Утрински денеска шпекулира дека Црквата на плоштад ке почне свечено да се гради на крајот на овој месец ... Фоторепортерот на Утрински ја уловил слика на новата црква на Плошад на собраниска седница ...
- Храмот ќе претставува спој на традицијата и модерното ... ... Црквата нема да има тркалезна форма со приоди од сите страни, како што првично се најавуваше, туку ќе биде во облик на крст.
- Во долниот дел, под подот на црквата „Св. Константин и Елена“, ќе има сала каде што се планираат различни активности, од промоции на книги до пригодни концерти.
- храмот ќе биде 25 на 25 метри, а височината ќе биде во рамките на дозволените димензии. Конкретно, тоа значи дека камбанаријата ќе биде висока 29 метри, односно како десеткатница. Централниот влез ќе биде кај „Дал мет фу“, а олтарот ќе се постави во правецот на Градскиот трговски центар. Црквата ќе има пет куполи, а најатрактивниот дел, тврдат, ќе биде камбанаријата која ќе има улога на кула, каде што по скали ќе можат да се качуваат посетители кои ќе сакаат центарот на Скопје да го гледаат од птичја перспектива.
- Проектот е одамна изготвен, обезбедени се и најголемиот дел од средствата, иако оваа цифра се чува во најголема тајност, а новата црква ќе го носи името на онаа што сега ќе се возобновува - „Свети Константин и Елена“.
Власта немаше сериозен проблем да ја обезбеди локацијата на оваа црква - користејки го мнозинството во советот во Општина Центар ... во законска процедура го смени ДУП-от за овој дел и стави маркичка за црква - по желба на Груевски ... Уставниот суд реши дека не е повредена процедурата ...
Малку поголем проблем се створи со одвојувањето на буџетски средства за изградба на оваа црква ... веројатно затоа се оди со некоја верзија на реобнова на црквата Св. Константин и Елена (начинот на кој се исфинасира Црквата во Охрид на Плаошник...) која е срушена по земјотресот во 1963-та, иако со мали оштетувања за да се гради Гратскиот Трговски Центар ...
Сето ова предизвика многу голема полемика на присталиците за Црква на плоштад и оние кои велат дека на тоа место иако има дозвола за градба урбанистите “зажмуриле“ во однос на потребните услови за градба ... имено меѓу Цркавата и соседните објекти остануваат само по десетина метри ... со што доаѓа до задушување на централниот дел ... другиот проблем на кој посочуваат противниците е дека црквата неможе да се гради со пари од буџетот ... познатата Уставна поделеност на Црквата и Државата ...
На сето ова се отвори дискусија надвор од системот на власта, надвор од институциите ... дојде до барање на исламската заедница преку разни и бројни НВО-и да се реобнови Бурманли џамијата во центар - која е срушена за да на неа се изгради официрскиот дом кој пак падна во земјотресот од 63-та ...
Интересно ке биде да се следи како Владат на Груевски ке го изведе финасирањето на оваа црква, бидејки пари во буџетот за оваа намена сеуште нема одвоено ... Проблем со реобновата на св.Константин и Елена е двоен ... првин локациски тука таа не била ... второ не се реобновува со стариот изглед ... ова е сосема нова црква која сега за сега го носи само името ...
Околу името на црквата власта неколку пати потенцира дека тоа е право на црквата да одлучи за нејзиното име и на кој светец ке биде посветена ... така да јас така лесно не би го отфрлал името Св.Никола ... не само заради името на идејниот градител на оваа црква туку и заради најпопуларната и најраспространетата слава Св. Никола која широко се слави кај православното население во Македонија ...
- Урбанистите се слепи ... или се прават слепи .....
- Плоштад Слобода - фото и видео сторија ... 11.Април.2009-та ...
- Ке има ли и утре контрапротест ... против - протестот за слобода на говорот - или против барање за реизградба на Бурманли џамија
- Каде беше старата локација на Св.Константин и Елена...Св. Константин и Елена да се возобнови на старите темели кои уште постојат
- По оценка на полицијата студентите се успешно тепани ... немало повредени и жртви ... шамри и клоци не се бројат ...
- Кој и зошто ги тепаше студентите ... “Музеј на жртвите од транзицијата и транзиционите профитери“ ... Неомакедонски фашизам ...
- Македонските црнокошуљаши во акција ... Народ контра народ ...
- Не бев на протестите и контрапротестите ... за жал имав неодложна работа ...
- “Св. Никола“, сиромаштија и сликите на Тито,Чаушеску и Садам Хусеин ... Утре протест против црквата на плоштад ...
- „Св.Никола“ може да почне да се гради на плоштатот во Скопје ... ги има сите потребни дозволи ... 26 Февруари, 2009
- Св. Константин и Елена ... Бурманли Џамија ... Старо Скопје фотки ...
- Св. Никола ... 20 Јуни, 2008
- Подземен трамвајски коридор ... 29 Јануари, 2008
- Бурманли Џамија - Скопје ... 26 Јануари, 2008
- Св. Константин и Елена ... повторно во центар ... 24 Јануари, 2008
- СКОПЈЕ - ОБНОВУВАЊЕ НА СИМБОЛИТЕ ... 22 Ноември, 2006
- Св. Константин и Елена ... 3 Јуни, 2006
2 comments:
Cudno,no na kraj ke izleze deka crkvata i nema bas taka loso da lici na plostadot "SLOBODA" ..... posle site tie "krvavi" protesti a za imeto ...... pa vie veke ja krstivte vo Sv.Nikola,sto mislam deka e pogresno,ali nema veze toa e stvar navike.
Црквата на плоштадот сепак ќе изгледа прекрасно и ќе го облагороди сивилото на плоштадот.
Post a Comment