Search This Blog

Saturday, December 12, 2009

ГРУЕВСКИ - итервју во Јади Бурек - дел за името ... неможе и во Грција и во Македонија да има Македонци ...


Сношти Премиерот Груевски имаше исцрпно тричасовно интервју во Јади Бурек. Мој интерес се три теми кои во интервјуто беа детални елаборирани, за преговорите за името, за плановите на Премиерот што понатаму (по седми декември) и за еконосмските теми кои беа третирани во интервјуто. Во овој пост ке се осврнам на реченото за преговорите со Грција за нашето име. Бидејки делови од интервјуто ги снимав, ова ке биде своевиден транскрипт на делови од интервјуто, ке го поткрепам со ЈуТјуб клипови за соодветната тема и на крај ке дадам свои коментари и мислења на темата. Молам во коментари без навреди ...           Повеќе ».....


ИЛКОВСКИ: Кои се најновите барања на грчката страна?
ГРУЕВСКИ: Името на нашата држава да се преименува и новото име да се користии целосно и внатре и надвор. Значи и за надворешна употреба билатерална, мултилатерална билокаква и внатре во земјата. Тоа значи да се смени уставот, и комплетно се` што доаѓа и никаде веќе да не пишува Република Македонија. Имињата да бидат или Република Северна Македонија,  или Република Горна Македонија, или Република Нова Македонија.

ИЛКОВСКИ: А идентитетот да биде соодветен со името ?
ГРУЕВСКИ: Идентитетот да биде соодветен со името.

ИЛКОВСКИ: Значи да не бидеме Македонци туку НовоМакедонци, СеверноМакедонци тоа е она што нонстоп го говорат и народот што го укапира веќе.
ГРУЕВСКИ: Идентитетот да биде соодветен со името. НовоМакедонци ... Исто така јазикот да биде сменет. Исто да биде НомоМакедонски, СеверноМакедонски и така натаму. Побараа истотака и топонимите да бидат променети. Солун да не го викаме Солун, да го викаме Тесалоники, Лерин да го викаме Флорино и така натаму. Побараа истотака кодот на Македонија да се смени МКД и МК, вклучувајки го и интернет кодот. Сето во тоа излагање на Нимиц (веројатно се мисли на последниот предлог на Нимиц). Тоа беше првото посериозно разочарување иако ...

ИЛКОВСКИ: Значи се што меѓународната заедница и сите држави не признале под уставното име како Македонија, сите оние работи што сме ги добиле кодот МК и така натаму, сето тоа да се промени по барање на Грција.
ГРУЕВСКИ: Така  му доаѓа, да. Во бизнис рекабулар комплетно ребрендирање ... и повеќе од тоа. Сепак бизнис вокабуларот не е најсоодветен за еден ваков политички момент.

ИЛКОВСКИ: Можеме ли да речеме преседан во меѓународната политика?
ГРУЕВСКИ: Не сум чул до сега за вакво барање во историјата на светот, до волку да се бараат промени од страна на една држава ...

ИЛКОВСКИ: Ве обвинуваат дека откако Вие сте на власт, дека Грците токму заради Вас и Вашите дела, од една страна нели  преименување на аеродромот, незнам преименување на автопат, тоа го сватиле како провокација и Грците ги максимализирале своите барања. Иако пред неколку дена имав едно свештено лице Отец Јован Таковски кој со своето искуство ни раскажувавте како Грците, Грчките свештеници,  низ дипломатијата која он ја вршел уште седумдесетите години подготвени за негирање на се1 што е Македонско име, Македонска црква Македонски јазик . Интересно е што овие обвинувања кога доаѓаат се во коализија со овие сознанија што ги имаме. Дека Грција одамна работи и се подготвува на негирање на Македонскиот јазик, Македонската нација. Се што е Македонско и како бренд и воопшто како МКД.
ГРУЕВСКИ: Не знам за седумдесетите и тие години како било но знам дека и предходно и предходната влада укажуваше на тоа дека идентитетот им е исто толку битен колку и името, но тоа го правеше малку понеформално, подзаскриено и ние тука пренесувавме, но некако како да не ни веруваа. Кај нас владееше една клима дека ако прифатиме на местото на ФИРОМ да се стави некое друго име сме ја завршиле работата. Дури и вечерва фатив еден мал дел на А2, имаше една емисија - имаше прашање за гледачите: Дали прифаќате да се замени зборот ФИРОМ со некое ново име и така да влеземе во НАТО и ЕУ. Гледачите гледам според тоа што го прикажуваат на А2, прифатија во висок процент. Ама никој не прашува кој ни го дава тоа и дали некој се согласува со тоа. Беањето на Грција ...

