Search This Blog

Wednesday, April 29, 2009

Св. Петка Црниче - Скопје ... Sv. Petka Crniče - Skopje ... фото и видео сторија ...

Св. Петка Црниче - Скопје ... Sv. Petka Crniče - Skopje ... фото и видео сторија ...
1.
http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/81Large-8.jpg
Храмот посветен на „Света Петка Параскева“ се наоѓа на подножјето на Водно - во Црниче Скопје. Црквата е изградена во 1923 година, иконописан и осветен во 1924 година. Во изработката на иконите учествувал и познатиот иконописец/зограф од тоа време Димитар Папрадишки.

Повеќе »

Црквата е градена на подарен имот од извесен Божин (други извори велат дека земјиштето е подарно од фамилијата на Антон и Горица Петрови-Дерибабови ...) кој сонил дека во дворот има закопано нешто свето - копајки нашол икона од Преподобната Света Петка Параскева. Божин имотот го подарил на Црквата за да се игради Храм на Преподобната Света Петка Параскева. Црквата е градена со донации од граѓаните кои живееле во околината. Изградбата почнала некаде 1904 година со осветување на темелите на Црквата. Градбата траела невобичаено долго цели 20 години.

Во земјотресот 1963 година црквата претрпува оштетувања. Санирана е - доградена е камбанерија ... на јужната и северната страна доградени се два параклиса (мали цркви ...), едниот посветен на Царевите Константин и Елена (кои се прогласени за рамноапостоли ...) а другиот посветен на Света Великомаченичка Недела.

Моментално црквата блеска со сиот сјај - има убава ограда, дворот е поплочен со павер елементи и целата зрачи во чистотата на околината. Многу скопјании од тој дел на Скопје сите потреби од црковниот живот (молитвени активности, венчавки, крштевки, парастоси и сл. ги обавуваат во оваа црква ...).
2.
http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/82Large-7.jpg
3.
http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/83Large-7.jpg
4.
http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/84Large-7.jpg
5.
http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/85Large-6.jpg
6.
http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/86Large-6.jpg
7.
http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/87Large-6.jpg
8.
http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/88Large-6.jpg
9.
http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/89Large-6.jpg
10.
http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/810Large-6.jpg
11.
http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/811Large-6.jpg
12.
http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/812Large-5.jpg
13.
http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/813Large-3.jpg
14.
http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/814Large-3.jpg
15.
http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/815Large-2.jpg
16.
http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/816Large-2.jpg
17.
http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/817Large-2.jpg
18.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/818Large.jpg
19.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/819Large.jpg
20.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/820Large.jpg
21.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/821Large.jpg
22.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/822Large.jpg
23.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/823Large.jpg
24.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/824Large.jpg
25.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/825Large.jpg
26.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/826Large.jpg

