Завршија изборите ... тук таму сеуште имаме понекоја лопата ... но чуварите на буџетот се пробудија - влегоа во своите кабинети ... увидоа дека со економијата нема “играчка“ на долг рок ... дека параметрите паѓаат перманентно ... дека долго не ке можат да ги прекриваат тешкотиите - со изјави со насмевки, негирајки дека имаме криза која веќе влезе во реалната економија ...
Груевски одлучи во две одвоени средби да се сретне со бизнис заедницата (во минатата недела ...) и со домашните експерти од кои побара мислење, нивни предлози како да се ублажат последиците од кризата ...
- Бизнисмените се пожалија дека во кризата ке мора да отпуштааат нови вработени (бројката веќе дојде до нови 25.000 невработени ...) за да ги спасат фирмите ....
- дека тука владата ке мора да преземе дел од теретот ако сака да не се соочи со уште поголем раст на економијата,
- побараа итни мерки во полза на трудоинтензивните гранки особено металургијата, градежништвото и текстилнно-кожарската индустрија ...
- бизнисмените укажаа дека во сите западни економии државите во моментот покриваат дел од давачките према фондовите ...
- укажаа дека со порастот на каматите изгубија здив - немаат на расплагање свеж капитал за тековни инвестиции ...
- бараат нови реални мерки за ублажување на кризата ...
Во одвоена средба вчера напладне Груевски се сретна со домашните економски експерти ... тие пак го советуваа:
- да излезе со нови макроекономски стабилизациони мерки мерки ... изразени преку ребаланс на буџетот ...
- намалувајки ги трошковите и приходите во буџетот со што автоматски ке имаме помал дефицит ...
- проектирање на раст од максимум 2 проценти ...
- усогласување на фискалната и монетарната политика ...
- склучување на аранжман со ММФ, поради опасноста за релативно кратко време да дојдеме до уште поголем дисбаланс во надворешнотрговските параметри - каде девалвацијата ке биде краен ефект ...)...
- не дале предлози каде конкретно владата треба да крати ... дали да се одлучи на намалување на платите - како во некои соседни земји ...
- да не се води различна финасиска политика со Централната банка - со што се доведовме во ситуација на пораст на каматите ...
- ако треба да се задолжува - тоа да се прави во странски банки ...
На потег е Груевски и Владата на РМ ...
- Славевски ја “откри Америка“ ... “откри топла вода“ ... 13 Април, 2009
- Банките со нови поголеми лихварски камати ... цехот секојпат го плаќа граѓанинот ... 11 Април, 2009
- Името нема да го продадеме/дадеме, но се` што вреди во домашната економијата е или веќе продадено или е во план за продажба ... 10 Април, 2009
- За Славевски ММФ веќе не постои ... а на Македонија не и е потребен ... зошто ?? ... 8 Април, 2009
- Трет месец по ред владата организира аукции за државни записи ... Што става залог државата за да добие кредит од лихварите ... ? ... 7 Април, 2009
No comments:
Post a Comment