Од порано објавив дека за денеска наутро во Александар Палас беше закажана средба наречена “Утрински работен појадок со Владата“ - каде ке се разменуваат идеи како да се симне/сруши Шенгенскиот зид а воедно и ке се изрази протест против последниот зид во ЕУ ... поканети од комората беа, бизнисмените, некои НВО-а, дел од Владата ...
Од сајтот на комората дознаваме дека “Утринскиот работен појадок“ - се случил ...
- Бизнис-заедницата на Република Македонија се' уште се соочува со бројните пречки при добивањето визи за влегување во земјите-членки на ЕУ, без оглед дали се тие дел од Шенген-спогодбата или не. Неунифицираност на процедурите, дискрециони оценки и персонални приоди кон оваа проблематика создаваат фактор на неизвесност во работењето на компаниите со партнери од ЕУ. И покрај многубројните уверувања од страна на ЕУ дека Република Македонија е лидер во регионот во техничката подготвеност за либерализација на визниот режим, бизнис-заедницата се' уште не ги чувствува најавените олеснувања во имплементација на визните процедури, ниту пак во однос на визната политика.
- Вицепремиерот Ивица Боцевски истакна дека земјава е при крај со исполнувањето на техничките услови за визната либерализација, заради што таа во Брисел е прогласена како "Реформска ѕвезда" во оваа област. Тој најави дека во првиот квартал од 2009 година Владата на Република Македонија ќе презентира извештај за тоа како целосно ќе се усогласи со шенгенското законодаство. Но, едновремено тој призна дека за Македонија, освен за новинарите, во визните олеснувања нема позначајни резултати.
No comments:
Post a Comment