Солана е потписник на нападот врз оделни државички кои настанаа од остатоците на некогашна ЈУ. Над територијата на делови од ЈУ - НАТО испроба многу од своите нови оружја и политики, употреби касетни бомби, бомбардираше цивилни објекти, мостови, патишта, возови, болници и што ли уште не. Цивилните жртви и упропастување на нивниот имот и живот ги прогласи за колатерална штета. Поради исфрлање на бомби со осиромашен ураниум (се чистеа магацините на западните земји од опасни елементи за чие разградување се потребни неколку стотини години). Во земјите каде се исфрлаа овие материии но и во соседните енормно пораснаа болестите на разни видови на канцер ... Ке се чистиме од последиците на ова експериментално бомбардирање со слична брзина како што се чистеше Јапан по атомското бомбардирање во втората светска војна ...
Растурајки го системот ни ја растурија и економијата ... се створи огромен грој на невработени лица ... не ставија во карантин и створија услови да се испојадеме меѓу себе во националистичките изблици и борбата за личните егзистенции ... ни воведоа визни режими и не оградија со шенгенскиот зид ...
Од сето ова профитираа транзиционите и политичките профитери од досегашните партии на власт кои наместо демократија по мерка на народот - створија демократија по мерка на партиите на власт ... Султан партиите и султаните ни се неминовност од која долго нема да можеме да се ослободиме ... Народот, е него никој не го прашува осем на фингираните избори каде само моќните партии подржени од новопечените олигарски профитери си го товарат магарето - се створи изборен систем по мерка на две големи партии ... Спасот од сето ова го најдоа само оние среќници кои емигрираа во општества каде има ред, поредок и правила на игра ... Тука секој си прави правила на игра по мерка на својот султан ... мафиозните и криминалните структури си направија своји балкански држави ...
Осем во транзиционата кал Македонија овие дваесетина години се дави во калта на стварање на сопствена држава на која сите соседи по нешто и оспоруваат ... Во Македонија се спроведуваат секави експерименти ... експериментите ги спроведуваат дипломатите од калибарот на Солана, Карл Билд, Ахтисари и други дипломати ... Во Македонија се створи осем трите вида на власт (парламентарна, извршна и судска) четврта невидливо/видлива но исклучително моќна власт - таканаречена меѓународна ... За се што е битно меѓународната се прашува, ние веќе имаме разноразни олеснувачи сега и во името на неколку моќни амбасадори и амбасади. На бацирака кај нив одат сите наши политичари и оние кои се одавна овие простори, кои ни се заслужни за се што ни се случува во транзиционава историја, но и новопечените па и оние кои допрва ке се појават ...
Во целиот тој галиматиас најтешко ни паѓа оспорувањето на нашето име и идентитет. Нешто за кое во светот на ниедно друго место не се разговара. Нешто што е своевиден експеримент.
Солана деновиве повторно соли. Го омекнува тврдиот Груевски кој на база на ставовите за цврстиот национализам и непопуштање околу името доби неколку последни избори. Во случај во ова солење на Солана Груевски да омекне и да попушти тој автоматски си потпишува смртна политичка пресуда ... Народот ке го осуди како издајник ... Во случај да не го послуша Солана и другите кои солат тој ке биде отфрлен од таканаречената меѓународна за што веќе има сигнали - факт е дека некои врвни ЕУ политичари и дипломати веќе го избегнуваат Груевски, со што му праќаат порака ... Изгледот Груевски да биде губитник во случајов е многу вероатен. Или ке го отфрли народот или меѓународната. Веројатноста дека ке го отфрли и народот и меѓународната е многу изгледна, гледајки го случајот на начинот на крајот на моќта на предходникот на Груевски - Георгиевски ...
- Славомакедонија Славомакедонци - Хавиер Солана
- „Banana republic of Macedonia“ ...
- Владата во нетактична војна со ЕУ дипломатите ... План “Б“ ...
- Референдум за името ... бега ли од одговорност политичката елита ...
- Можен ли е компромис за името во спорот со Грција ... Изјава на Груевски во Охрид ...
- Држава без Крал не бидуе
- Дострели на МК дипломатија во ЕУ ... жолт дипломатски картон ...
- Зошто кога ке се спомне Едвард Џозеф ... имам мачнина во стомакот ...
- Корупција ... ала СарКози ...
- ПРИВАТНА ЗАБАВА ... мала, мала група п*****
- Питер Фејт се враќа на балканите ...
- Планот на ДУИ
- Кантонизација и федерализација на Македонија ... КАДЕ ОДИШ МАКЕДОНИЈО - втор дел ...
- Климава клима за странси инвестиции во РМ ...
- Бугарска позиција во врска со Македонија ... во светло на спорот за името ...
No comments:
Post a Comment