Search This Blog

Loading...

Monday, December 08, 2008

Св. Климент Охридски и Македонски ... репринт ...

Ова е репринт на еден мој постар напис пишан во чест на Св. Климент Охридски и Македонски ...

Свети Климент Охридски е еден од учениците на Кирил и Методиј кој учествувал во извршувањето на мисија Моравската мисија. По завршетокот на оваа мисија Св.Климент Охридски по покана на бугарскиот Св. Кнез Борис І оди во Охрид каде во 886 година ја формира Охридската книжевна школа или попозната како прв словенски Универзитет, од кој како подготвени излегле 3500 ученици.

http://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/thumb/b/bd/St_clement_large.jpg/180px-St_clement_large.jpg http://www.m-p-c.org/Vesti/Plaoshnik_10-08-2006_files/13.jpg
Покрај црковните и педагошките дејности, особено учителско проветителски, Климент развил и богата книжевна дејност. Автор е на многу поучни и похвални слова како похвалата на Кирил Филозоф, похвалата на пророкот Захариј и св. Јован Крстител, за Кирил и Методиј, Јован Крстител, Михаил и Гаврил. Но, во неговото творештво преовладуваат поучителните слова кои се однесуваат на општохристијанските светители: Св.Ѓорѓи, Св.Тома, Св.Антониј, потоа слова посветени на Богородица и слова посветени за настаните од животот на Исус Христос.

Да не беше мисионерската, учителската и просветителската дејност на св. Климент и св. Наум во Охрид ке беше речиси загубено и незамисливо мисионерското дело на Светите Браќа.

Овие ученици на Св. Кирил и св. Методиј ги ставија темелите на христијанството и на македонско-славјанската писменост во својата татковина Македонија. Свети Климент е првиот македонски духовник, учител и книжевник.

Оваа негова дејност била цврсто поврзана со вистинското сестрано христијанизирање на македонците, како и основањето и организирањето на првата македенска епископија во Охрид и областа Кутмичевица.

Свети Климент продолжи со преведувањето на светите книги на јазикот на македонците и го основал Охридскиот универзитет, со што отишол чекор понапред од своите учители. Тој извршил и корекција на некои букви од македонската азбука, и ја нарекол кирилица, во чест на својот учител св. Кирил Солунски.

Во Светиклиментовиот Охридски универзитет (кој бил и прв универзитет во Европа) се школувале околу 3.500 ученици, од кои многумина биле ракоположени за свештеници, ѓакони и ипоѓакони. Голем број од нив биле испратени на свештенослужителска и проповедничко-мисионерска работа кај повеќето славјански народи, како кај : бугарите, србите, црногорците, чесите, словаците, русите, украинците и кај други народи кои имале сличност со славјанскиот јазик.

Во 893 година Свети Климент бил хиротонисан за епископ. Тој е првиот славјански епископ во македонската - Величка епархија. Оваа македонска епископија од страна на црковните историчари со право се смета за прва организирана Црква на Балканскиот Полуостров. Тогашната Бугарска црква, која била организирана по покрстувањето на Бугарите во 864 година, имала латински висок клир.

И така св. Климент, ученикот и соработникот на Македонските и сеславјанските апостоли и просветители Кирил и Методиј, стана прв македонско-славјански епископ, виден книжевник и проповедник на Христовото Евангелие во
IX и X век.

Тој е основоположник на македонско-славјанската просвета и книжевност во Македонија. Тој си го поставил за образец на својот живот својот учител, великиот Методиј. Тој го познавал неговиот живот како никој друг, бидејќи го придружувал уште од своите младински години и бил сведок на сите негови подвизи и сите негови дела.

Свети Климент учествувал во проповедничката дејност на Светите Браќа, учествувал во преводите на светите книги, како и составувал и свои дела. Напишал проповеди - обрасци за сите празници и недели во годината.

No comments:

Blog Archive

Site Meter