По објавувањето на СДСМ дека на следните избори ке одат сами ... се слушаат гласини дека тоа го планира и ВМРО-ДПМНЕ ... веројатно е дојдено време да се изфрши филтрирање и концентрирање на партиите во МК ...
Јасно им е на сите дека во Македонија не може да опстојуваат педесетина партии ... позади секој политичар партија ... Главниот белег на повеќето партии е националното групирање ... заради тој симбол на групирање веројатно уште десетина години во МК ке опстојуваат партии на Македоци и на Албанци ... полека ке почнат од игра да одпаѓаат некои парти од помалите етнички заедницни - особено оние каде за една мала етничка заедница има повеќе партии ...
Овие мали партии кои немаат ама баш скоро никакво влијание во гласачкото тело, паразитираа со големите партии за да ствараат гужва/демократски имиџ во некави бомбастични коалиции ... таква беше последната коалиција на ВмроДпмне на последните парламентарни избори ... се сеќава ли некој на Алија Шакиќ партија (само за пример ...)... невозможно е да опстојат неколкуте партии на ромите (исто за пример ...)...
Големите партии увидоа дека колачот беспотребно го делат со малите - паразит партии и сега веројатно ке следува нивна егзекуција ...
Како и да е ке се начекаме во МК да се изродат типични граѓански партии - од типот на западната демократија ... кои се обединуваат околу една идеја ... лева, десна, центристичка ... Последицата на ваквиот начин на групирање на партии ке ја чувствуваме уште долго ... сето ова е последица од начинот на кој се распадна ЈУ државата - која пукна по националните шавови/граници/стремежи ...
Се чини дека МК демократско опкружување сеуште не е спремно за појава на поголеми “трети/нови“ играчи ... поверојатно е дека некоја од поголемите партии правејки исправни промени во своите редови - демократизирајки се ... во некое идно време има шанса да ги привлече граѓаните кои ке се обединат околу вистинските идеи на база на кои се води партијски живот од западноевропски тип ...
Ако го пресликуваме општеството од западноевропските држави во смила на државно и социјално уредување ... секако дека треба да се очекува дека тоа пресликувањето ке се случи и во начинот на партиското организирање и делување ...
No comments:
Post a Comment