Search This Blog

Monday, October 05, 2009

Демократска лекција на Караманлис ... си даде оставка од председателското место на Неа Демократија

Костас Караманлис одкако доблесно и чесно му ја честита победата на Јоргос Папандреу, објави дека дава оставка од чело на својата партија Неа Демократија. Према нецелосните изборни резултати ПАСОК на Папандреу има за десетина проценти повеќе гласови од Неа Демократија. Има можност да формира и еднопартијска влада.                      Повеќе ».....

Може ли некој кај нас да замисли ваква доблест. Досега не ја сретнавме. Ние сме во ситуација на султански човек партии кои ги окупираа сите поголеми партии. Ова за нас говори дека немаме демократски капацитет и демократска традиција.

Да не заборавиме дека Караманлис храбро ги одработе овие избори, имаше и забележителни ТВ дуели со Папандреу (практика која во нашата демократија не е во мода ...), каде имаа разлики за внатрешните прашања но се сложуваа за националните интереси на Грција - имаа исти позиции и за спорот со Македонија ...

Сега моалку повеќе ни е јасно зошто Дора Бакојани се држеше понастрана од овие избори во Грција - таа е веројатниот наследник на Костас Караманлис ...

Во наши услови сценаријата би биле: дека изборите не биле фер и демократски а на лидерите ни на крај на памет не им паѓа да си поднесат оставка ... чесна оставка сеуште немаме ни од еден министер (со еден исклучок) по обелоденување на афера или голема трагедија во неговиот сектор ... За МК гласач е крајно време да ги прочита МК политички играчи и соодветно да ги казни на наредните избори ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter