕМ ЗА НАПЛАТА НА ТАКСАТА НА АВТОПАТИШТАТА
На патарините уште се краде
Вест-Година: 8 Број:2549 Понеделник 12/15/2008** Новиот систем за наплата на патарините со електронски картички кој гарантира 100- процентна заштита од кражба и злоупотреба никаде го нема и по две години откако беше најавен.
- На 26 декември 2006 година министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и директорката на Фондот за магистрални и регионални патишта Наташа Валкановска новите патарини ги најавија како голем проект на Владата кој требаше да се реализира уште на почетокот на 2008 година.
- Тогаш Јанакиески и Валкановска рекоа дека тендерот за набавка на новите наплатни рампи ќе се распише во 2007 година, а парите ќе се обезбедат со заем од Светска банка и целосно ќе се вратат во текот на 2008 година.
- Од Министерството за транспорт и врски не сакаа да одговорат зошто замената на примитивните наплатни рампи се развлече цела година.
No comments:
Post a Comment