Ореов Лад ... фото сторија
1.
2.
3.
4.
5.
6.
7.
8.
9.
10.
11.
12.
13.
Под сенките на старите ореови дрвја израснати се генерации на семејството Несторовски
Анот бил подигнат од дедо Нестор пред 1870 година, а потоа го наследил и управувал мојот татко Серафим.
По зборовите на мојот татко, кога носталгично се присетуваше на тоа време вели дека подрумите на Анот имале десетици илјади литри вино и две до три илјади литри ракија.
Во 1912 година кога Турците се повлекувале од Балканот, анот бил запален и скоро целосно уништен. Татко ми бил принуден да избега за да го спаси својот живот. Кога се вратил Анот бил ограбен, а во визбата сето вино и ракија било испуштено. Со помош на позајмици од пријатели Анот бил обновен. Повторно се развил и работел негде до 1935 година. Караваните постепено изумирале под притисок на помодерниот начин на трговија и транспорт. Дефинитивно со пуштање на железничката пруга Скопје – Кичево, анот престанува со работа.
Ресторанот е надалеку познат, не само по вкусната кујна , туку и по топлата атмосфера покрај каминот во зима и живописната летна бавча во лето. Ресторанот има: сопствен паркинг; детско игралиште каде најмладите безгрижно можат да се играат; базен со жива пастрмка во лето, каде гостите можат да ја уловат и веднаш да им се спреми на скара или под традиционалниот старомакедонски вршник..
како да стигнете до “Ореов Лад“ ...
позајмени фотки од сајтот на ореов лад ...
Останува ветувањето на сопственичката на Ореов Лад за интервју во нејзиниот дом ... во спомен на нејзиниот татко ... моите фотки се правени пред повеќе од година дена поточно на 2-ри Ноември 2007 година ... дел се од една поголема серија на национални ресторани во Скопје Македонија ... можеби чекав прилика и да сликам во лето кога сенките во дворот доаѓаат до израз ...
No comments:
Post a Comment