Search This Blog

Monday, December 22, 2008

Донирање ... извитоперени вредности ...

http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/E45CB9EE7D184541A63504B125DA3B09.jpg

Зошто луѓето донираат ... веројатно малку да си олеснат на душата - дека нешто направиле и за другите ... за немоќните - оние кои господ не ги надарил сами да си помогнат ...

читај повеќе »

Најпрвин да видиме што е тоа донација - Донација е давање на подарок во форма на пари, разни предмети (облека, играчки, храна ...) имот и/или услуга (во форма на доброволна работа, медицинска грижа ...) ... која се дава вообичаено на/преку хуманитарна организација ... Личноста или правното лице која донира е давател на донацијата - а другата страна е примател на донацијата ... Се смета дека донацијата која се дава во име на некои други (не од свое име/џеб - не е веќе донација ...)

Во повеќето држави донациите се иземени од некои форми на оданочување ...како е кај нас ... незнам ... чинам дека нема големи олеснувања со донирањето ...

Донирањето кај нас поприми искривени/извитоперени вредности каде Политичарите истрчуваат со државни пари ... ке извршат донација за да се сликаат пред камери како демек ете они “се грижат“ - на пример за деца без родители ... за многудетни фамилии ... за деца со пречки во развој ... во елементарно погодени подрачја ... но донацијата не е од нивни пари/џеб туку од државни буџетски/наши заеднички пари ...

Да Тоше може да донира и донираше, но од свои пари ... Децата од Тоше највеќе ги сакаа гушките - оние искрајните ... песните кои специјално за нив и со нив ги пееше ... тоа успешно го прават и други пејачи и глумци преку свои хуманитарни настапи ... сликарите преку поклонување на свое уметничко дело ...

Да, и политичарите може и треба тоа да го прават ... но ако веќе подаруваат подароци или пари тоа да бидат нивни пари ... пари од нивниот а не нашиот, заедничкиот буџет ... заради тоа со индигнација ги отфрлам сите таканаречени донации кои особено се случуваат околу божиќните и новогодишните празници каде политичарите ја злоупотребуваат формата на донирање заради популаризирање на својата личност или партија ... а донираат пари од заедничкиот џеп од државниот буџет ... тоа браќа не е донација ... така не го помагате ближниот свој ...

Да, може и треба да одите - да подарите некоја гушка со тие дечиња (бездомниците, напуштените, немоќните ...), треба одвреме навреме да дадете и по неколку часови на хуманитарна работа ... по старачките домови или многуте медицински центри ... тоа ке го сметам за ваша донација ...

Вообичаено оние кои вистински донираат бегаат од камерите ... донираат за своја душа ... така често знаеше да направи и Тоше - нека Ви служи за пример и на Вас политичарите ... како што по негови стапки тргнаа повеќето од нашите преостанати и нови естрадни звезди ...

1 comment:

Anonymous said...

Potpolno si vo pravo druze za ovaa rabota,odma se gleda "iskrivenosta" na donaciite.....dodeka Todoraki bese i ke ostane unikaten i originalen....... i da se znea deka toj e inicijatorot na doniranjeto kaj nas.......sve drugo pred nego bese gola voda....a i posle nego,nazalost.

Blog Archive

Site Meter