Во услови на:
- над 30 процентна невработеност ...
- стагнација и уназадување на на стандардот ...
- зголемување на процентот на сиромаштијата ...
Наместо буџетот и задолжувањата да се користат за развој, кој ке донесе нови вработувања, подигање на стандардот, Владата троши пари во:
- градење на споменици и мономенти за минатото, минатото по нејзина мерка ...
- воштани фигури ...
- плоштади кои ги бои со партијски бои ...
- спортски сали истотака обоени со партијски бои ...
- секојдневно саморекламирање - во стилот на “огледалце огледалце мое ...“
- зголемување на бројот на полиција и непродуктивна администрација ...
Имаме ситуација да имаме еден продуктивно вработен, еден административец, еден пензионер, еден невработен, еден малолетник ... еден бездомник т.е. пука сиромаштија ...
Се има осеќај дека оваа власт сака позади себе да остави мономенти - за да биде спомнувана по нешто ... сето тоа е добро, потребно за народот ... но, најпотребното нешто во облик на вработување - власта никако да го испорача ... Во собирањето на парите од народот оди до таму што 800.000 случаи на долгови на граѓаните кон јавните претпријатија ке ги наплатува преку извршители ...
Се прашувам, дали не чини народот што толку лоши резултати створи во транзицијата - или проблемот е во власта ... која за себе створи услови на недопирливост ...
No comments:
Post a Comment