ИЛКОВСКИ: Дневник на насловна страна донесе пред неколку години и мислам дека дури и Фрчковски го нагласуваше - дека има скриени точки кои јавноста не ги знае а тоа се точките токму што ги збориме - за барање за промена на идентитетот, бидејки до пред две години кога излегоа оние осум точки на Нимиц, се сеќавате на нив, во осумте точки меѓу кои стоеше и првпат ние како јавност бевме запознати и официјално дека бараат промена на идентитетот, промена на јазикот,  а не само да речеме ... бидејки се сведува некако во високава политика дека ние имаме некое чуство ... аха ... променет го името и готово се ке се реши. Ама не е тоа така. Името е само тројански коњ зад кои се бараат работи кои е невозможно еден народ да ги прифати. Дури и јас лично господине Премиер да сум спремен за некоја додавка, ајде некојпат сме биле Република Македонија, некогаш сме биле Социјалистичка  - па нема да направи голема  промена. Нели како што Тито Петковски вели еве под ФИРОМ останавме Македонци, па ке смениме името ке останеме, ама не е баш така, токму е она што сега ситуацијата и положбата во која ние се наоѓаме а и Вие како Премиер на Македонија ... Како изгледа ова едноставно  невозможно решение. 
ГРУЕВСКИ: Знете што, по средбата меѓу Нимиц и преговарачите се создаде една друга клима која што одеше кон тоа дека најверојатно тоа е некоја нивна почетна позиција, дека брзо ке попуштат,  се роди една надеж дека на можеби на средбата со Папандреу ке слушнеме нешто друго и такаантаму, но на средбата со Папандреу воглавном се повторија работите, тој немаше ништо против тоа да го соопштам на  нашата јавност. Бидејки јас на крајот пошто разговаравме околу саат и нешто, му реков добро сега  Ве ислушав јас Вас но сега треба да дадам и изјава. Јас немам што друго да кажам осем  дека се ова Вашите позиции. Тој вели да кажи го слободно, тоа се нашите позиции и нема бегање од тоа. Така што тоа е тоа. Дури и ...

ИЛКОВСКИ: Тоа се позициите промена на идентитет, промена на јазик, промена на име, така ?
ГРУЕВСКИ: Значи, јас му кажав уште во самиот почеток дека јас немам мандат да разговарам за идентитет и дека немам намера да го правам тоа - но тој вели добро си дошол тука на гости и сакам да ме ислушаш да го кажам нешто. Ова беше во Преспа разговорот? Во Преспа да. Практично тој поголем дел од неговиот дел кога збореше ги објаснуваше нивните позиции ... го образлагаше нивното барање за промена на идентитетот.

