Search This Blog

Saturday, December 20, 2008

Протестите за солидарност - моето мислење ...

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/-1Large-1.jpg?t=1229641397 http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/-2Large.jpg?t=1229641489 http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/-3Large.jpg?t=1229641519 http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/-40Large.jpg?t=1229643683

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/-4Large.jpg?t=1229641544 http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/-8Large.jpg?t=1229641645 http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/-12Large.jpg?t=1229642307 http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/-18Large.jpg?t=1229642458

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/-39Large.jpg?t=1229643659 http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/-34Large.jpg?t=1229643515

За поголеми десен клик на сликата и одберете ја првата опција ...

Потикнат од обемната дискусија која се водеше на постот - Солидареност со грчките протести - фото сторија ... каде скоро да не земав учество во дискусијата, каде за моја среќа неморав да избришам ниеден коментар ... на крај сепак го дадов и моето мислење за овој протест ...

читај повеќе »

Зарем не мислите дека веќе ни е тешко ... или тоа рози цветаат околу нас - но ние ете не сме приметиле ... Бидејки бев на протестот - а не сум ни екстремист ни екстремен левичар ... да кажам неколку свои зборови како впечатоци од митингот ...

Најпрвин кој ги повика луѓето ... неколкумина од нив познавам од порано кои се што блогери, што активисти на некои организации - ги прашав кој ги повикал ... кој е организаторот ... рекоа дека разбрале за митингот на ист начин како и сите останати преку интернет од повеќето написи ...

За бројноста ... јас искрајно очекував дека ке биде многу помала ... а од оние кои ке дојдат дека ке покажат малку поголема агресивност во настапот ...

За паролите ... имаше два вида ... од оние кои изразуваа слоидарност со грчите демонстранти - кои морате да признаете се борат за поинаква распределба на националниот дохоед ... за помали разлики помеѓу богатите и сиромаштијата ...

Да, имаше пароли и против тие исти разлики во Македонија ... зарем не ги гледате ... зарем на сите Вас кои сте против вакво демонстрирање Ви е толку убаво ... зарем само убавина гледате околу себе ...

Изгледа највеќе Ви смеќава што се тоа левичари ... добро десницата е на власт ... зарем на сите десничари толку многу Ви тргна во квалитетот на животот па сега не се буните ... каде е Вашиот глас против малите резултати во рамките на партијата ... три годи оваа влада е на власт ... Имате ли смелост да го дигнете гласот внатре во партијата - оние кои се активисти ... или оние кои не се - да почнат да пишуваат дека не се сложуваат со оваа и со онаа мерка ...

Не, не приметувам такви гласови - кои доаѓаат од десницата ... Вие верувате во “приказните“ кои ги фабрикуваат мас-медиумите ... Гебелс може вода да им носи на творците на пропагандата во сегашна Македонија ... се плашите веројатно од тројките ...

Никој не дига глас од се погласното јавно и тајно заплашување ... на крај ке се сведе оноа од приказната ... ги собираа евреите јас си молчев ... ги собираа циганите јас повторно си молчев ... сега кога дојде време нас да не собираат нема кој да го дигне гласот ...

Затоа, најдете барем неколку пораки кои ја одсликуваат реалноста на овој скромен и пред се мирен протест ... кој вака неорганизиран и спонтан може да биде искра надеж дека можеме да кажеме дека во Македонија сеуште има демократија која не е диктирана од една од двете поголеми партии ... кои едноставно по принципот на КУРТО и МУРТО само се менуваат од седлото ... а ние не мрдаме - плашејки се дека мрдајки само повеќе ке ни влезе ...

Зарем не приметувте дека се што вреди а што е младо си бега од оваа и од ваква Македонија ... БЕГАЈКИ ВСУШНОСТ ОД ВЛАСТА ВО ТРАНЗИЦИЈАВА НАША ... закоа и јас мислам дека без разлика на екстрамно левичарските сили и анархистите со кои јас не се сложувам ни под разно - протестот и те како е за поздравување ...

Дури и да сум власт - јас би ги поздравил ваквите протести ... би ослушнал каде се нашите грешки ... Можеше на анархистите од десницата, кои ги има повеќе на број - да им текне по пример на контранархистите во Грција ... да се собере група и да ги нападне овие и вакви протести ... такви организирани контранапади гледме секојдевно преку медиумите ... кога медиумите ке се сипат на било кој напад од спротивставената страна ...

Демократијата мора да заживее во Македонија - но таа ке има успех само тогаш кога ке заживее демократијата во редовите на двете најголеми партии ... За жал таму не гледам демократија ... таму гледам само практика на “лидер и на стадо“ ... тоа е и статутарно овозможено ... за жал ...

Заборавив да додадам дека оние кои спорат и прашуваат зошто овие луѓе не протестираа против Грција за се она што се прави со Македонците во Грција ... ке кажам, дека многумина од луѓето кои ги видов на протестите сум ги гледал и на протестите кои беа за подршка на Македонците во Грција ... од истите луѓе имам читано написи каде соосеќаат и се против угнетувањето/обесправувањето на Македонците во Егејска Македонија ...

За крај ке кажам дека дел од оваа група на луѓе се единствените кои најдоа истомисленици од грчката страна ... кои и во Македонија и во Грција организираа заеднички средби на кои изразија несогласување со грчката официјална политика и со онеправдувањето на Македонците во Грција ... да подсетам дека дел од грчката делегација положи свежи цвеќиња и се поклони пред споменикот за Децата бегалци во Жена парк ...

1 comment:

Anonymous said...

Protestot za solidarnost bese vistinska gola voda,pa pogledni gi parolite - nemaat vrska so tvojata kritika kon tranzicijava nasa.......cist "romantizam",uste Bajron im fali,vistina e deka mladive begaat,no toa pak nema vrska so "solidarnosta" kon demostraciite vo Grcija...........a za Kurto i Murto epa batka golema e razlikata megju niv dvajcata,sakal ti toa ili ne..........mada i ovoj posledniot Kurto ili Murto, kako sakas,ne e idealen a sto se odnesuva do tvojata gru-picka koja nasla istomislenici od grckata strana za koja siguren sum deka e uste pomala gru-picka toa ti e kako onaa nasata - raduvaj se k..e na pijana p...a .Lugjevo ne se svesni koja e razlikata megju nivnoto i naseto studentsko dvizenje,deckive na jug se cela svetlosna godina ponapred od ovie nasi srednoskolci i studenti..... na zalost...i to.Inaku ne se deprimiraj mnogu so toa "lider na stado".....pogledni gi amerikancive,pa onoj idiotot od covecko sustestvo onoj Bush,dva mandata gi rasturi......koe e toa stado?A?Primeri niz svetot kolku sakas.Cao decki.

Blog Archive

Site Meter