Дали Bilderberg Group ... Билдерберг Група ... веќе повеќе од 55 години е “Неформалната Влада на планетата Земја“ ...
Што е Bilderberg Group ... Билдерберг Група и од кога е званичниот почеток на нивното незванично дејствување.
Билдрберг групата веројатно не се состанала првпат во хотелот Билидерберг во Холандија од 29. до 31. Мај 1954 ... но тој датум се смета за незванично званичниот почеток на таканаречената Билдрберг Група ... Од тие состаноци нема званични извештаи ... од нив не известуваат светските медиуми бидејки сопстваниците на медиумите се или дел од Билдрберг групата или се контролирани од членовите на Билдрберг групата ...
За Билдрберг групата се смета дека е “Незванична Светска Влада“ ... и/или дека има цел да се формира “Неформална Светска Влада“, која ке биде управувана од челниците на најголемите и највлијателните мултинационални компании кои ги имаат највлијателните бизниси со производството на оружје, со експлоатација на нафтата и со банкарскиот сектор, како и другите бизниси од поголем светски размери ... Групата е најверојатен пресек на неколкуте тајни масонски здруженија, кога тие сватиле дека тајноста на здруженијата е многу тешка во ерата на глобалноста на информациите ...
Се смета дека уште од стартот на својата работа носители на политиките и иницијатори на формирањето на Билдеборг групата се моќните фамилии на Рокферер и Родшилд ... како и неколку кралски семејства ...
Не е случајно што на сличен начин се формирани и неколку други групации на моќни светски економии, како што се “Г8“, “Г20“, “Г90“ ... многумина сметаат дека одлуките на формалните состаноци од ваквите групи се само формални одлуки на неформалните иницијативи произлезени од состаноците на Билдерберг групцијата ...
Билдерберг Групацијата е финасиер на неколкуте форуми на кои учествуваат врвни научни пера од светската економија - каде се присатни и лидерите од државите ... World Economic Forum (WEF) да речеме ... разни други институти ... Многумина велат дека позади Светската банка, ММФ, разните интернационални светски економски организации, разни светските трговски спогодби/организации, Трилатералната комисија, стои Билдерберг Групацијата ...
Се смета дека преку етапното здружување на државите како што е ЕУ, која и произлезе од трговските спогодби ... преку формирањето на таканаречените континентални држави, ЕУ, Северно Американски држави, Афричките држави и Азијските ... ке се дојде до Формалната Светска Влада ... како крајна цел на Билдерберг Групацијата ... на овој начин треба да дојде до супермација на таканаречената Западна демократија/цивилизација ... како и на идејата за “една религија, едан устав, една црква, една монета и една држава ...“...
Во поново време еден од носителите на Билдерберг Групацијата е Кисинџер ... Од сегашните попознати имиња се смета дека членови на оваа групација се: Карл Билт, Јошка Фишер, Ричард Холбрук, Јап де Хоп Схефер, Хенри Кисинџер, холандска кралица Беатрис, Кондолиза Рајс, Дејвид Рокфелер, Барак Обама, Фамилијата Буш, Фамилијата Клинтонови, Волфовиц, премиерите на Англија како на примерТони Блер и на други личности од помоќните држави и поголемите мултинационални корпорации ... Често во групата се споменуваат и имињата на филантропот и мултимилијардерот Џорџ Сорош и геостратегот Збигњев Бжежински ...
Се семта дека формирањето на ЕУ всушност започнало по средбата на Билдерберг Групацијата во хотелот Билидерберг во Холандија од 29. до 31. Мај 1954 ...
Тука можете да најдете линкови од досегашните неформални средби на Билдеборг Групацијата ...
Еве неколку видеа за оваа тематика - има многу повеќе лесно ке ги најдете во продолжение од долните линкови:
End Game Blueprint For Global Enslavement 2007. Srpski titl - 2:24:36 - Jul 3, 2008
Alex Jones documentary about hiden govermant and their agenda.
1 comment:
Interesno,samo polno so kontraveznosti......se veli za masonite deka imaat cel - moralno usovrsuvanje na lugjeto na osnov na bratska ljubov.....a priemot na clenovi se vrsi so odreden misticen ritual vo temnina,sveki,lobanji,sabji i sl.Epa sega batka koj normalen covek ke veruva deka celta im e taa kako sto pisuvaat,demek moralno usovrsuvanje na......zimi.......baska ne se mesale vo politikata a ucestvuvale vo kreiraanje na drzavi....ebati logikata,ebati.Ako Bilderberg grupata e sostavena od tajni masonski zdruzenija,togas tie nemaat vrska so moralnto ucenje,tuku kako sto pisuvas toa e neformalna svetska vlada,sto e opsto poznato i prifateno.Verovatno zatoa i Haskiot tribunal e vo Holandija ha,ha,se shalam a mozebi e i vistina koj znae.Ebati zdruzenie koe svoite clenovi gi prima vo temnina,so sveki i so lobanji......mislam svetot ke bide mnogu podobar bez niv.
Post a Comment