Search This Blog

Loading...

Saturday, December 06, 2008

Блогот на Љупчо Димитровски, професионален новинар ХРОНОМЕР - ХРОНИЧАР ...

http://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/e/e1/Ljupco_Dimitrovski.gif

Веќе неколку дена ми стои во план представувањето на блогот на Љупчо Димитровски, професионален новинар ХРОНОМЕР - ХРОНИЧАР ...

читај повеќе »

Дека МК блогосфера не почнува и не завршува во атарот на блогерајот на blog.com.mk ... доказ е и блогот на Љупчо Димитровски, професионален новинар ХРОНОМЕР - ХРОНИЧАР ... Блогот опстојува на сопствена платформа од Август 2006-та ... на прв поглед ми изгледа дека е работен во world press ...

Кој е Љупчо Димитровски ...

  • Љупчо Димитровски е роден во Скопје на 10.03.1951 година. Дипломира на Економски факлтет во Скопје. Тој е писател и професионален новинар.
  • збирката поезија “Куќа што молчи” (1971) ... збирки поезија: “Некогаш игра” (1973), “Моментум” (1981), “Посејдоново утро” (1983), “Генерика” (1998) ... роман “Марија и Јасен” (1987) ... 300 хумористично-сатирични прилози, козерии, над 2000 афоризми, над 200 критичко-есеистички прилози (коавтор на Книжевниот Манифест “На чекор од говорот”) ...
  • Димитровски е член на Друштвото на писателите на Македонија и носител на неколку литературни признанија и награди ...
  • Љупчо Димитровски е професионален радио-новинар со 35 годишно работно менаџерско искуство (почеток во Македонската радио телевизија - Македонското радио -'уредник на редакција за култура и уметност, уредник на забавно-рекреативна програма, главен и одговорен уредник на Втората програма на Македонското радио', потоа во Радио Гром - 'генерален менаџер и сопственик'). Прогласен за најдобар новинар-водител во Македонија. Автор на 25-часовниот радио маратон - единствен рекорд во Македонија од ваков тип - медиум радио (радиомен).
  • Љупчо Димитровски го креира првиот професионален новинарски блог на адресата www.dimitrovski.net што прерасна во единствен писателско-новинарски и енциклопедиски македонски сајт [http:/www.panoptikum.com.mk Паноптикум] - продолжение на едно од неговите најголеми достигнувања, радио емисијата Паноптикум.

Човек кој напишал толку поезија и проза ... човек кој се бави со хумор и сатира ... “Радио Урнебес” ... човек кој соработувал со: Драган Б. Костиќ, Емин Унџел, Љупчо Бубо Каров ... неможе да биде неквалитетен човек ...

Малку го погледав неговиот блог наназад ... ке препорачам некои од неговите последни написи - тие докажуваат дека од редот на новинарите се раѓаат најдобрите блогери ... вистинска штета е дека нема коментари под неговите написи ... тоа не значи дека не се читани и приметени:

Архивата на написи на Љупчо Димитровски е богата ... прошетајте се низ неа ...

Од левата страна на неговиот блог има неколку банери - кои се важни за Љупчо Димитровски ...

GPM
Продукција
ПРОЧИТАЈ И КУПИ КНИГА
ПАНОПТИКУМ
GROM RADIO

No comments:

Blog Archive

Site Meter