  • ЦРКВАТА "СВЕТА ПЕТКА", ЦРНИЧЕ ... makedonskosonce.com - Милева ЛАЗОВА ... МАЧНИОТ ЖИВОТ ПОТТИК ДА И СЕ ПОСВЕТИ ХРАМ НА ГОЛЕМАТА СВЕТИТЕЛКА ПАРАСКЕВА
  • Црквата Св. Петка е посветена на Преподобна Параскева. ... kingmarkoland.com ... На местото каде што денес, во Црниче, живеел извесен Божин со неговата сопруга. За жал, тие немале деца. Имале проблем и со тоа што во бавчата што и да посаделе ништо не се раѓало. Божин и неговата сопруга се сомневале дека нешто не е во ред со местото, но не знаеле за што станува збор. На крај, решиле да копаат по дворот за да видат дали има нешто закопано во него. После неколку дена копање во дворот, откопале еден крст и икона од Преподобна Параскева.
  • Крводарителна акција во „Света Петка“ ... utrinski.com.mk ... Крводарувањето се реализира по повод верскиот празник Свети Трифун и Денот на вљубените.
  • Чествување на Света Петка ... vecer.com - 05.09.2006 ... Православните христијани, вчера го одбележаа големиот верски празник посветен на света, преподобна, маченичка Петка. Уште од раните утрински часови камбаните на црквата во населбата Црниче, чиј патрон е светицата, го означија почетокот на чествувањето, а потоа се одржа света архијерејска литургија, со која богослужеше архиепископот Охридски и македонски Стефан, заедно со новиот епископ Методиј и повеќе свештенослужители и ѓакони. ... ... Светата маченичката Петка, чиј ден се слави денеска, со голема ревност и храброст го проповедаше словото Божјо, не криејќи се од никого. Бидејќи нејзините проповеди претставуваа опасност за римската власт, таа била прогонувана и предавана на маки. Но, Господ ја исцелуваше на чудесен начин. И ставаа вжештен шлем на главата, ја мачеа во котел со вриено масло, но ангелот чувар секогаш ја спасувал. Тогаш, царот Антонин побарал од Петка да му фрли од маслото, за самиот да се увери дали е врело и така ослепел. Затоа и на иконата света Петка е прикажана со чинија на која носи две очи. Најпосле кнезот Тарасиј и ја пресекол главата. Моштите и беа зачувани, а подоцна пренесени во Цариград ...
  • Премиерот Груевски на божикна литургија во „Света Петка“ ... kanal5.com - 07.01.2009 ...
  • Света Петка денеска ги наполни православните храмови ... kanal5.com - 27.10.2006 ... Православните христијани денеска го празнуваа Петковден – празник посветен на Света Петка. ... ... Според библијата Света Петка живеела во десеттиот век, била почитувана од народот зашто своето богатство им го поделила на сиромашните. Целиот живот го поминала во пост и молитва.
  • Црквата “Света Петка” во Црниче била осветена во 1923 година. ... staroskopje.vestel.com ... Постариот син Костаки од семејството Кранго, бил аџија и еден од донаторите при градењето на црквата “Света Петка”. Реони на црквата биле вториот реон на станицата и Тахталиџе.
  • Германска донација за народната кујна во „Света Петка“ ... utrinskivesnik.com ...
  • Повелете на Веронаука (МПЦ) ... bagra.org ... од 11.октомври 2005 година со почеток во 18:00 часот, во просториите на Црковната општина Света Петка во Црниче - Скопје (кои се наоѓа веднаш до Храмот „Света Петка“)започнуваат предавањата по Православна Христијанска Веронаука. Оваа година во план е изучувањето и толкувањето на Евангелијата на Четирите Апостоли: Матеј, Марко, Лука и Јован од Новиот Завет на Светото Писмо - СРЖТА НА ВЕРАТА. Се разбира, можете да прашувате и се’ друго што Ве интересира. ... ... Поканети се СИТЕ! Предавањата се факултативни (значи не се обврзни за никого). Планирано е предавањата да се одржуваат секој вторник од 18:00 часот и секој четврток од 18:00 часот, а можно е да има плус и предавања во Недела после Света Литургија (или да бидат префрлени во тој термин) или во Сабота навечер. Сепак ПРВАТА СРЕДБА е договорена за 11.октомври 2005 (вторник).
  • ПРАЗНИЧЕН ДЕН ВО ЦРКВАТА ВО ЦРНИЧЕ - Чествување на празникот посветен на маченичката Света Петка ... vecer.com - 09.08.2008 ...
  • Која била Света Петка? ... spic.com ... Параскева (Петка), според верскиот календар издаден од МПЦ, била по потекло од Рим и живеела во вториот век од нашата ера. Нејзините родители и дале христијанско воспитание. По смртта на родителите, таа целиот имот го раздала на сиромашните и се замонашила. Поради конфликт со римските многубошци неколку пати била мачена. Верниците веруваат дека Господ ја исцелувал и и давал здравје како награда за нејзината вера. Кнезот Тарасиј и ја отсекол главата. Моштите на светицата биле сочувани, а подоцна се пренесени во Цариград.
  • УНИЈАТА НА ЖЕНИ ДОНИРАШЕ ХРАНА ВО НАРОДНАТА КУЈНА ВО ЦРКВАТА “СВ. ПЕТКА” ...
  • Божествена Литургија во Св. Петка , Скопје (27.06.2008) ... preminportal.com ...
  • Цркви и манастири и други верски објекти во МК ... верски празници ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter