Search This Blog

Saturday, December 13, 2008

Олеснување на визниот режим ... само губење на време и одложување на укинувањето на визниот режим ...

http://cartoons.blog.com.mk/system/files?file=Olesnuvanjeviza%28B%29.JPG
Заради “олеснувањето на Визниот режим“ - кој спектакуларно најпрвин се најавуваше а потоа се спроведе во дело ... се сликаа многу наши и ЕУ фаци и тоа го прикажаа како енормно голем напредок во процесот на олеснетото добивање на визите за студенитите и некои други структури ...
Во конкретните случаи на вадење визи во амбасадите во Македонија “олеснувањето на Визниот режим“ не допринесе да се олабави стегата на шенгенскиот зид ... дури и професори како Ферид Мухиќ остануваа без визи од пријателски земји како што е Словенија ... професорот беше поканет на промоција на неговата книга во Словенија ... за жал поради дрското одбивање да му се издаде виза, се случи своевиден мал скандал ... професорот си остана гордо дома ... ич да не ги спомнувам случаевите на играње на ора пред амбасади ... и милион случаеви каде поканети интелектуалци остануваа без визи ...
Сето ова со само една карикатура, полесно го доловува карикатуристот Петар (Перо) Јанков ... кој на времето на неговиот блог cartoons.blog.com.mk ја исфрли оваа карикатура ... за жал сега не ја гледам во неговата архива ... но карикатурата остана да виси во интернет просторот и еве јас Ве подсетувам на неа ...

1 comment:

Anonymous said...

мислам дека после веќе извесното блокирање од страна на Грција на процесот на визна либерализација треба уште поактивно да работиме токму на овој процес и сите сили на институциите на РМ и воопшто сите чинители на нашата надворешната политика да бидат наспчени кон финализирање на овој процес, зошто според мене најблиску сме до исполнувањето на сите поставени услови и веќе тешко можат да се измислат нови услови во оваа сфера....

Blog Archive

Site Meter