За Гуските и Шатките кај Езерце во Гратскиот парк на двапати имав постови ... Горната слика беше дел од мојот пост Шатки - Градски парк рана есен 2008 ...
Оваа слика е дел од мојот втор пост Гуски ... Градски парк зима 2008/9-та ...
Пред извесно време повторно прошетав низ тој дел на паркот ... наминав кај кафеаната Езерце ... Гуските и шатките ги немаше, кафеаната беше срамнета со земја поради надградената дивоградба ... Помислив дека поради тоа некој ги собрал и ги однел во блиската зоолошка градина иако се растажнив ... птиците во ова езерце беа симбиоза на природата и луѓето кои си ги одмараа очите гледајки ги и неретко хранејки ги ... особено се радуваа дечињата и заљубениците на добрата фотографија ...
Денеска додатно сево ова ме растажи, поточно написот во Време: ОМИЛЕНИТЕ ПТИЦИ НА СКОПЈАНИ ИСЧЕЗНАА ОД ЕЗЕРЦЕТО-Гуските од паркот завршија во најлонски кеси ...
- Гуските и шатките кои беа заштитен знак на Градскиот парк во Скопје исчезнаа. Никој од надлежните институции немаше одговор каде се тие птици во моментов, и покрај тоа што многумина скопјани се интересираат за нивната судбина. Граѓани што поминувале покрај езерото во паркот, пред неколку недели, забележале како луѓе ги ловат птиците и ги ставаат во најлонски кеси. Според нивните кажувања, најверојатно, станува збор за кражба на гуските, патките, шатките и на останатите видови птици кои веќе подолго време живееја во езерцето.
- Испаничените граѓани, кои биле сведоци на кражбата на птиците, изреволтирани поради нехуманиот однос кон птиците, ја известиле полицијата за случувањата. Неофицијално, крадците на гуските, најверојатно, го искористиле испразнетото езеро, како и питомоста на птиците поради честиот контакт кои тие го имаа со луѓето.
- Од Зоолошката градина во Скопје велат дека кај нив никој не донел патки за да се згрижат, а од ЈП „Паркови и зеленило“ тврдат дека нивна надлежност е одржување на чистотата на водата, но не се задолжени да се грижат за птиците што живеат на тоа место.
- Од Град Скопје, пак, велат дека не е ни чудно што никое од јавните претпријатие не знае што се случува со птиците затоа што ниту надлежните од Град Скопје, ниту, пак, некое од претпријатијата некогаш ги пуштил таму птиците да живеат, а уште помалку некој од нив и задолжен да се грижи за нив и за нивната исхрана.
- Птиците не се во наша сопственост и затоа немаме информации каде се наоѓаат во моментов. Тие беа пуштени во езерото од страна на поранешниот сопственик на ресторанот „Езерце“, кој се грижеше за нив и ги хранеше - велат од Одделението за односи со јавност на Град Скопје. Додека функционираше ресторанот „Езерце“ и пред институциите да го срушат, птиците на некој начин беа заштитени зашто персоналот, но и гостите, реагираше доколку некој се обидуваше да ги малтретира.
Подоцна ке едитирам некои од сликите од срушената надоградба на кафеаната Езерце ... Се прашувам што е судбината на јатото шатки и гуски во новиот дел на градскиот парк и таму летно време имаше стотина птици, во зимската фото сесија не ги најдов ?? ... еве две фотки од шатките и гуските вотој дел - кои се дел од мојата сторија Скопје - Градски парк ... рана есен ... Skopje Gradski park - rana esen ...
Подолу фотките од срушената кафеана Езерце ...
1 comment:
Ete do kade e naseto nivo na kulturata,ziva katastrofa .....
Post a Comment