Search This Blog

Thursday, December 18, 2008

Време за револуција/протести ...

http://newsimg.bbc.co.uk/media/images/45305000/jpg/_45305402_bannersap226b.jpg

Во знак на подршка на протестите од револуционерни размери кои се случуваат во Грција ... вечерава на Плоштадот Македонија се организира ПРОТЕСТ на кој ке се искаже подршка и солидаризирање со протестите/револуцијата која се одвива низ поголемите градови во Грција ... по нивните улици каде анархистите и не само тие ја покажуваат силата на младите ...

читај повеќе »

Ке линкувам три написа од наши познати блогери кои повикуваат на подршка за вечерашниот протест:

  • Мирен протест за поддршка на револтот во Грција ... Bi ... Денес, четврток, 18 декември низ цела Европа ќе се одржат протести за израз на солидарност со грчкиот народ, и воедно да се изрази револт против генерално лошата економска, политичка, културна и пред сè социјална состојба низ целиот свет.

    Во акцијата се вклучува и Македонија. Со почеток од 20 часот на плоштадот Македонија во Скопје ќе се одржи мирен протест, организиран од група граѓани, како поддршка на револтот на грчкиот народ.

    На протестот се поканети сите добронамерни и политички свесни граѓани, кои сеуште веруваат во моќта на обичниот човек.

  • Вечер - револуција на плоштад! ... ... Немирот не доаѓа од убиството. Тоа што се случи беше само искрата. Некој пред тоа го наполни котелот со динамит и други лесно запаливи состојки. Младите во Грција кај секоја следна генерација со години ја градат свеста дека општеството во кое живеат тие, а и поголем дел од Европа и од Северна и Јужна Америка, им е непријател. Она што ние постарите сме го заборавиле сомелени од запчаниците на индоктринацијата, младите го знаат. Ако ние можеме да правиме компромиси со неправдите, тие тоа го одбиваат. Капитализмот, неолиберализмот и општествата кои функционираат на тие принципи за нив се од корен неправедни и тие бараат да ги снема.
  • Четврток 18.12, 20 часот, Плоштад “Македонија”, солидарност со грчкиот народ ... Вуна [б]е пер ... Грчкиот народ протестира затоа што живеат во тоталитарно општество. Затоа што главен политички актер им стана полицијата, а главна акција - апсењето и судењето и убивањето невини деца. ... ... Студентите протестираат затоа што државата и бизнисот мешаат прсти во образованието. ... ...

    Протестираат зошто живеат во милитаризирано оштество кое ги потсеќа на хунтата. Затоа што војска има на секое ќоше, дури и во странски мисии.

    Протестираат затоа што наместо владата да им ги решава проблемите, им мачка очи и ги труе со апсурдниот спор со името со нивниот сосед, Македонија.

За револуција/протести ниедно време не е погодно ... или секое време е погодно ако се созреани условите ...

Но ова врем кога надвор е минус ... време кога традиционално се собираат луѓето околу семејството ... време на празници ... е по дефиниција непогодно/неприкладно време за револуција ...

Вистинското време за вакви револуции се пролетните периоди ... чувајте ја енергијата за тогаш ...

Како и да е Ви пожелувам успех и масовност ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter