Search This Blog

Saturday, December 06, 2008

Барањата на хрватските Фејсбукери ...

http://image.dnevnik.hr/media/images///normal/Dec2008//60173578.jpg
Организаторите предходно го затворија форумот на Фејсбук на кој сето тоа започна ... заради лажните информации дека протестот нема да се одржи ... Против оние кои се заканувале дека ке ги напаѓаат и тепаат организаторите на протестот ... фејсбукерите поднеле кривични пријави ...
Еве ги 22-те барања изнесени на фејзбук и повторени на митинзите:
  1. Здравство за сите а не само за богати
  2. Бесплатно школство - сакаме да бидеме земја на знаење
  3. Бескомпромисно соочување со мафијата и организираниот криминал
  4. Смалување на цените на основните потреби
  5. Поштена ревизија на сите приватизации
  6. Смена на подобните и неспособните
  7. Казни за корупција и непотизам
  8. Правна држава а не мртви букви на хартија
  9. Замрзнување на имовината и банкарските сметки без покритие
  10. Укинување на пратеничките привилегии
  11. Поголеми вложувања во земјоделието и индустријата
  12. Намалување на дефицитот
  13. Намалување на надворешниот долг
  14. Оданочување на луксузот
  15. Помали даноци на храна
  16. Откривање на аферите а не забушутување
  17. Решавање на хулиганството од улиците
  18. Укинување на забрани за протести на Плоштадот Марко
  19. Не, за продажбата на ИНА
  20. Не, за мостот на Пељешац
  21. Имотните картички транспарентно да допрат до јавноста
  22. Објавување на регистерот на бранителите
Она што е мој впечаток е дека сето ова полека ке се стави на страна ... сепак се работи за млади фејзбукери кои “ке се заморат“ ... ке остане да бележиме дека е ова успешен почеток на “интернет револуција“ каде се докжа уште еднаш дека силата за промени секојпат е во младите ... а се покажа и силата на интернетот ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter