Деновиве во хрватскиот интернет простор се случи еден настан кој длабоко го растресе/замисли хрватското општество ...
Имено некоја неформална група на млади луѓе почнувајки веројатно од забава преку постот - Kladim se da ću naći 5000 facebookera koji ne vole Sanadera! ... и популарната платворма Facebook ... наменета пред се за дружење и забава ... почна да ги собира 5-те иљади фејсбукери кои не го сакаат Санадер ... На некого од хрватската власт поточно од полицијата не му се допаднала оваа идеја и извршил приведување и сослушување на организаторите на оваа иницијатива ...
Тоа предизвикало уште поголема и пооштра реакција на хрватската интернет заедница, која меѓу другото Санадер и хрватската власт ги спореди со Хитлер ... Санадер виде дека сето ова не му оди во прилог бидејки се работи за ограничување на слободно изнесено мислење (граѓанско право многу популарно во демократските општества ...) реагираше со изјава дека - 'U Hrvatskoj nitko ne smije biti priveden ili uhićen zato što drugačije misli, zato što prosvjeduje ili se ne slaže s mojom ili bilo čijom drugom politikom'. ...
Можеме ли ние од сето ова да извлечеме соодветна поука за нашите прилики ... имено и кај нас некои вршат огромни закани за секој негативен збор изречен за некој од политичарите кои се моментално на власт ... додуше во наши услови тоа е некаква неформална група ... но бројна ...
Хрватскиот случај со Санадер-Хитлер-Facebook ... го покажа патот како во случај на слично хрватско сценарио кај нас ... како треба да реагира нашата интернет заедница ... борејки се за правото на слободно изразување на лично мислење ... како треба да се солидаризираат со некој кој е притиснат/приведен/сослушуван од власта ...
No comments:
Post a Comment