Search This Blog

Loading...

Saturday, October 03, 2009

Раде Васиља Спасиќ - Старо Нагоричане


сл.1     Раде Васиља Спасиќ е ненаметлива личност.
         Повеќе ».....

Скромен, се пробива во животот градејки професионална и пред се фамилијарна кариера, поврзана со ред и слога во фамилијата. Мене од секогаш ме импресионираше неговата желба да не го напушти куќното огниште на неговите родители (има изградено куќа во Куманово ...), туку напротив од него (домот на родителите во Старо Нагоричане) да направи пријатно катче во кое ке доаѓа заедно со членовите на својата фамилија. Со години наназад го унапредува дворот, со љубов засадува цвеќе и родни дрвја. Неговиот двор во делот кој излегува на патот е долг и тесен. Го користи каскадно да засадува ред цвеќе, ред плодни дрвја и лозница, се комбинирано со зимзелени садници ... Оваа година ја открив тајната како Раде успева во текот на сушните летни денови да не се засуши овој дел од дворот. Открив дека преку резервоар во горниот дел спровел систем капка по капка на овие садници ...

Раде е дванаесет години постар од мене и во детството сме се разминале. Не ми има останато во моето сеќавање (во времето кога одев на долгите летни распусти кај дедоми). Во детството немавме исто друштво поради разликата на генерации. Одвреме навреме се среќававе како и со сите други комшии од селото - срдечно секојпат сме се поздравувале. Едно време додека работеше во испоставата на Фершпед на границата со Србија се среќавав кога вршев увоз на роба. Беше учесник на двете Старонагорички вечери кои ги организиравме во Скопје и Куманово.


сл.2
Во моментите кога ги сликав овие фотографии седанавме на терасата на ронка муабет, мезејки ги пплодовите на есента од неговите садници. Ме праша за која потреба ми се фотографиите од неговиот двор и куќа. Му појаснив дека сето тоа го правам преку фотографиите на дворните места и куќите да одсликам место кое мене многу ми значи, со можност да спомнам и некои луѓе кои истотака се дел од моето сеќавање. Сето тоа со мала приказна да го подигнам на интернет , каде ке биде достапно на најширокиот читачки аудиториум. Сликајки ги местата и луѓето да пронајдам дел од старите етнографски приказни кои недостасуваат во современово време. Појаснив дека истражувам за генеологијата и етнологијата на нашето слео и нашите фамилии. Пријатно ме изненади кажувајки ми дека тој самиот за себе и својата фамилија има направено генеологија. Бидејки разбрав дека веќе ја има дигитализирано го замолив да ми даде една копија со право да ја објавам на блогот Старо Нагоричане, со што ке допринесе во запознавањето на сите нас со некои пошироки описи за едно минато време.

Пред некој ден добив ЦД со фантастичен материјал за генеологијата на неговата фамилија каде Раде вредно собирал и документирал делови од фамилијарната историја кои ги проткал со многу етно делови, опишувајки многу од заборавените обичаи. Проговорел за начинот на кој некогаш се живеело. За моралните вредности на тоа време, за тешките воени и повоени времиња - кога само топлиот однос внатре во фамилијата помогал да се дојде до поширок напредок на целата фамилија ...

Неговиот труд „Родослов (Генеологија) Рада Јовчиних из села Старог Нагоричана“ - Куманово Јули 2003 година, ке го објавувам во повеќе поврзани постови на блогот Старо Нагоричане, за да посведочи за едно време. Во родословот Раде наоѓа начин како да спомне и пошироки детали кои се врзани за селото и за етногенезата на самото село. Лично со голема возбуда ја прочитав генеологијата (родословот) на Раде, бидејки во многу нејзини делови пронаоѓав интересни детали од животот кои на многу начини предизвикаа силна емоција и изблик на чувства. Уште од сега знам дека родословот ке предизвика огромно внимание на повозрасните жители на Старо Нагоричане. Еден примерок ке одпечатам за да го прочита мојата мајка која ке сака да се подсети на сликите кои и нејзе многу и значат, на пријателките.другарите од нејзината младост. Верувам дека и самата ке биде потикната повторно да напише уште некој ред за луѓето од нејзината младост и за периодот од живото кој не треба да се заборави. Особено сакам да слушам делови од периодот на жалната прислната колективизација по методот на Сталин.

Во продолжеток само ке ја испукам мојата последна фото сесија од дворот на Раде Васиља Спасиќ - Старо Нагоричане.

сл.3

сл.4  Што е исто кај дедото и внукот ... Умот (ист им е) ...

сл.5

сл.6

сл.7

сл.8

сл.9

сл 10

сл.11

сл.12

No comments:

Blog Archive

Site Meter