Search This Blog

Tuesday, April 21, 2009

Празниците поминаа ... “возот“ се движи - на “шлеперот“ тркалата сеуште му се блокирани ...

1. Празниците поминаа ... четири неработни дена за многумина добро дојдооа, секој ги искористи на свој начин. Пролет е, многумина убавите денови ги искористија за излет и пријатен викенд ...

2. Светот деновиве го потресе скандалот кој се случи во Швајцарија каде на конференција наменета за зголемување на светската демократичност - лицемерно говореше лидер на држава, која во својата земја од демократија нема ниту “д“ ... За недемократичност го обвини Израел, кој цел еден народ го турка во безизлезност - мислејки на палестинците ... Откако демонстративно скоро сиот цивилизиран свет ја напушти салата - додека беседа држеше “големиот демократ“ кисело (под брк ...) смејки му се на светот, бидејки му се може ... дома го дочекаа со овации ...

3. Во нашата држава осем што се празнуваше ... се исполни народ во црковните дворови ... Во веме на празниците се случува повотрен напад и коментирање на судска одлука ... и тоа од луѓето кои се задолжени да ја почитуваат и спроведуваат одлуката на судиот (во случајот Уставниот суд ... кој со интервенција во законот за основно образование ја укина можноста да се учи веронаука во државните школи ... но никако не ја укина можноста да се веропоучат младите генерации - но надвор од секуларните државни институции и установи ...)...

Власта осоколена од третата по ред уверлива победа на непосредни избори, каде владее апсолутно - владее со сите институции (иако директна подршка има само од 25 проценти од граѓаните на Македонија ...), силно удира по институцијата кои “и ги руши проектите ...“... заборавајки дека работа на Уставниот суд е да го штити само словото на Уставот ...

За да нема вакви “недоразбирања“ со Уставниот суд и препорачувам на Владата и власта да го смени словото на Уставот и да не направи секуларна држава ... тогаш ке му ги земе адутите на Уставниот суд ... кого може и да го распушти како “непотребна“ институција ... институција која се држнува да не ја почитува вољата на мнозинството ... 63 пратеници, 55 градоналалници и избран Председател на РМ ...

4. Во трка по крпење на дупките од буџетот - власта продолжува со собирање на парите од домашните банки, иако беше ветено дека тоа ке престанат да го прават ... Власта е во потрага на странски кредитори и форми на кредитирање на буџетските дупки ... од ММФ бега како од ѓавол ...

5. Во опозицијата оноа што од неа остана се слушаат гласови дека нешто ке “се движи“ ... но, без нови кадровски имиња непознати до сега тешко ке успее да се справи со “возот“ на владеачката партија - на “шлеперот“ тркалата сеуште му се блокирани ...

2 comments:

Anonymous said...

Zdr Volan, Imase ubavi pretpraznicni postovi ovde. Ubavo sto napravi post za Velika Sabota - ama dali ja zabeleza kolumnata vo Dnevnik istiot den vo koja o.Naum 'opomenuva' deka onie koi se protiv veronauka i protiv crkva na plostadot za pripadnici na 'drugiot duh' vizavi 'Duhot'. Mislam deka dosega ova bese najdrskoto nesto od zvanicnik na MPC koe projde bez komentar vo javnosta...
Za onie koi se i malku upateni strasno e koga eden vladika 'opomenuva', i si zema za pravo da za nastani kako onie so ustavnosta na veronaukata i vladinoto gradenje crkva na centralen plostad na glaven grad na drzava se proiznesuva so nivna kategorizacija na pripadnost na ovoj ili onoj duh ili Duh. Vakov nastpa e javno frlanje na anatema vrz onie sto mislat drugacija vo eden sosema bezpotrebno crkovniziran a po svoja sustina gragjanski diskurs. Ova e strashno !

Anonymous said...

Taka e batka,praznicite pominaa .... i sega so zdruzeni sili udri po "vozot" a i po "sleperot" koj so blokiranite trkala ja pregazi takanarecenata opozicija,zatoa sto tie ja nosat vinata za zabavuvanjeto na svetskata/makedonskata ekonomija ..... cudna rabota sto "sleperot" ja koci i ekonomijata i vo Papua Nova Gvineja .......... ebati toa "sleperot' ebati........

Blog Archive

Site Meter