Search This Blog

Tuesday, December 02, 2008

Guinea pig ... Морско прасе ...

http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/7/77/Guinea_1.jpg/300px-Guinea_1.jpg
По подолго време во мојот дом е внесено милениче ... последен пат имавме рипче кога децата беа деца а тоа беше поодамна ... се моткало понекогаш некое маче но само на кратко на гости ... синот сега веќе големо дете - донесе Guinea pig ... Морско прасе ... во огромен кафез со триста матракуки и храни за него ... неколку дена чита по интернет за него ...
Има ли некој од Вас искуство со вакво галениче ...
  • Не бара голема нега ... ... Овој вегетаријанец е познат и како опитно зајче или гвинејско прасе, но ниту е прасе, ниту пак е од Гвинеја. Според некои научници дури и не припаѓа на родот глодачи и с? на с?, неговото потекло не е многу јасно. Во дивината овие животни живеат во групи со кои раководи доминантниот мажјак, а комуницираат со звуци и движења на телата. Живеат од 3 до 6 години, тежат од 700 до 1000 г, а женките раѓаат и до 5 пати годишно. Во домашни услови морското прасе комуницира со својот сопственик: кога е гладно или осамено, квичи, кога е исплашено речиси вреска, чкртањето со заби е знак на агресија, а тивкото бучење додека го галите е она што за мачката е предење.

    Начин на чување: морското прасе може да се чува во стан (најдобро во кафез, но може и во аквариум) или во двор (во дрвена куќичка во ограден простор), а минималната површина за едно прасе нормално да живее е половина квадратен метар. Му пречат жештината и провевот, а кога му студи, се топли виткајќи се во слама. Дното на кафезот не смее да биде од жица, затоа што прасето може да ја заглави ногата и да ја скрши. Најдобро е да го прекриете со линолеум, а преку него да истурите струганици од дрво кои служат како мека површина за движење и спиење и како "тоалет". Ако не го чистите кафезот на секои два-три дена, катализатор за акција ќе ви биде миризбата што ќе се шири од него. Прасето јаде зеленчук (морков, грашок, цвекло, целер) и овошје (јаболко, круша, грозје, портокал), а важен додаток е витаминот Ц. Покрај садовите за храна, на зидот на кафезот треба да има закачени садови за вода и за слама. Како дополнителна опрема се камењата (за одржување на канџите) и широките цевки (за криење и играње). Можете да ставите и парче стара облека на која ќе може да спие.

    Морското прасе не бара голема нега, лесно се скротува и многу е мило. Ако чувате повеќе прасиња, тие треба да бидат од различен пол или женки, но никако мажјаци.

No comments:

Blog Archive

Site Meter