Search This Blog

Loading...

Friday, December 12, 2008

VISA? no thank you! ... BRING DOWN THE WALLS! ...

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/zivotbezgraniciangliskiLarge.jpg?t=1223116510

Мојот личен протест за уривање на “Шенгенскиот зид“ го искажав преку 24 написи на мојот блог ... на последниот напис Ванковска ми даде идеја дека треба да почнеме да разменуваме/праќаме фотки/постери до нашите ЕУ пријатели кои тие би ги праќале до свои пријатели и така да се чуе нашиот граѓански глас - дека е редно да падне последниод зид во ЕУ ...

читај повеќе »

Во тој правец е и овој пост каде ги приложувам за размена 5-те прикладни постера кои пред 2 години ги направивме со мојот син графички дизајнер - за потребите на тогашниот младинско/студентски протест “Виза ај батали“ ... да, додаток на ова се е меил пораките до повеќето мои меил пријатели - каде ги пратив овие постери со молба да ги препратат до своите меил пријатели ...

Слободно праќајте ги на меил на вашите пријатели со молба тие да ги праќаат на нивните пријатели, за да како крајна цел тие стигнат до што поголем број на граѓани на ЕУ ... со тоа и до ушите и очите на ЕУ авторитетите ...

Еве и неколку пригодни пароли:

  1. VISA? no thank you! ... ВИЗА НЕ БЛАГОДАРАМ
  2. STOP VISAS (NOW) ... СТОП ЗА ВИЗНИОТ РЕЖИМ
  3. BRING DOWN THE WALLS! ... ЗА УРИВАЊЕ НА СИТЕ ЗИДОВИ
  4. NO to VISAS and visa policies ... НЕ ЗА ВИЗИТЕ И ВИЗНОТО ГЕТО
  5. Bring Down the Schengen Wall! ... ДОЛЕ СО ШЕНГЕНСКИОТ ЅИД!!
  6. Macedonia is a star too ... И МАКЕДОНИЈА Е ЅВЕЗДА

Со ваши идеии дополнувајте го списокот на пароли кои ке ги праќаме заедно со постерите ... се разбира дека е добро по можност да се направат уште постери и пароли ... една слика/постер зборува повеќе од 100 збора ...

Во врска со ова случување ке Ви откријам дека Стопанската Комора ке организира средба со сите НВО-а кои ја третираат проблематиката на визите и визното гето ... на средбата ке има и представници од Владата а ке биде соодветно медиумски покриена ...

Се бараат што повеќе идеи како да се допринесе за крајната цел укинувањето на визите ... Ширите ги постерите и паролите секаде каде имате можност ... интернетот/меилот е идеален за тоа ... добродојдени се ваши постови на вашите блогови ... на фејсбук ... форум или било каде каде Вие имате идеја ... добродојдени се текстови на англиски јазик ...

http://volanskopje.blog.com.mk/system/files?file=another%20brick%20in%20the%20wall%20copy%20%28Medium%29.jpg http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/zaurivanjenasitedzidoviangliskicopy.jpg?t=1228931828

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/stopzavizniotrezimangliskicopyLarge.jpg?t=1228931943 http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/stopzaviziteangliskicopyLarge.jpg?t=1228931993

No comments:

Blog Archive

Site Meter