Пазарџиите победија во својата истрајност ... Владата на вчерашната седница донела одлука на зелените пазари да не се спроведува фискализацијата се до влегувањето во ЕУ ... пазарџиите ке се оданочуваат онака како што бараа паушално ...
Зошто на Владата по две години борба со пазарџиите сега и текна дека тоа што го предлагаат пазарџиите е добро и за државата и за пазарџиите ...
- за државата е добро бидејки така сега ке може да ги регистрира овие досега “диви пазарџии“ кои ке плаќаат паушален данок, веројатно и здравствено осигурување - онака како што некојпат паушално плаќаа ситните занаетчии и трговци ...незнам како тука ке се носиме со Хасапот ... во спротивно ке згаснеше една традиција на овие простори зеленишот и свежите продукти од нашите ниви да се купуваат на зелени пазари ... на улица ке останеа повеќе од 70.000 пазарџии кои со работа на зелените пазари ја хранат својата фамилија ...
- за пазарџиите е добро бидејки нема да бидат оптеретени со трошоци кои не можат да ги поднесат со оглед на работата што ја работат ... премал бизнис ... а тоа е трошокот за фискалниот апарат и сметководството кое е потребно успешно да се спроведе фискализацијата ...
Еве што напишав пред скоро година ипол во врска со фискализацијата на зелените пазари и малите трговци:
- Казни и протести ... фискализација на пазарите ... 25 Јули, 2007 - 08:23
Мудро молчев во врска со фискализацијата на пазарите ... Но темава ке биде вруќа оваа есен ... Ке завршат горештините а со тоа и летото и некој ке проба да употреби сила за да спроведе закон ... Хм, ... Дали толку вреди да се турка закон кој е неспроведлив во овој дел ... Сметам дека овојпат оние што протестираат се во право ...
Фискализацијата на малите трговци на ситно по пазарите - во овој момент и сега е навистина нереално зацртана во законот кој е донесен чинам уште пред повеќе години а пред извесно време корегиран во делот за пазарите ... Зошто нереална .... затоа што носи многу големи намети за ситен бизнис ... фискална каса (со сите трошоци...) ... книговодство ... Башка на пазарот се продава наејфтината стока често и со ценкање во цената ... па во тој случај е скоро невозможно да се работи со фискална ...
Во ситуација кога на овие “работни места“ е фрлена со трансформацијата на капиталот голема маса народ ... нереално е да се очкува мазно решавање на овој проблем ... Државата не може со сила да носи закони ... Закони донесени со сила против еден дел од Македонскиот народ (во случајот албанското малцинство .... заврши со војна .... фингирана, нефингирана сеедно ..... војна беше .... имаше мртви и пострадани ....) ...
Господа од власта - прифатете го ова што го бара народот од Вас .... сменете го законот со времено решение - за одреден период да се одложи фискализацијата на ситниот бизнис по пазарите ... прифатите паушален данок ....
Одкага ке се сведе невработеноста на поднослив процент ... значи откога нема да му се исплати на пазарџијата да мрзне на пазар зиме а лете да се вари ... да работи седум дена во неделата често и по 12 саати .... тогаш одлучте се за тврда линија ... Сега и во овој момент само ке го насочите народот против извршната власт и полицијата и ке има нередија ... Не ја посматајте толку теоретски и канцелариски работата ... Се работи за лични судбини на многу голем број на населението ... Да, на крај тоа ке Ви се одрази и на Вашата популаност (попул-народ ...) и ке изгубите многу кај вашите гласачи и симпатизери ...
Ете уште едно мое дамнешно согледување Владата успеа дури сега да го свати и согледа ... и да ги прилагоди економските политики на стварноста која не опкружува ... Министерството за Финасии премногу канцелариски ги носи законите и прописите ...
- Казни и протести ... фискализација на пазарите ...
- ПОПЕ - дај фискална!
- Не земање фискална - казна 100 евра ... Уставен суд ...
- Легализаија и фискализација на проституцијата ... јавно прашање до двете коалиции ...
- Ден на даночна слобода во Македонија - втор пост ...
- Пак за фискалните каси ... т.е. “патриотските сметки“ ...
- Фискална каша втор дел ...
- БОГАТА ДРЖАВА - на сиромашни граѓани ... втор дел ист кадар ...
- ДЕН НА ДАНОЧНА СЛОБОДА
- ФИСКАЛНА КАША
1 comment:
Epa ete, te poslusaa batka.
Post a Comment