Маркова Сушица - Markova Sušica ... кратка фото сторија ...
1.
Одејки пред некој ден кон Марков Манастир, на километар пред него на самиот асфалтен пат е Маркова Сушица ... местото обилува со патина и мирист на мината историја ... мојот фото апарат забележе неколку интересни фотографии кои на овој пост Ви ги пренесувам ... Секоја од овие фотографии сведочи за тоа дека тука некојпат имало живот и живост ... Чудото е дека само на стотина метри од овие куќи се наоѓаат прекрасни нови викендици со одлично редени и богати куќи ...
Маркова Сушица е скопско село во јужниот дел на Скопската Котлина, во составот на Општина Студеничани. Селото лежи на локален пат, а од Скопје е одалечено 18 км. Маркова Сушица лежи на надморска височина од 370 метри во долината на Маркова Река.
2.
3.
4.
5.
6.
7.
8.
9.
10.
11.
12.
- Маркова Сушица (археолошки локалитети) ...
- Ебишница, населба од неолитското, бронзеното и железното време. Се наоѓа на 1 km источно од селото, на десниот брег на Умовска Река, кај нејзината утока во Маркова Река. Во нива, на длабочина од 4 m се откриени фрагменти од керамички садови и тегови.
- Марков Манастир, осамен наод од доцноантичкото време. Во темелите на манастирот Св. Димитрија ‡ Марков Манастир, десно од јужната врата е вѕидана ара од бел мермер со латински натпис. - НВО Преродба с. Маркова Сушица ...
- Граѓанска иницијатива за здраво, достоинствено и возвишено живеење “Преродба” ја започна иницијативата за развој и заштита на атарот на село Маркова Сушица, Марков манастир, како духовен, културен и туристички центар, и интегрален дел на Град Скопје. Марковиот манастир е културен центар и духовно светилиште, со вековна богата културна и преродбеничка традиција и дејности кои, сега се возобновуваат во Маркова Сушица, со длабок стручен интердисциплинарен приод, во кој е вклучен и градот Скопје. - Иницијатива за развој и заштита на с. Маркова Сушица, Марков манастир ...
- МАРКОВА СУШИЦА ... Најстарата легенда вели дека токму на овој простор Златното руно било засолнето во една пештера кај Маркова река во село Сушица.
- Маркова Сушица ... Месноста „Марково Кале” лежи 1 км југозападно од познатиот Марков Манастир покрај Маркова Сушица и 1 км северно од Малчиште. Претставува издаден рид во подножјето на планинскиот венец Караџица, што од запад го затвора северниот дел од долгата речна клисура на Маркова река. Ридот Марково Кале се издига 100 м високо над реката и 530 м н.м. Од ова место се контролира патот долж Маркова река до нејзиниот извор, што преку планинскиот премин на Караџица продолжува кон соседното Порече и Азот; денес овој пат има само локално значење. Во северното подножје на Марково Кале лежат антички испиралишта на златоносен песок, кои повремено биле експлоатирани и низ средниот век и турскиот период, до наше време.
No comments:
Post a Comment