Свети Никола е најпразнуван празник во Македонија ... Се вели дека во Македонија сите го слават Свети Никола ... го слават како своја слава или именден - но го слават и оние кои одат на гости кај оние кои слават ... Свети Никола е посна слава бидејки е во деновите на божиќните пости ... Свети Никола е честа слава/именден и во Грција, Србија, Русија, ... Свети Никола е светец кој подеднакво го слават Христијаните и Католиците ... а го слават и некои Муслимани во делови од Турција ... но и муслимани од Македонија ...
- Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски (неговото житие) ... Овој славен светител, когошто и денес го слават по сиот свет, им беше единец син на своите богати и угледни родители, Теофан и Нона, жители на градот Патара во Ликија. Бидејќи им беше син единец даруван од Бога, тие Му го посветија на Бога, принесувајќи Му така дар. Знаењето за духовниот живот Св. Николај го стекна преку својот чичко Николај, епископот Патарски, и се замонаши во манастирот „Новиот Сион“, основан од тој негов чичко. По смртта на родителите Николај им го раздаде наследениот имот на сиромасите и ништо не задржа за себе. Додека беше свештеник во Патара тој многу се прочу со делата на својата милостиња, иако ги криеше грижливо, за да го исполни зборот Господов: „Да не знае твојата лева рака што прави твојата десна рака“ (Матеј 6, 3). Кога се предаде на самотност и на безмолвие, мислејќи така да проживее до смртта, му дојде глас одозгора: „Појди на подвиг меѓу народот, ако сакаш да бидеш од Мене овенчан.“ Веднаш потоа според чудесната Божја Промисла беше избран за епископ на градот Мир во Ликија. Милостив, мудар, неустрашлив. Св. Николај му беше вистински добар пастир на своето стадо. За време на гонењето на христијаните под Диоклецијан и Максимијан го фрлија во затвор, но тој и во затворот ги поучуваше луѓето на законот Божји. Присуствуваше на Првиот Вселенски Собор во Никеја и од голема ревност за вистината го удри еретикот Ариј. За ова дело го отстранија од Соборот и од архиерејската служба, се додека на неколкумина од првите архиереи на Соборот не им се јавија Самиот Господ Христос и Пресвета Богородица и не го објавија своето благоволение кон Николај. Чувар на Божествената вистина, овој чудесен Божји светител беше и одважен заштитник на правдата меѓу луѓето. На двапати спаси по тројца луѓе од незаслужена смртна казна. Милостив, вистинољубив и праведен, одеше меѓу луѓето небаре ангел Божји. Уште за време на животот луѓето го сметаа за светител и го повикуваа на помош во маки и неволји и им се јавуваше во сон и на јаве на тие што го повикуваа, еднакво лесно дали се блиску или далеку, и им помагаше. Од неговото лице блескаше светлина како од лицето Мојсеево, па и со самата своја појава им носеше на луѓето утеха, мир и добра волја. На старост малку се разболе и се упокои во Господа, многустрадален и многуплоден, за вечно да се весели во Небесното Царство продолжувајќи да чудотвори на земјата, помагајќи им на верните и прославувајќи Го својот Бог. Се упокои на 6 декември 343 година.
На денешниот ден се слави упокојувањето на Свети Никола ... кој како што видовме погоре од житието е упокоен на 6 Декември 343 година (стар календар) - што во новиот календар е 19 Декември ... живеел во градот Мир во Лакија, тој уште во времето на својот живот станува светител и чудотворец ... иако од богато семејство го одбира патот на истражувањето на божјата промисла ... во тајните на црковниот живот го воведува неговиот вујко кој е црковен великодостојник ... дури по смрта на својот вујко тој се враќа и пифаќа и самиот да стане великодостојник Архиепископ на градот Мир Лакија - денешна Турција ...Учествува на првиот вселенски собор во Никеја - каде се заложува за воведувањето на светото тројство ... Градот Мир денеска го носи името Демре во Турција ... на турскиот средоземноморски брег ... турците Свети Никола го препознаваат како Неол Баба - во градот има негова статуа ...
На 26 Август 1071 година Турците Селџуци ја поразуваат византиската војска со што Турците ја преземаат власта во Мала Азија ... областа повторно се враќа во контрола на Византија но е под стална опасност од нови напади на Селџуците ... Се верува дека одкако на сон му се јавило привидение на некој свештеник од Бари Италија - тој ги пренесува светите мошти во Бари каде се наоѓаат и денеска ... Моштите се пристигнати во Бари на 9 Мај 1087 год.- во тоа време се смета дека Бари бил под Православната Патријаршија ... Неговото Блаженство Ахиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан - кој дел од црковното учење го има поминато во Бари ... често го посетува комплексот каде се сега моштите на Свети Никола ... тој пред две години во придружба на хорот Св. Климент Охридски го чествуваше Свети Никола во Бари каде хорот приреди и концерт на духовна музика ...
Свети Никола е чудотворец и заштитник ... За свој патрон/заштитник го имаат прифатено морепловците, рибарите и воопшто морепловството - кои се молат пред неговата икона за мирно море ...
Свети Никола Sankt Niklaus е познат и како празник на децата - поврзан култот со поклонувањето ... кој покасно е поврзан/за комерцијални цели/кока-кола, со приказната за Дедо Мраз/Santa Claus ... Има предание кое вели дека Св.Никола му помогнал на некој трговец кој паднал во криза и неможејки да ги мажи трите керки се одлучил да го продава нивното тело ... Св.Никола тајно му дофрлил кесе со златници - што било доволно да ја омажи првата керка ... и за втората керка следувало ново кесенце со дукати ... но за третата Св.Никола се одлучил за да не биде откриен - парите да ги испорача во чорап преку оџакот на домаќинот ... отаму и сегашното верување дека подароците од Дедо Мраз доаѓаат преку оџакот ... заради тоа се и многубројните закачени чорапи во новото време, во кои децата во утрата наоѓаат парички кои им се потребни за исполнување на нивните желби ...
