На времето на р-Еволуција така го викавме Атила Сендреи ... Атила бич божји ... уште тогаш велевме дека човекот мами и не краде ...
- Ексраководството на „Телеком“ проневерило 4 милиони евра? ... Министерството за внатрешни работи поднесе кривични пријави против четворица странски државјани, поранешни директори во „Македонски телеком“ поради сомневање дека проневериле приближно четири милиони евра. Според пријавата, тие склучиле неколку договори со кипарската фирма „Чаптекс холдингс лимитед“ за наводни консултантски услуги, кои никогаш не биле реализирани.
Кривични пријави се поднесени против Атила Сендреи (56) од Унгарија, извршен директор во „Македонски телеком" и член на Бордот во „Камени Мост комуникации", Роуф Плат (42) од Германија, извршен директор за финансии во „Телекомуникации", Михаил Кефалојанис од Грција, член на Бордот директори во „Камени Мост комуникации" и главниот извршен директор на истата фирма, Золтан Кишиуш од Унгарија, поради злоупотреба на 3.975.000 евра, за кои биле оштетени акционерите во „Телеком“, меѓу кои и Владата како сопственик на 47 проценти од акциите.
No comments:
Post a Comment