1.
Храмот Св. Никола во Топанско Поле/Скопје Север е сеуште во фаза на изградба ... Неговата градба е запчната во 1995 годниа. Тогаш МПЦ започна со сопствени пари и пари од донатори да гради три храма во Скопје (“Св. Никола“ во Топанско Поле/Скопје Север, "Света Злата Мегленска" во Сарај и "Свети Наум" во Радишани ....). Ова изгледа беше преголема инвестиција за МПЦ, бидејки кај сите три храма започнати во 1995 година имаме спорост во изградбата ...
Храмот Св. Никола во Топанско Поле/Скопје Север започна пред три години да работи со верниците иако официјално е сеуште во градба. Имено иако градежно самата црква е завршена и препокриена со бакар ... надворешно недостасува камбанерија. Планот е камбанеријата да биде висока 25 метри ... звоното е веќе набавено - но се бара донатор за градежниот дел ... нема ни помошни простории надвор од црквата, кои се наменети за низа црковни активности ... И внатрешно во црквата сеуште не се завршени планираните фрескоживописи по зидовите ...
Пиејки кафе пред црквата која сепак веќе три години прима верници кои тука вршат дел од своите црковни потреби, дознав дека општината Бутел ветува дека ке помогне во довршувањето на овој Божји Храм ... Надворешно осем камбанеријата се планира да се изгради нова обрада од клесан камен, во кој внатрешно ке се направат неколку сепареа каде народот ке може да се одмара и дружи ...
2.
3.
4.
5.
6.
7.
8.
9.
10.
11.
12.
13.
14.
15.
16.
17.
18.
19.
20.
21.
22.
23.
24.
25.
26.
27.
28.
- ВО СКОПЈЕ НЕДОСТИГААТ ПРАВОСЛАВНИ ХРАМОВИ - МПЦ чека верниците да ги довршат црквите ... ... Бавната изградба на црквите се должи на слабата економска моќ на граѓаните, кои се најголемите финансиери. Скопската епархија нема можност да гради цркви, бидејќи немаме паричен фонд наменет за тоа. Ние може само да помагаме со донации. Динамиката на изградба зависи од иницијативните одбори кои треба подобро да се организираат и да ги забрзаат работите - вели прота Коста Станоевски, секретар на Скопската епархија. ... ... според Станоевски, Скопје има недостиг од православни цркви, ако се земат предвид црковните канони кои велат дека на секои 1.000 семејства треба да има по една црква. Во градов сега има по една православна црква на околу 80.000 жители. ... ...
- Парите ја кочат изградбата на три цркви ... ...
Ректорот на Европскиот универзитет во Скопје, г-дин Бојо Андревски, заедно со дел од вработените во Универзитетот го посетија Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во Македонската архиепископија. Тие му го честитаа големиот христијански празник Божик, но исто така го известија за одлуката да дaруваат половина милион денари за црквата на Св. Никола во Топанско Поле, Скопје, која е во изградба. Тие изразија и подготвеност да ги финансираат и останатите работи до завршување на градежните работи на црквата.
- "Свети Никола" готова до крајот на август ...
- Се довршува надворешноста на црквата „Свети Никола“ ... 23 октомври 2006 ... ... Градежните работи на надворешноста на црквата „Свети Никола“ во населбата Скопје-Север се приведуваат кон крај и храмот полека го добива својот завршен лик. Влезот на објектот доби трем со покривна конструкција, која ќе се изолира со бакар, како што е и кубето на црквата. Наскоро и просторот ќе се уреди хортикултурно, со што ќе се заокружат надворешните работи. ... ... За довршување на црквата „Свети Никола“ се обезбедена средства од Европскиот универзитет кој донираше 45.000 евра. ... ... За финализирање на објектот се ангажирал и градоначалникот на Општината Бутел, Петре Латиновски, кој на средба со архиепископот г.г. Стефан начелно се договорил дека Општината ќе помогне за доизградба на храмот, образложувајќи дека локалната самоуправа нема средства за ваква намена, но дека ако е потребно, тој ќе донира и сопствени пари. ... ... „Целиот проект за црквата ’Свети Никола’ чини над шест милиони евра. Откако ќе завршат надворешните работи, ќе продолжиме со внатрешното доуредување. Имаме донација од мермер, со кој ќе се обложи подот, а потоа ќе се размислува за иконостасот и крстилницата, за чија изградба треба да се сретнеме и ќе поразговараме со градоначалникот Латиновски. ... ... Останува уште камбанаријата, за која веќе имаме изготвен проект. Она што наскоро можеме да го реализираме и да го најавиме е осветување на храмот“, вели прота Коста Станоевски, секретар во МПЦ.
