Ке успее ли ОМО Илинден Пирин да формира политичка партија во Бугарија ... пети обид ...
ОМО "Илиден" - ПИРИН е политичка партија на Македонците во Република Бугарија. Како организација на Македонците е формирана веднаш по падот на комунизмот во Бугарија, во ноември 1989 година, а веќе наредната 1990 година на 22 април го одржува првиот масовен собир на гробот на Јане Сандански по повод 80 години од неговата смрт во Роженскиот манастир на кој присуствуваат неколку илјади Македонци.
Во 1999 година партијата ги собра потребниот број на потписи и ги исполни сите услови за регистрирање и учествуваше на локалните избори каде освои 5 градоначалнички места. Нејзината регистрација беше поништена од Уставниот суд на Република Бугарија на 29 февруари 2000 година под образложение дека партија која изјаснува дека дел од територијата на Бугарија е туѓа и се залага за нејзиното отцепување од бугарската држава е против уставна и не смее да постои. По жалбата до Судот за човекови права во Стразбур и пресудата во корист на партијата, државата Бугарија на партијата и исплати оштета но нејзината регистрација не е вратена до ден денес со што не е исправено кривичното дело.
Во поново време повторно е актуелно нејзиното регистрирање кое повторно се оспорува од бугарските државни органи кои не признаваат дека постои македонско малцинство во државата и воопшто не признаваат дека постои Македонскиот народ.
Комитетот на министри при Советот на Европа одлучува да и се наложи на Бугарија да ја регистрира партијата.
Партијата најмногу дејствува во Пиринска Македонија (Благоевградската област во југо-западна Бугарија) каде што е сконцентриран најголемиот број на Македонци во Бугарија. Според изјавите на еден од нејзините водачи Стојко Стојков, во Бугарија има 187.000 луѓе кои се декларират како Македонци. ОМО "Илинден" - ПИРИН покрај своите барања за признавање на малцински права на Македонците во Бугарија, активно учествува и во културниот и националниот живот на Македонците преку разни активности како одржување собири и честувања во Рожденскиот манастир на гробот на Јане Сандански по повод годишнините од неговото раѓање и загинување, издавање на весникот „Народна Волја“ на македонски јазик, организирање на разни фестивали и културни манифестации.
Одредени националистички партии во Бугарија како ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов и Атака на Волен Сидеров, повеќе пати се обидувале да ги спречат собирите и седниците на партијата, физички да ги нападнат нејзините членови, и исто така пропагираат дека партијата е финансирана и поддржувана од страна на властите на Република Македонија со цел да се „македонизира“ Благоевградскиот крај.
Несомнено е дека во Бугарија живеат голем број на Македонци ... но поголемиот број од Македонците во Бугарија се пораснати и одшколувани во “БГ дух на разбирање на МК прашање“ ... а тоа е дека целосната географска територија на Македонија има БГ карактер ... дека сите важни историски личности и настани на времето се изјаснувале како Бугари ... дека писменоста и писмото на МК народ се всушност со бугарски корени ...
Како последица на сето тоа БГ држава никојпат не го признала постоењето на МК народ, на МК култура и идентитет ... не е признаен ниту јазикот ... паролата е “еден наеод, една култура, еден јазик, една историја - во две држави“ ... во поново време тие јавно и тајно се на страната на Грчката држава која е во спор со МК за таканаречениот проблем со името - кој всушност е проблем и на историјата и културата на МК народ т.е. автохтониот идентитет на Македонецот ...
Да спомнеме дека во поновата историја на Бугарија во раководството на БГ држава големо учество имаат политичари и луѓе со неоспорно МК потекло ... Утрински деновиве има фељтон
Но да се вратам на темата - формалната регистрација на ОМО Илинден Пирин е повторно на дневен ред во Бугарија ...- За да го потврди почитувањето на законот, партијата одржа нова конститутивна седница со 500 делегати
- Партијата на Македонците во Бугарија ОМО „Илинден“ - ПИРИН најдоцна за 14 дена ќе знае дали петтиот обид да биде регистрирана како политичка партија ќе и' биде успешен.
- Судот во октомври минатата година го отфрли барањето со забелешка дека конститутивното собрание на партијата немало доволен број делегати.
- Во октомври оваа година ОМО „Илинден“ - ПИРИН одржа нова конститутивна седница со присуство на 500 делегати, како што налагаат бугарските закони, но овој пат во присуство на претставници на организации за човекови права, како потврда на законитоста на седницата.
No comments:
Post a Comment