Од вчера некади од 16 часот до пред малку немаше интернет на ТелеКабел ...
Објаснувањето дека толку време траел нападот на ДНС серверите не ТелеКабел ... Кој тоа ги напаѓа серверите на ДНС провајдерите ... Ми беше појаснето дека и кај КабелТел исто се случувало ... скоро два дена немале интернет ...
Прашање до другите корисници оние на МТ (или како ли се вика сега ...) и ОнНет - имавте ли и Вие проблеми ... Колку ми е мене познато ова е прво толку долго паѓање на ТелеКабел ...
Туку друго ми беше муабетот ... во недела поручек кога ке ти снема интернет ... кога надвор е ладно ... кога си почнал да работиш нешто и среде работа немаш интернет ... тогаш вистински кризираш ...
исклучуваш/уклучуваш модемот на секои десетина минути ... телефонот за техничка подршка го бараш нонстоп ... а таму е нонстоп зафатено ... сабајлево бев во канцелариите кај ТелеКабел и со лупање на вратата влегов ... беше едно љубезно момче и ми појасни дека им се паднати ДНС серверите и дека со централата од Виена се обидуваат да направат нова конксија ...
Интернет зависноста комбинирана со вистинската потреба од интернет ... комуникација и бизнис - прават една таква нервоза/кризирање, како што веројатно кризираат наркозависниците кога ке бидат во криза за нова доза ...
Настрана што скоро ниеден сериозен бизнис веќе не е возможен без интернет ... кој ке го плати сето ова ??? ... кој ке ми го плати моето изгубено време и работата која требаше а не ја свршив ... башка искинатите живци ... Утрово дојде еден корисник на ТелеКабел дури од Гостивар да праша што е проблемот ... бидејки неможел да ги добие телефонски а му требало интернет ...
ТелеКабел е сигурно нападнат од некој кој го уценува ... ова е веројатно првокласна работа за “Меѓународната Интернет Полиција“ која треба да се бави со вакви напади ... колку МК полиција има стручњаци за вакви потреби ... верувам дека или нема ниеден или се тие само приправници кои набргу ке си побегнат на други поплатени работни места ... најчесто во странство ...
Заборавив да ги спомнам неспособњаковиќите т.е. регулаторите на Интернетот во Македонија ... “Агенцијата за Електронски Телекомуникации“ (АЕК) ... тие ни Директор веќе повеќе од година дена не можат да изберат ... а камо ли да ги регулираат интернет процесите во Македонија ...
No comments:
Post a Comment