ИЛКОВСКИ: Зошто, како го образложуваат тоа?
ГРУЕВСКИ: Колку што можев да разберам, тој смета дека неможе и во Грција и во Македонија да има Македонци. Пошто кај нив имало Македонци ... и они се чувствуваат практично наследници на Македонците и како сега и во друга држава ке има Македонци? И ако денеска имаме незнам во Германија Германци, во Австрија Германци, во Швајцарија Германци ... Нонсенс ми е малку ситуацијава, добро ... Имаме Срби во Босна, во Црна Гора во Македонија ... Грци во Кипар и така натаму ... но одприлика тоа е нивната позиција и дека неговиот став е дека без тоа прашање дека тешко ке можеме да постигнеме некаков договор и дека тие нема да можат без договор да се согласат за отворање на процесот на преговори на Република Македонија со ЕУ. Јас на крајот апелирав, замолив ако може барем сега да не не блокираат. Јас му реков Вие имате најмалку 70 пати можност ... Го побаравте директно од него да не не блокираат ... Да, да, да ... Тое е во средбата која ја имавте во Брисел со Папандреу ? ... Не, не, не во Преспа. Му реков дека имаат барем 70 пати можност да не блокираат во текот на преговорите со ЕУ. Затоа што има 34 поглавја, и при отварањето и затварањето на секои поглавје имаат право да не блокираат, плус на крајот може да не блокираат, да не го поминат документот за прием на Македонија во ЕУ, да не го поминат во Парламент. Додека не го поминат нема прием. Значи треба сите земји членки да го поминат. Јас му реков имате толку многу можности, еве викам гледам има некоја добра клима општо земено, дајте да не ја растураме таа добра клима. Пуштите не сега, паралелно да ги почнеме разговорите за ЕУ и паралелно ке разговараме со Вас да бараме решение на проблемот. Не вели не, тоа не можам да го направам не нема да можеме да гласаме за оторање на преговорите додека не го решиме спорот за името ...

ИЛКОВСКИ: Овие максималистичи барања не се ништо ново, ова не е нешто ново извадено, ова е едноставно како зреат преговорите така едноставно излегува на видело што се нивните барања ...

ГРУЕВСКИ:Да, да во основа не се тоа нови барања, во основа не се ... само што порано потака беа затскриено соопштувани и тука не сакаа да се прифатат. Толку имаше пропаганда дека тоа нема врска, што дури имав впечаток дека и луѓето околу мене не беа до крај убедени дека навистина тоа ни се бара. Во една прилика Влатко Ѓорчев се сретна неформално додека јас бев на ИПП самитот во една друга просторија се сретнал со некој Заменик Министар на Грција за Надворешни работи ли беше - не се сеќавам, со кој што на времето оделе на некои семинари од политичките семинари што се оди преку партија во други држави и така се запознале. Тогаш и тој не тоа што бил функционер и Влатко бил нели некој млад активист во партијата и како си што си, не сме се виделе со години, што си ти, што сум јас ... се сретнале испиле по едно кафе, вака неформално и овој му кажал за нас идентитетот е поважен од името. Доаѓа Влатко Ѓорчев и вика леле јас сум запрепастен. Му велам колку пати ти кажав јас на тебе до сега. Така што понекогаш и луѓето околу мене не дека не ми веруваа, но не можеа да си поверуваат и себеси дека е таква позицијата. Сега веќе се отворија картите во тој поглед.

ИЛКОВСКИ: Значи Грциве би прифатиле и Република Македонија да остане, ама ние да бидеме РепубликоМакедонци ... а хм,хм,хм ... карикирам ама така исаѓа.

ГРУЕВСКИ: Тоа е карикирање ама не можам да речам дека ке го прифатат тоа.

ИЛКОВСКИ: Грците излегуваат јавно со своите црвени линии и така натаму. Претпоставувам, Вас ве бомбардира опозицијата и го бара тоа - кај се нашите позиции ... претпоставувам дека  нашите позиции зошто не се соопштуваат, дали е тоа заради преговарачкиот процес.

ГРУЕВСКИ: Нашите позиции ние сме ги соопштиле сто пати ако речам веројатно е малку, којзае колку пати, ние имаме програма за тоа  објавена, Програмата на ВмроДпмне во која што јасно пишува на страна 146 кои се нашите позиции, така да од нас се бара да ја објавиме стратегијата како ке преговараме. До кај ке се согласиме и до кај понатаму нема да се согласиме. Ние тоа ако го кажеме која ни е стратегијата на пример на Црвенковски, тоа исто како на Папандреу да сме му  ја кажале стратегијата и тогаш стратегијата нема никаква вредност. Тоа е исто како да му кажам јас на Папандреу слушај сега јас ке преговарам со тебе и да знаеш дека ке попуштам до таму, ама сега прво малце нема да попуштам, ама на крајот до толку ке попуштам, да знаеш. Тоа не се прави така, не се кажува јавно тоа. Не се кажува како ке почнеш како ке завршиш, што ке побараш, што нема да побараш, на кој начин ке ги водиш разговорите. Не оди тоа така. А ние кога да се сретнеме во минатото барем со Црвенковски, потоа не да истекуваат работи во јавноста, него и се додаваат. Така што јас сега имам чувство кога му зборам на Црвенковски непто за тоа, исто како да му зборам на Караманлис или на Папандреу сега и треба да си направам штета, штета за државата да направам.