- Црквата „Свети Никола“ ќе биде осветена до крајот на годинава ... четврток, 29 јануари 2009 ... ... Црквата „Свети Никола“ во населбата Скопје Север до крајов на годинава ќе биде осветена, а од април ќе започне изградбата на камбанарија, кршталница и помошни простории за свештените лица. Само парите беа пречка што досега овие објекти не се изградени. Од Македонската православна црква велат откако црквата ќе добие свети мошти, или таканаречен антимир, во неа ќе можат да се организираат и свети литургии. ... ... Овој храм започна да се гради пред петнаесетина години, а потоа работите застанаа. Недостигаа пари за да се доизгради внатрешноста, црковното кубе, олтарот, мермерниот под и сите други придружни внатрешни и надворешни делови и инсталации. Скопската епархија издвои 100 илјади евра за довршување на објектот, а потоа следуваа и неколку приватни донации. Црквата се опреми да може да ги прима своите верници и веќе четири години функционира, но се' уште не е осветена. ... ... „Изградивме 1.000 квадратни метри паркинг простор пред црквата и комплетно го решивме осветлението со нови канделабри во дворот. Бидејќи црквата се' уште не е осветена, канонските правила не ни дозволуваат да се изградат кршталницата и камбанаријата, за кои имаме изготвен и проект“, објасни градоначалникот на Општината Бутел, Петре Латиновски. ... ... Камбанаријата што ја добивме како донација уште во 1995 година само ќе треба да ја монтираме во изградениот објект. Веднаш потоа може да се пристапи кон осветување на црквата“, објасни Станоевски.
- ВЕЧЕРВА И УТРЕВЕЧЕР СЕ ПРОСЛАВУВА НАЈМАСОВНАТА КУЌНА СЛАВА - Богата трпеза и желби за добро здравје на Свети Никола - Време, број 931, 18.12.2006 ... ... Посниот грав, сармичките, рибата и ситните колачи вечерва ќе бидат само дел од богатата трпеза со која вечерва голем број семејства ќе пречекуваат гости и ќе ја прослават најмасовната слава - Свети Никола. Утре, пак, именден ќе слават оние што го носат името Никола. Во чест на големиот светец, кој живеел во четвртиот век во градот Мир, во сите православни храмови ќе се одржат богослужби, а ќе слави и црквата „Свети Никола“, единствениот храм со тоа име во Скопје. ... ... Дека Свети Никола е најмасовната скопска слава потврдува и прота Методи Лазаревски, старешина на црквата „Свети Никола“ во Скопје Север. ... ... Свети Никола бил свештеник и имал силна вера во Господа. Познат е како голем добротвор и чудотворец. Учествувал на Првиот вселенски црковен собор што го свикал царот Константин во Никеја, во 325 година. Тој е покровител на водите и на морнарите, зашто скротувал бури. Прогласен е за светец. Неговите коски, кои почивале во градот Мир, сега се наоѓаат во Бари, Италија. Над неговиот гроб е изградена и црква - раскажува Лазаревски. ... ... Црквата „Свети Никола“ во скопската населба Скопје Север се отвори годинава, на големиот празник Благовештение.
- Отецот господин Зоран Стаменковиќ прави се што може да ја разбуди поентата и величината на црквата. Така е и со "Св. Никола", една мала велелепна црквичка која се наоѓа во скопската населба "Скопје Север". Оваа мошне привлечна црква за која отец Зоран прави се да ја заврши нејзината креативност, се уште чека на свечениот ден. Да се надеваме дека камбаната со своето ехо ќе ги повика своите чеда да дојдат на првата литургија со која не само црквата, туку и населбата ќе се сплоти во една божја угодност и смирение. Овој благоугоден свештеник прави се изградбата на овој храм конечно да биде завршена. Недостигаат средства за нејзиното довршување, а со помош на верниците, спонзорите и Скопската митрополија да се надеваме дека името на Св. Никола ќе засветли во овој крај и со тоа оваа златна црквичка ќе стане вистинска света парабола на нашиот град.
- Свети Никола ... ... Свети Никола е најпразнуван празник во Македонија ... Се вели дека во Македонија сите го слават Свети Никола ... го слават како своја слава или именден - но го слават и оние кои одат на гости кај оние кои слават ... Свети Никола е посна слава бидејки е во деновите на божиќните пости ... Свети Никола е честа слава/именден и во Грција, Србија, Русија, ... Свети Никола е светец кој подеднакво го слават Христијаните и Католиците ... а го слават и некои Муслимани во делови од Турција ... но и муслимани од Македонија ...
1 comment:
Ова е во Скопје Север, не е во Топанско Поле. Има јасна и недвосмислена граница меѓу двете населби и прекрасното име на Топанско не смее да се користи од други локации за нивно закитување.
Post a Comment