Откако докажа дека е способна да ги убеди луѓето да и ги дадат парите за да таа ги вложи и оплоди ... Соња Николовска (ТАТ) - наместо затвор предлагам да ја ставиме за Министер за странски и домашни ивестиции ... таа на времето убеди над 12.000 луѓе да инвестираат кај неа ... за споредба нашите Министри за странски инестиции и сите Промотори неможат за три години работа да избројат ивеститори на прстите на една рака ...
Луѓе, таа успеја двапати исти луѓе да убеди да “ИНВЕСТИРААТ“ ... вториот пат лапнала 560.000 евра ... а првиот пат милионите евра неможат да се добројат ... има проценка дека ТАТ тежеше повеќе од 60 милиони евра ... башка и некоја друга награда треба да и се даде ... уствари се виде дека наградата за “Менаџер на годината“ која и ја додели Киро Глигоров не била случајна ... та си ја оправда наградата ...
- Измамничката им рекла на оштетените дека и' се потребни пари за да почне нов бизнис, за да го излекува сопругот и да ја дошколува ќерката ...
- Едниот од нив нејзин близок роднина, другиот поранешен деловен соработник и, за иронијата да биде поголема, дури тројца поранешни штедачи што пред 11 години во штедилницата што ја водеше Николовска ги загубиле заштедите.
- Лековерните доверители за возврат добивале ветување дека не само што ќе им го врати заемот, туку за нив ќе има и награда, како што знае да подари само Николовска.
No comments:
Post a Comment