Search This Blog

Wednesday, April 22, 2009

Ребаланс на буџетот и штедење ...

http://www.dnevnik.com.mk/WBStorage/Articles/D3196CB704E23140A3B32EAA523F84CF.jpg

Се` што му се препорачуваше пред изборите на Груевски Ставревски и Славески - е прифатено, но по изборите ... каде со ветувањата дека “возот“ нема да запре се направи голема манипулација со МК избирач ... Се сеќава некој на осумте милијарди евра за наредните седум години ... сега звчат како предизборна обланда која ја “лапнаа“ бирачите ... се сеќавате на стотината започнати објекти каде беше фрлена првата лопата ...

Повеќе »

  • Буџетот ке се крати за 9 одсто и во приходниот и во расходниот дел, се пуштаат нозете колку што е долга чергата - се кратат трошоците на буџетот за цели 173 милиони евра ...
  • Нови 70-сетина мерки на штедење, слушнати вчера на пресот на Груевски со цела Влади позади ...
  • Нема нови вработувања во државниот сектор ...
  • Нема покачување на платите за администрацијата (заштеда од скоро 9 милиони евра ...)...
  • Раст на економијата (БДП-то) за еден процент (наместо 5.5.%) - за толку раст и на инфлацијата ...
  • Нема девалвација - има заедничка политика со монетарната власт за одржување на курсот на денарот ...
  • Нема нови автмобили и мебел за администрацијата ...
  • Ке се штеди на телефонски разговори на администрацијата, особено на мобилните ...
  • Стимулативни мерки за извозниците - но не се конкретизирани ...
  • Се ветува дека нема да се задолжува државата кај домашните - туку кај странските банки ...
  • Се ветува странски кредит за стимулација на микробизнисите ...
  • Нема пари за второ и четврто дете (останува само третото ...) ... нема пари за ХПВ вакцинација ...
  • Ке се забават или оддложат некои од капиталните објекти кои пред кризата и особено пред изборите свечено се пуштаа ...
  • Не се прекинуваат проектите за спомениците и црква на плоштадот ...
  • Досега од државните резерви се одлеаа 400 мил евра поради зголемениот дефицит во платнобилансната позиција ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter