Оваа фотка заслужува да биде прогласена за фото на годината во категоријата протест на новинарите ...
Минатата година новинарите и колумнистите беа “замо(л)чувани“ ... што преку тужбите на политичарите и политичките партии ... што преку закани за своите работни места - кои ги добиваа од сопствениците на медиумите ... Новинарите се претворија во “јавни проститутки“ на политичарите и политичките партии, каде сервилно се пренесуваа саканите и пожелни информации ... а се кријат од јавноста непожелните информации ... За да се даде подобра слика се менуваат статистички методи, кои имаат за задача да го “фотошопираат“ животот на просечниот Македонец - кој изгледа подобар од вистинскиот ...
Владата отиде предалеку во ставањето на медиумите под своја капа - преку ненормално многуте кампањи од кои живеат бројните медиуми ... човек и да внимава не може да се спаси од рекламните кампањи на владата ... толку се бројни што нема шанса да се спасиш од кампањите ... и нонстоп да ти е далечинското во рака некоја ке фатиш ... Во сите овие кампањи Владата е нетранспарентна колку троши за нив ... а троши од заедничките буџетски пари ... Партијата на влст не излезе од рекламна и изборна кампања - која се финасира со пари од буџетот ...
No comments:
Post a Comment