ИЛКОВСКИ: Она што ке го споделите со Црвенковски после излегува во јавност ...

ГРУЕВСКИ: Не сумо што излегува, него уште поштетно од тоа што треба да биде. Со додавки, со измени.

ИЛКОВСКИ: Господинот Црвенковски многу џентелменски Ви фрли ракавица, рече - зацементирајте го идентитетот, потпишувам бланко за било која промена на името.

ГРУЕВСКИ: Добро, Јас кажав во повеќе наврати дека скоро со секоја нивна изјава ни ги поткопуваат позициите. Сега една од главните работи што се збори кога ке се сретнеме е - ни викаат Вие мора да попуштите повеќе, гледате Папандреу има опозиција којашто жестоко го притиска ништо да не попушти, Вас Ве притиска опозицијата да попуштите се`, само за идентитетот кога ке го спомнат кога не. Така што Вие сте во многу поповолна позиција да попуштите. Они тоа го знаат, не го прават случајно. Значи свесно се оди на тие работи. Свесно се поткопуваат позициите, свесно постојано намалување на позициите, постојано попуштање, постојано менување. Којзнае колку досега смени позиции самиот Бранко Црвенковски. Беше за двојната формула, па потоа смени кажа дека би прифатил сложено име некое го кажа на некој факултет. Па потоа дека политичка одредница би прифатил, ама не друго ... Па пота ај не политичка географска одредница. Па сега се прифаќа само не промена на идентитетот, значи прашање на време е кога и за идентитетот ке каже дека ајде терајте ...

ИЛКОВСКИ: Рековто на почетокот дека немате мандат за разговарате за идентитетот.

ГРУЕВСКИ: Апсплутно и на крајот и на почетокот ...

ГРУЕВСКИ: Папандреу неможе да најде влада во Македонија што ке му ги прифати ваквите барања. И дека ако тоа навистина му се позициите, незнам веќе неколку пати нели се гледаме, кумуницираме што ние што преговарачи ако навистина така планира, навистина ситуацијата е неразбирлива и во Европа не може да ја разберат.

ИЛКОВСКИ: На средбата со Фуере денеска, што беше тоа лидерска средба или ручек. Некој го вика лидерска средба, некој ...

ГРУЕВСКИ: Тоа Црвенковски го нарече лидерска средба бидејки му требаше нешто да нападне. Тоа е една покана од пред недела дена што ја имаме од Фуере, за заеднички ручек со претседатели на неколку партии, во кои што тој не охрабри, сека не треба да се разочараме од тоа што се случи во Брисел, дека треба да продолжиме со нашата борба за ЕвроАтлански интеграции, односно во случајот за интеграција на Македонија во ЕУ и дека не е се загубено, дека имаме во наредните шест месеци уште шанса, дека не треба меѓусебно да се препукуваме туку  да се фокусираме како да ја оствариме државната и национална цел. Што беше коректно од негова страна, со задоволство бев таму. Тој прктично предпоставувам знаеше како што и се најавуваше дека ке се случи ова и затоа предвреме го закажа ручекот за да не охрабри, да испрати охрабрувачка порака.

ИЛКОВСКИ: Дали европските земји знаат дека од нас се бара и промена на идентитет?

ГРУЕВСКИ: Сега се повеќе дознаваат, претходно не баш. Затоа што они сосема за други работи некогаш се брифирани од страна на грците. Се игра, се манипулира тука. Што знаат они ? Дека ние само сме тврди и нејќеме да го промениме името. Тие што сме ги сретнале во овој период се знаат, све сме им кажале. Како реагираат они на сево ова ? Некој се смее, некој неможе да поверува. Има ли некој што вели па не е проблем промена на идентитет. Не, не сум сретнал такви. Тогаш на што се должи подршката на Грција ... Има некој што не се навлезени во проблематиката и повшно кажуваат, веднаш даваат некој предлози и идеи, се случуваат такви ситуации. На некои на прв поглед ке им се зачини лесно па ке почнат да ни даваат идеи ... Добро, кога ке сватат после колку е длабок проблемот и колку е суштински, на крај сами ке кажат извинете на почеток мислев дека е ова едноставно, ама сга по разговорот што го направивме сваќам дека е посложено и многу подлабоко и дека е тешко прво човек да го разбере, и од кога ке го разбере треба и малку повеќе време и енергија да се потроши за да се дојде до некоја квалитетна идеја, така да има такви што на почеток ке спомнат нешто од незнаење, неинформираност, ...

ИЛКОВСКИ: Нели сме ние виновни заради тоа ? Нели требаше со годиниве наназад добро да ги избифираме евопските земји - што од нас се бара.
ГРУЕВСКИ: Правиме се што можеме Јанко. Не беа задоцнети малце овие ови кампањи и овие турнеи правење ... Не сите до еден да ги информиравме како што и најголемиот дел успеавме да ги информираме, на крајот Грција вика дека нема да дозволи. Можеш буквално се да информираш но на крајот правилото во ЕУ е еден ако е против, се запира работата инаку пред малце ти спомна дека јас сум ги иритирал грците со аеродромот и затоа сега станале потврди, па ако биле претоа помеки што не го реши Црвенковски проблемот, 15 години беше на власт можеше да го реши, ни аеродром имаше ни патишта, ништо ... Па созреа сега проблемот Господине Груевски ... Зошто созреа сега, 15 години го влечеме имавме ембарго 2 години, имавме затворена граница. Што посозреан може да има проблем ако ти стават ембарго. Сакате да кажете неможе ни он да го реши тој проблем, а неможете ни Вие да го решите ... Ова аеродроми и тие работи, мислам тоа е политиката од страна на Грција. Чувствувате ли дека можете да го решите овој проблем Господине Груевски. Се борам Јанко, не можам да кажам ни дека чувствувам дека можам, ни дека неможам.

ИЛКОВСКИ: Има ли шанса, има ли наговестување, некоја тајна дипломатија некој ишарети дека може Грците да попуштат во нивните максималистички барања или остануваат на тоа, нели рековте ова, првпат да слушнеме од Премиер во еден разговор од друг Премиер, дека они неможат да прифатат постоење на два Македонски народа. Еден е Македонскиот народ во Грција а све што е надвор е друг народ и тој треба да се преименува и да нема никаква врска и историја и така натаму. Ова само да го потврдам. Ме интересира во Брисел знам дека требало и многу ги интересира а Вие немавте ни брифинг со новинарите за да им објасните, па ја користам оваа прилика на пошироката јавност да се слушне сево ова што можеме да дознаеме. Зошто некои земји дадоа подршка на Македонија а зошто некои не. Тука прашувам зошто Шпанија и Грција беа цврсто на страната на Грција, Зошто Германија беше воздржана, зошто Бугарија не збуни, добивме информација дека Бугарија истотака се држела на страна а искача во весници изјава на Бугарски политичари кои викаат ние ја подрживме Македонија.
ГРУЕВСКИ: На ова прашање ке ми дозволиш да не одговорам, бидејки кажувајки која земја на наша страна била, која не била - ги ставам во непријатна ситуација тие што биле на наша. Затоа што тие не сакаат да си ги нарушат до таа мера односите со Грција, за сега цел свет да пишува дека они биле за Македонија, биле против Грција и така натаму. А можеме ли да сватиме дека е тоа нивни антагонизам спрема Македонија ... Ке направам една мала штета, во иднина ке се почуствуваат понепријатно да не подржат. Ке речат ај кај Ве подржуваме па уште не бламирате на секаде дека сме против Грција и така натаму, така да ради функсијата што ја носам не сум во можност да ги коментирам тие работи, но се разбира вака еден општ одговор ке дадам дека во прашање се тие општи интереси, во прашање се одредени релации, во прашање се други државни работи, соработки разни во областа на одбраната, безбедноста и така натаму ...

ИЛКОВСКИ: Во ред, осподине Груевски Вие бевте овдека гостин пред пар години. Имавме едно предновогодишно обраќање и кога ниеден новинар а и медиумите многу не се занимаваа, тоа беше некои добри четири пет месеци пред Букурешт да се случи. Букурешт ни се случи, сакам една паралела Букурешт со ова што ни се случи. Фуере вика не ги споредувајте, сосема се различни овие работи, мада јас имам одбивање и од двете страни а Вие рековте тогаш кај мене во емисија, рековте дека ако се бара промена на името на Република Македонија за да влеземе во НАТО, јас не се согласувам со тоа. И останавте на тој став. Мислам остана... промена ... Дали останавте или не не навлегувам, но остана тоа така и ни се случи Букурешт. Ме интересира дали Букурешт и ова одбивање во Брисел можеме исто да ги споредиме во таа тежина.
ГРУЕВСКИ: Тоа беше исто денеска една од дискусиите, една од дискусиите беше и да нема ЕвроСкептицизам. Јас мислам дека нема ЕвроСкептицизам. Фуере апелираше до лидерите да внимаваат да не се создаде ЕвроСкептицизам  во Македонија. Некои дури рекоа дека веќе го чувствуваат. Моето мислење е дека во Македонија и тоа го кажав таму, дека во Македонија во овие денови после Брисел имаме практично разочараност од тоа што се случи во Брисел ... Огромна, јас ке Ви кажам према граѓаните со кои контактирам секоја вечер ... Имаме чувство на неправда. Тоа не е ЕвроСкептицизам. Но во секој случај лично мслам дека нема ни да се развие до таа мера ЕвроСкептицизмот, можеби некои индивидуи ке се разочараат до таа  мера што ке прејдат во ЕвроСкептици но генерално не е ситуацијата така. Тоа беше едната тема и втората тема беше мислам дека Јован Манасиевски го отвори прашањето и праша отворено дали е точно дека ... како гледаме на ова со Букурешт. Споредбата, Јас мислам дека и овде ке ја употребам онаа работа што ја кажав пред малце околу формата и суштината. Формата меѓу Букурешт и Брисел е различна. Таму имавме јасен заклучок во кој што се кажува, кратко кажано парафразирано, договорете се за тој проблемот па после тоа ке влезете во НАТО, односно ке ја добиете поканата. Но Македонија направила се и дека е спремна да влезе во НАТО ... Да, да тоа да не го пофторувам, иљадапати е повторено дека реформите се исполнети и дека модернизацијата е направена, условите, бенчмаркови тоа го кажаа сега и во ЕУ, имавме извештај на 14-ти декември во кој што добивме позитивно мислење и препорака за почеток на преговори со оглед дека земјата направи прогрес, напредок исполни  бенчмарковите, реформите ... Значи да не беше прашањето со името, ние веќе ке имавме датум за преговори, така? Да не беше прашањето со името со сигурност, немаше да биде тема дали ке добиеме датум за преговри. Значи не можеме да збориме дека земјава нешто заостанува со ...


ГРУЕВСКИ: Суштинате е дека ни на едното место ни на другото, како што кажува Грција, ние нема да можеме да ги почнеме преговорите доколку не се дојде до одредено решение, кое што за нив ке биде задоволително и кое што они ке го прифатат. Затоа што и во овие шест месеци што доаѓаат, ние еве да продолжиме со реформи со модернизација, значи тука да не ни стават забелешка, да продожиме со разговори со Грција - ако не најдеме со нив решение, тие незнам во Март или во Јуни ке најдат некоја друга можност пак да се одложи или во крајна инстанца ке го блокираат класично. Имаат право да го блокираат тоа. Барем такви се сега нивните однесувања и такво дознание даваат. И од таа гледна точка ние многу немаме којзнае колкава разлика тоа што беше во Букурешт и тоа што е сега. Има разлика но не преголема. Во една прилика реков: Софистицирана варијанта на Букурешт.

ИЛКОВСКИ: Дали сме условени решете го проблемот со името па ке добиете датум за преговори ?

ГРУЕВСКИ: Формално не, неформално да. Формално во текстот нема такво условување, неформално врапчињата на гранките знаат дека тоа е тоа ...

ИЛКОВСКИ: Покренавте процес пред меѓународниот суд за ставањето на вето на Грција за интеграцијата, што значи излегување на Грција од Времената спогодба, и Вие го почнавте тој процес ... Процесот е во тек ... Ме интересира една работа, дали Грција може да се извлече од таа работа, бидејки формално не беше ставено вето, формално во Букурешт ние не добивме вето.

ГРУЕВСКИ: Мислам дека не може, од причина што ... тоа не советуваа и експертите што ги ангажиравме од Америка од Англија и од не се сеќавам од која трета држава беа, ... од причина што во договорот во `95 година, не пишува дека Грција нема право да не блокира и да стави вето, туку нема право да ПОПРЕЧИ зачленување во мултирателана органицација доколку зејата се согласи да влези под привременото име Поранешна Југословенска Република Македонија. Има премногу докази дека тие попречија а има толку многу изјави во кои што тие самите кажуваат дека попречија, што веќе нашите адвокати ни викаат не ни ги праќајте веќе ги имаме премногу. Значи имаме толку многу исјави за пред судот на самите Грци, самите функционери од Грција, фалејки се дека не попречиле, блокирале и така натаму, што едно време МНР ги праќаше одвреме навреме како ке ги собереше и како ги приеведуваше и едно време од таму ни јавија адвокатите доволно е не праќајте премногу материјал имаме, доказен. Така што од таа гледна точка  навистина би било изненадување за мене доколку они докажат дека не не попречиле, пошто самите кажаа дека не блокирале.

ИЛКОВСКИ: Вистон Черчил вели: потребно е еден политичар да биде визионер, ама не да гледа премногу далеку, туку во блиска иднина. Ме интересира, дали размислувате во некои други варијанти, бидејки се соочуваме со просто невоозможна ситуација а таа невозможна ситуација е дека проблемов еве со години се преговара, без оглед кој преговара, без оглед јас мислам дека нема политичар, нема политичар ни најрадикален македонски политичар проевропски или прогрчки кој би се согласил на сите можни промени  што Грците ги бараат. Искрајно верувам во тоа, можеби сум наивен но тоа, но ме нтересира дали со овој процес се размислува дека ако ова продолжи вака а неможе во недоглед да продолжи и станува невозможна мисија, дали се размислува за некој радикални потези. Прво да Ви кажам должен сум од името на гледачите кои се јавуваат овде - бараат прекин на преговорите, второ ова е све иедја од гледачите, наивни или не јас само чувствуам должност и од оние писма што сум ги добил, прекин на преговорите бидејки на сите им е јасно дека нема политичар а и тој што ке се одлучи на такво нешто ке мора да се соочи со страшен радикализам кој ке произлезе после бо Македонија, наводно, незнам, предпоставувам ... Ако некој потпише промена на име, промена на идентитет, промена на јазик, промена на Црква. Прекин на преговори и да одпочнеме, постапка за прием во Обединетите Нации под нашето уставно име. Колку е ова научна фантастика, колку е реално, колку може еден политичар да го има во некоја фиока, затоа што и незнам како ги гледате Вие, може ли уште пет години оваа статускво ситуација. Грците гледам немаат проблем да не држат уште долго. Од друга страна почуствувавме некои изјави како за шест месеци до година дена, како што вели Папандреу ке го решиме проблемот ...

