Се потрудив да го подигнам на нет обраќањето на Премиерот од интервјуто во Јади Бурек:
На овој пост ке им дадам место на прашањата на Дневик. Во денешното издание на Дневник ги поставија овие прашања:
- Дали е задоволен од ефектот на министрите за странски инвестиции? Колку инвеститори донесе владата на Груевски во 2009 година? Ако оправдување е кризата, дали знае колку инвестиции за време на кризната 2009 влегоа во соседните земји?
- Дали ќе продолжи да ги троши народните пари за реклами по глобалните медиуми и за економски промотори без особени резултати, наместо претходно да ги реши клучните предуслови за странски инвестиции - влез во НАТО, преговори со ЕУ, независно судство, правна сигурност, елиминирање нелојална конкуренција и корупција?
- Дали кај премиерот никогаш не се јавил сомнеж како една иста фирма, патем маркетинг-агенција, победува на државни и на локални огласи за јавни набавки од украсување плоштади, преку шиење маици, па се' до набавување панцири?
- Каде е луксузниот хотел зад „Рамстор“, кој требаше да биде готов до есенва?
- Колку вкупно пари досега се потрошени за проектот „Компјутер за секое дете“? Колку вкупно компјутери се набавени, каде се и зошто децата во голем број училишта се' уште немаат компјутер пред себе?
- Зошто владата одлучи најфреквентните патарини да ги даде под концесија, без обврска на концесионерот да ги изгради и одржува и патиштата?
- Зошто и покрај заложбите за мала и ефикасна администрација дозволи нови вработувања со што државниот апарат се искачи на бројки највисоки во историјата, што тој го претставува како намалување на невработеноста?
- Зошто наместо сеопфатна политика на меѓуетничка интеграција, води политика на дневно гаснење пожари со ад-хок средби со коалицискиот партнер?
- За концентрацијата на целата власт во негови раце и фактот дека сам одлучува за многу работи, Груевски неодамна рече дека „не смета оти е автократ, туку добар менаџер“ бидејќи „премиерот е должен да ги следи проектите“. Дали не мисли дека со ова тврдење си го урива митот дека е добар економист? Економската наука за успешен менаџер го смета тој што ќе постави успешни и способни луѓе во секторите на компанијата, а не тој што има директна контрола над сите проекти.
- Горд ли е кога ја гледа или слуша МРТ? Така ли треба да изгледа јавен сервис во земја-кандидатка за членство во ЕУ?
- Дали знае дека додека им зборуваше на Миленко и на Јанко за милионски инвестиции во здравството и тоа се' уште во најава, болните во велешката болница, на пример, буквално се смрзнуваа?
- Дали казнувањето по секоја цена на граѓаните и на фирмите е за да го полни полупразниот буџет? Само со една вечерна прошетка, на пример, по скопскиот булевар Партизански одреди ќе ја увиди селективноста со која се прави тоа.
- Зошто молчи за инсистирањето на бугарската влада декларацијата за добрососедство од 1999 година во најскоро време да прерасне во договор за што официјална Софија му доставила и предлог-документ? Македонската јавност не чула ни збор за ова од својот премиер.
- Како се случи Бугарија од земја со безрезервна поддршка за евроатлантските интеграции на Македонија да стане земја со условена поддршка?
- Ја разбира ли пораката од тоа што српските екскурзијанти на чело со српскиот вицепремиер Ѓелиќ во Брисел ги дочекаа Оли Рен и Билстром, во Рим - Франко Фратини, а нашите во Париз добија ниво - портпарол на МНР?
- Зошто нема ниту обид да се постигне внатрешно единство за да се засили македонската позиција во преговорите за името?
- Зошто за името дава интервјуа само кај тие што се декларираа како „чувари на уставното име“, а одбива дебата со тие што се залагаат за компромис?
- Дали партијата или Владата на кој било начин ги финансираат институтите и кампањите за напуштање на преговорите? Која е вистинската политика на ВМРО-ДПМНЕ - таа што затскриено ги помага протестите пред зградата на ЕУ или таа што организира прослави за визната либерализација?
- Дали на обвинувањата што ги шири неговата партија дека новинари зеле пари за да застапуваат грчки ставови за името, по аналогија може да се каже дека и државното водство што ја уништи македонската позиција во корист на Грција, ги изгуби симпатиите и статусот на жртва во спорот и направи од готово - вересија со приемот во НАТО под привременото име, зело пари за тоа?
- Каква полза има Македонија од внатрешната констатација дека Грција не сака да се реши спорот? Како планира да ги разобличи во меѓународни рамки ригидните грчки позиции и да ги врати симпатиите на наша страна?
- Што се случи со битките за правата на децата-бегалци од Егејска Македонија? Дали писмата и најавите за адвокатска помош беа само маркетинг за домашни политички поени? ...
- ГРУЕВСКИ - итервју во Јади Бурек - дел за името ... неможе и во Грција и во Македонија да има Македонци ...
- ГРУЕВСКИ ЗА ЕКОНОМИЈАТА - во интервјуто во Јади Бурек ... Македонија спаѓа во група на земји со ниско задолжување и не е точно дека имаме обемен буџет
- ЗА БУЏЕТОТ НА РМ - во интервјуто на Премиерот кај Јанко Илковски во емисијата Јади Бурек ... “Диригиран Државен Социјализам“
- ГРУЕВСКИ - на народот му се обраќа во народни емисии ... Од што се плашат Грција и Бугарија, од севкупноста на Македонија ли ?
No comments:
Post a Comment