Search This Blog

Saturday, December 20, 2008

Укинување на казна за клевета - која се однесува на политичар ...

http://www.vreme.com.mk/images/Editions/1256%2034/naslovna%20(Small).jpg

Во последно време судовите се преплавени од судски процеси каде наши познати политичари тужат, новинари, колумнисти и други личности кои во јавно изречен збор извршиле “клевета“ - која е казнива по нашиоте закони ...

читај повеќе »

Да разјасниме што е клевета - под клевета најчесто се подразбира давање на лажни информации усмерени кон повереда на честа, достоинството и репутацијата на одредена личност која е предмет на клеветата ...

  • defamation (also called calumny, libel, slander, and vilification) is the communication of a statement that makes a false claim, expressly stated or implied to be factual, that may give an individual, business, product, group, government or nation a negative image.

Најчести кои тужат за клевета се политичарите ... се сеќавате на тужбите на Црвенковски против новинарите/Фокус ... сега е актуелна тужбата на Премиерот против колумнист/Фрчковски ... Политичарите се преосетливи за јавно изнесениот збор ... и веднаш се закануваат со тужби за клевета ... Дали е време и кај нас како и во Србија - Уставниот суд да искочи со тумачење и да ја укине можноста на политичарите и јавните линчности да тужот за клевети - нешто што Уставниот суд во Србија деновиве го донесе ... особено за политичарите ...

  1. Навредливите, вознемирувачки и шокантни изјави и информации за политичарите и за други познати личности повеќе нема да бидат предмет на кривична постапка, одлучи Врховниот суд на Србија, пишува српскиот весник „Политика“.
  2. „Границите на прифатлива критика се многу поголеми кога се во прашање јавните личности. Во однос на обичните граѓани, јавните личности и политичарите се неизбежно и свесно изложени на детална анализа на секој изречен збор и дела, и од новинарите и воопшто од целокупната јавност, затоа мора да покажат повисок степен толеранција“, гласи текстот на правното толкување кое Врховниот суд го усвои на 25 ноември.
  3. Во заклучокот на овој документ е наведено дека „слободата на изразување на поединци не важи само за информации или идеи што се сметаат навредливи туку и за она што навредува, шокира или вознемирува, бидејќи тоа се однесува на прашањето од јавниот интерес, а не на приватниот живот на јавните личности“.
  4. Оној што имал храброст да биде јавна личност мора да биде подготвен на секакви удари.

No comments:

Blog Archive

Site Meter