Search This Blog

Tuesday, October 13, 2009

Победите и поразите на Груевски ...

 
По поразот во Букурешт Груевски на магионичарски начин поразот во Букурешт го претвори во три триунфални победи на вонредните парламентарни избори, на локалните и на претседателските избори ... сето тоа е изнесено на ветувањето дека нема да попушта во спорот со името и големите ветувања во економијата ...              Повеќе ».....

По среќните две економски години Груевски е во казан на економска криза која се заканува да го испразни буџетот во огромни размери. Годинава буџетот го лечи со задолжувања - но тоа не може вечно да трае. Инвестициите не доаѓаат заради никаквиот напредок во интегративните НАТО и ЕУ процеси. Саморекламирањето дека “секој ден во секој поглед се повеќе се напредува...“, не пали веќе ... Што е сега на потег - на прагот кога се очекуваат два крупни позитивни помака на меѓународен план (симнување на визниот режим и започнување на преговорите со ЕУ) ... Нови избори, веројатно не - бидејки двапати по ред една варијанта нема да успее ...  Народот е исцрпен од перманентни избори ...

Се пуштаат пробни балони како да се реши името, во пресрет на одлуката на ЕУ за почеток на преговорите се дават ветувања дека Македонија т.е. Груевски е спремен на компромис ... Дали сега ке се случи сосема обратен процес по извојуваните две победи Груевски да доживее пораз ...

Има едно правило во политиката. Кога политичарот изричито најавува дека ке оди десно, тој всушност се` прави да сврти лево ... така да не би брзал со констатацијата на новинарите дека можеби Груевски ке попушти во спорот за името ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter