Незамисливо беше до сега да се споредува животот и просперитетот во Албанија и Македонија ... долгодишната затвореност на општеството на Албанија - допринесе Албанија да биде на последното скалило на економскиот и општествениот развој во ЕУ ... имавме перманентно бегање, миграција од Албанија кон Македонија ...
Интегративните и демократските процеси во Албанија донесоа нови ветришта и поволна клима за брз развој на економскиот и општествен развој ... оние кои во последните години одат во Албанија независно дали за бизнис или за одмор т.е. туристички, велат дека Албанија веќе не личи на сликите од пред некоја година ... далеку е дека е тоа посакувано општество, но велат дека од година на година е подобро ... странските инвеститори тоа го препознаа и почна да заплискува бран на инвестиции во туристичкиот и енергетскиот сектор ...
Деновиве сме сведоци дека Берлускони во Албанија подпиша договор за три проекти од енергетскиот и други сектори за близу 2 милијарди евра италијански инвестиции во Албанија ... тоа е огромна инекција за албанската економија ...
Од друга страна сведоци сме дека нашите големи планови во енергетскиот сектор паѓаат како гнили круши “проекти кои се готови веќе 40 години пропаѓаат ...“ пропаѓаат тендери поради немање интерес на инвеститори ... сега за Чебрен и Галиште ... и во другите сектори е слично - пред извесно време за патните правци низ Македонија пропаднаа тендерите за концесија ... не се гледаат перспективи или барем јас не ги гледам ... тивката самоизолација на нашата економија и општество се одвива, капе, тече ... некаде тоа се гледа дури и од авион а некаде е миц по миц ...
Нашиве транзициони политичари нека се удават во го**а, (народски кажано) кога дозволија поради својата не/способност - земји како Албанија, Бугарија, Црна Гора да ги шишнат во параметрите на економскиот и демократскиот развој ... тука да ја додадам Србија која по исцрпувачките војни и блокади дефинитивно повторно не претка и тоа во голем процент ... за Хрватска и Словенија да не муабетам ...
Се прашувам како само имаат лице истите луѓе кои ни го прават сето ова - редовно да излегуваат на избори и да ни ги продаваат своите ветувања ... мора да сме многу глупави кога им ја даваме довербата ...
Додуша, ке кажете а ке бидете во право ... па тоа е нашиот избор ... тоа е тоа што се нуди ... трети, четврти нема ...
1 comment:
Ima izbor decko i te kako ima izbor,ednostavno narodot ako veke sogleduva(sto e malku potesko)deka site se isti(sto ne bi rekol) voopsto da ne izleze na glasanje......problemot e kaj masata narod koj sto voglavno i kaj nas pa i vo "podemokratskite" zemji" e vesto izmanipuliran.Sporedbata na Makedonija so Bugarija,Albanija i Crna Gora nema vrska....zemjite se so znatno pojaka stratesko-geografska polozba pa normalno zapadot da gi "kupi" so Srbija - zapadot pritiska so cela sila da ja pridobie pred Rusija da ja stavi vo skut a najverojatno i ke stavi posto i na srbite im odgovara......pa lani Rusite go otkupija celoto zemjodelsko proizvodstvo 1.6 milijardi evra,dovolno zboruva toa,neli.Baska so gasot....A vo sto bea ovie zemjive podemokratski od Makedonija ziti majka batka?
Post a Comment