Традицијата за дарување на децата за време на Св.Никола е задржана во многу градови и денеска ... особено во Франција, Холандија, Белгија, Германија ...Во денешно време на неолибералниот каде е доминантно потрошачкиот менталитет дарувањето е широко прифатено во сите западни држави, особено околу божиќните празници ... Католиците го празнуваат Св.Никола на 6 Декември ...
Се смета дека легендата за Свети Никола тргнува од Лорен - Североисточна Франција во 1087 година. По долината на Мозел и Рајна ... во 13 век се прошири во цела Германија ... Во 17 век холанѓаните преку нивната колонија Нов Амстердам, денешен Њујорк, го пренесуваат празнувањето на Свети Никола и во Америка. Заштитникот на Амстердам е токму Свети Никола или Синтерклаас, Синтерклаес, Сундреклаас или Синт Никлаас на холандски, кој набрзо станува Санта Клаус наместо Свети Никола. ... Кока-Кола прв го облече дедо Мраз во црвена облека ... познато е мотото на “Празници се ближат ...“
Но да се вратиме на Свети Никола и на обичаите како православните христијани од нашите краишта го слават Свети Никола ... Припремите за празникот/славата почнуват неколку дена пред денешниот ден денот на славата ... се прави посна трпеза (поради божиќниот пост) ... посни сарми ... прилепчани се специјалисти за мали посни сарми, деновиве се обидуваат да го запишат Прилеп во Гинесовата книга на рекорди - прават најголем број на посни сарми во еден ден ... се вари пченица која има посебен вкус во деновите на Свети Никола - јас ја обожувам ... секојпат си барам репете ... секако се спремаат и специјалитети од риба но најчесто се пржат ... гравчето е неодминливо иако во последно време најчесто е присатно тавчегравчето ... додаток се и многу посни салати во кои обилно има компири, суви пиперки, кромид, праз ... и слатките на прпезата се посни ... посна баклава ... но мене ми се омилени оние правени од марципан - оние малите лапни-голтни колачиња ... на трпезата има и леблебии, кикирики, суво грозје, јаболка, ореви ... да не го заборавиме виното кое за Св.Никола има посебен вкус ... ке го заборавев славскиот колач, од кој на секој му следува по едно парче - обично домаќинките се надпреваруваат која ке направи пошарен колач, права мајсторија на домашното пекарство ... на масите како декорација често свеќите се неодминливи ...
Значи пченицата го симболизира воскресението ... во светото писмо е кажано, зрното треба да умре за да се роди повторно ... Виното и лебот ги симболизираат крвта и телото на Христос, а свеќата го осветлува патот до Бога ...
Во Македонија имаме многу Цркви и Манастири кои го носат името на Свети Никола:
2 comments:
До авторот само како добронамерно потсетување да потсетам дека постои и град во Македонија што го носи името на Свети Николе - Свети Николе . Можело барем еднаш да го спомене во текстот.
Благодарам!
можеше да спомнам но ете сум испуштил ... инаку за името на Свети Николе - пред некој ден имаше напис во кој се појаснува од каде е добиено името Свети Николе ... па вели:
во времето кога Свети Николе било мало место од неколку куќи ... во нето живееле неколкумина кои пљачкајки по околните села ноќе обивале брави ... бидејки било ноќ морал “Коле“ (еден од ајдуците) да свети со фенер ... значи другите од ајдутската банда велеле “ајде Свети-ни-Коле“ ...
Покасно кога ајдутите биле фатени и кога е разбрана приказната за „Свети-ни-Коле“ ... сод соседните села на мајтап местото го нарекле „Свети-ни-Коле“ ...
Да сега се сетив ова е напис од познат блогер од Свети Николе ... чек да го најдам линкот ...
Lupco Bocvarov
СВЕТИ НИ КОЛЕ
Јас живеам во Свети Николе.
Повеќето луѓе мислат дека градчето така се вика заради црквата Свети Никола ама ако е така, зошто името не гласи Свети Никола?
Зарем не изгледа како подбишега светецот Никола да го викаме Николе?
Тоа укажува дека правилното потекло на името Свети Николе треба да го бараме во една овчеполска прикаска која оди вака:
Одамна, кога уште било село, се викало сосема поинаку.
Во него живееле една група крадци кои во ноќите без месечина, оделе во другите села и краделе.
Биле модерно опремени - имале еден фенер за чие одржување и ракување бил задолжен некојси Коле.
И крадциве биле многу успешни - штом ќе наиделе на некакво компликувано резе или катанец, веднаш тивко повикувале:“Свети ни,Коле!“ и овој осветлувал.
Долго време не била бандата фатена на дело, а ограбените селани само како во полусон се сеќавале дека повремено се слушал гласот “Свети ни Коле“.
А кога конечно една ноќ ги фатиле на дело и се видело кои се и од каде се, сите селани од околните села, за одмазда и потсмев, почнале селото на крадците да го викаат “Свети Ни Коле“.
Арно ама, бидејќи потомците на крадците биле исто така итри, успеале постепено да ја потиснат вистинската прикаска и да наметнат мислење дека името на градчето потекнува од црквата Свети Никола.
.....
Post a Comment