Подлизурковци од новинари скинаа неколку рала кондури ... смислувајки како кој ке му направи подобро интервју на Премиерот тет атет ... со спремени прашања за спремени одговори ... Билдањето на рејтигот е нова уметност на наши простори ...
Од друга страна се избегнуваат дуели со новинари кои различно мислат ... се избегнуваат и ТВ дуели во политичките и изборните кампањи ... се ствараат свои НВО-и кои ке опонираат на противничките ...
Се изнагледавме на бројни трибини во кои оние присутните сами со себе си разговараа ... немаа опоненти ... на такви трибини или не беа поканувани оние кои можеби мислат поинаку ... или пак дел од интелектуалците избегаваа трибини во кои ке бидат само во “едно друштово“ ...
Се изнагледавме на бројни конференции за печат на кои Премиерот со позадина/декор од цела Влада соопштуваше некој радосна вест ... но не сакаше да одговара на поединечни прашања ...
Дали тоа така се прави во светот ... колку што досега сум забележал - не ... нема незгодно прашање ... секое прашање заслужува одговор ... но на опозицијата им се враќа ова како бумеранг поради нивниот познат слоган “Некои прашања не заслужуваат одговор“ ...
Врв на подлизурството - како еден “новинар“ припрема интервју со Премиерот деновиве испливала на Фејзбук ... за жал го немам тој линк но еве напис од денешна Нова Македонија - Скандалозно писмо за интервју со пастирот Груевски на „Фејсбук“ ... ако го има некој линкот од Фејсбук нека го даде во коментар ке го едитирам ...
- Томиќ му предлага на Груевски во студиото да бидат поканети 85 гости од сите општини и од целните групи, како што се стечајци, социјалци, студенти, бизнисмени, пензионери, самохрани мајки и други. Новинарот Томиќ притоа му предлага на Груевски изборот на гостите да биде направен со помош на Центарот за комуникации на ВМРО - ДПМНЕ, а изборот на гостите од дијаспората да го координира пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев.
- „Сметам дека ова ќе биде најсилна кампања и објективна презентација на сето она што се прави и за кое се залага човекот кој направи национално будење, освестување и поврзување на Македонија и Македонците, а тоа е премиерот и претседател на ВМРО - ДПМНЕ, Никола Груевски. Се надевам дека ќе ви се допадне. Господ да ве благослови“, завршува Томиќ.
1 comment:
Целото писмо го има кај Големата Слика: http://golemataslika.crnaovca.mk/?p=68
Post a Comment