Како што предлагав во мојот последен пост врзан со штрајкот - Дали СОНК и Владата се најдоа на средина ... така и се случи и штајкачите и владата попуштија по малку и се најдоа на средина ...
Штрајкот од утре прекинува ... вечерава е подпишана спогодба со владата:
- Министерот за образование Стојановски и синдикалецот Цветановски вечерва ги потпишаа колективните договори за основното и средното образование. Стапуваат на сила веднаш, освен во делот за покачување на платите. Тие ќе се покачат од 1. јануари 2010 година.
- Од јуни следната година просветарите ќе добиваат по 3.200 денари за хранарина која ќе им биде пресметана во платите, а
- до март следната година сите вработени на определено време ќе бидат пријавени со статус на неопределено.
No comments:
Post a Comment