Денеска е најстрашниот и најужасниот ден во христијанството ... денеска е Велики петок ... Вели петок ... Распети петок ... ден кога по страшниот суд и миењето на рацете на Понти Пилат - Христос го изоде патот на Голгота со круна од бодликава жица ... за да на крај биде распнат, во друштво на уште двоица крадци ...
Денот во христијанството е строг пост ... ден кога преку молитви се оплакуваат страдањата на Спасителот ...
- Велики петок, (или Велипеток, Распет петок) е ден кога е распнат Исус Христос. Се празнува со вообичаено одбележување со свети литургии и принесување на бескрвна жртва, со читање извадоци од евангелијата од делот кој ја опишува неделата на страдањата на Синот божји. ...
- Одлуката за погубувањето на Христос на Велика среда ја донело Еврејското црковно собрание (Синедрионот). Исус Христос бил пронајден и уапсен кај Гетсеманската градина, по Тајната вечераВелики четврток и Велики петок. По импровизираното судење, Христос бил изведен пред Понтиј Пилат, римскиот намесник за Јудеја. Откако ја изрекол пресудата, Понтиј Пилат ги измил рацете и му се обратил на насобраниот народ со зборовите: "Јас не сум виновен за смртта на овој праведник".
- Со венец од трње на главата Христос го носел својот крст до ридот Голгота, каде што е распнат и каде пред да испушти душа побарал прошка од Бога за своите џелати извикувајќи: "Оче, прости им зашто не знаат што прават". - На Велики Петок Црквата ги споменува смртта и погребението на Господ Исус Христос и Неговото слегување во адот.
- Ова е стожерна точка во Страдалната седмица, тогаш Богочовекот Кој невино пострада за спасението на човечкиот род ја стекна благодатта на искупувањето од прародителскиот грев, со што се обезвласти владеењето на смртта и на пеколот (демоните) над природата на човекот. (Попросто кажано, оттогаш луѓето живеејќи богоугодно, очистувајќи ги своите срца од страстите, повторно можат да стануваат слободни личности и како такви наследници на рајот.)
- За овој ден Црквата пропишува најстрог пост, денот да помине без јадење и пиење (освен за немоќните и престарените), во знак на таговно сеќавање на настаните од она време.
- На Велики Петок тајниот Христов ученик Јосиф од Ариматеја го измоли од Пилат мртвото тело на невино распнатиот Господ Исус, а јудејскиот кнез Никодим којшто и самиот тајно Го следеше Христовото Божествено учење, со смеса од смирна и алој Му го подготви телото за погребение.
- Погребот е извршен во петок пред Пасха, во свеж гроб во близината на Голгота (сопственост на Јосиф од Ариматеја). - Велики петок, наспроти вообичаеното одбележување на верските празници со свети литургии и пренесување на таканаречената бескрвна жртва се празнува со читање извадоци од евангелијата од делот кој ја опишува неделата на страдањата на Синот божји.
- Според преданието, Христос починал на крст во „шестиот час на денот, а завесата на ерусалимскиот храм во истиот тој час се преполовила, сонцето се замрачило, мртвите станувале од гробови, а сите ѕвона се распукале“.
- Од тогаш, на Велики петок бијат дрвени ѕвона, а камбаните не ѕвонат се до недела кога првпат ќе се огласи радоста на Христовото воскресение ...
- Одлуката за погубување на Христос на Велика среда ја донело Еврејското црковно собрание (Синедрионот), а тој бил пронајден и уапсен кај Гетсеменската градина, по Тајната вечера ноќта меѓу Велики четврток и Велики петок.
- Времето на смртта и симнувањето на телото Господово од крстот во Црквата се одбележува со вечерно богослужење и со посебен ритуал на изнесување на покривката на посебно украсена маса пред олтарот кој го симболизира гробот на Христос. Потоа трипати се обиколува црквата со покривката што го симболизира Исусовотo погребување придружено со звуци на тропала. -
- Велики Четврток ... 16 Април, 2009
- Христос воскресе, навистина воскресе ... 24 Април, 2006
- Велигден ... Христос воскресе ... 27 Април, 2008
- Велики петок ... 25 Април, 2008
- Велика Сабота ... 26 Април, 2008
- Скопје Велигден 2008 година ... фото сторија ... 27 Април, 2008
- св. Ѓорѓи - Старо Нагоричане ... sv. Đorđi Staro Nagoričane ... св. Ђорђе Старо Нагоричино ... sv. Djorde Staro Nagoricino ... 5 Октомври, 2008 ...
1 comment:
Jako lepo druze ...... barem vo ovie denovi de nema prepukuvanje za politikata,nema mesto ...........
Post a Comment