ГРУЕВСКИ: Знаете, кога го слуша него човек, се добива впечаток дека он навистина сака да го реши проблемот, но во најмала рака факт е дека не сакаше сега да го реши. Јас незнам како ке биде понатаму, кога говори и јас вака кога го слушам по телевизија има впечаток како да сака, но кога ке седнам да зборам за суштината, комплетно ми се менува впечатокот. Во твоето излагање по мене имаше два дела би ги одвоил. Првото е прекин на преговорите и второто е одење во Обединетите Нации.

Околу првото има по мене најмалку две причини поради кои мислам дека тоа не е добра варијанта има и повеќе но ке се задржам да две. Прво јас сум Премиер, Претседател на Влада, јас сум платен од граѓаните и избран да барам решенија на проблемите а не да прекинувам, преговори да прекинувам разговори, и така натаму. Македонија 90 посто од Македонците сакаат да влезат во НАТО и ЕУ, но имаме проблем со Грција. Тој проблем сега во моментот до таа мера е неразумен што е дури и дрзок и безобразен како предлог што ни се дава. Меѓутоа, прекин на преговорите не е решение. Ние мораме и јас лично како Премиер и луѓето во Владата да продолжиме да се бориме. Да бараме решеније, ако не може сега со ова, па понатаму да бараме друго, трето и така натаму, значи - не смееме да застанеме во нашите напори, ние сме избрани за да се бориме, не сме избрани за да стоиме и само да чекаме времето да помине и нешто да ни падне од небо. Ние мораме да работиме затоа што знаеме 90 посто сакаат да влезат во ЕУ. Јас разбирам дека не сакаат да влезат под овие услови, затоа не сме влезени досега. Да сакаа да влезат под овие услови најверојатно сосема друга клима ке имавме и до сега може ке бевме многу подалеку од она што сме сега, но застанување и прекин е нешто што мислам дека не кореспондира со она што го имаме како обврска, како политичари да се бориме максимално и да не застанеме во некоја борба барајки решение. Јас незнам дали ке го најдеме, можеби ке го најдеме можеми нема, ке направиме се1 што е во наша моќа да го најдеме, но мораме да се бориме.  Тоа е орвиот одговор. Вториот одговор е прекин на преговорите во дипломатските кругови и секаде во Европа ке значи крајно осудување на Македонија и крајна подршка на Грција. Значи тие што се движат повеќе во дипломатски кругови или се движеле во минатото, политичари, дипломати и што јас знам новинари и така натаму би требало добро да знаат дека прекинот ке значи дека целата вина оди кај нас, Грција се оправдува, и тогаш, тогаш сите се протв нас на некој начин. Тоа е лошо, тоа е прилично лошо решение.

А вториот дел околу одењето во Обединети Нации, тоа не можеме да го направиме сами доколку немаме подршка од оние кои што имаат постојано членство во Советот за безбедност, кои што имаат и право на вето и така натаму, и засега ние немаме на некој начин нити ваква нити онаква, нити преќутна ниту било каква препорака  или било што за да се прави тоа. Затоа што во светот има многу поголеми сили кои што за да помине такво нешто би тебало да се согласат и тоа не се прави баш така едноставно како што луѓето замислуваат. Ги разбирам луѓето, веројатно и јас да бев на место на некој од граѓаните кои што не биле вклучени во дипломатските кругови можеби и јас така ке размислував, но така лесно одење на Генерално собрание и на Совет за безбедност е преризична варијанта и може да се доведеме до една непријатна ситуација. Засега такво нешто не е во опција.

ИЛКОВСКИ: Докога овој статускво можеме ние да го исдржиме?

ГРУЕВСКИ: Ние Јанко ... во која смисла статускво ? во смисла на разговорите за името?... ние не смееме ... во смисла не вледуваме во НАТО, не влегуваме во ЕУ, преговорите не можат, ние не можеме да прифатиме промена на идентитет, тие ако не попуштат за тоа, до каде до кога можеме да продолжиме ... Борба, мораме да продолжиме да се бориме, не смееме да застанеме и не смееме вака дефетистички, извини малце ова ми звучи, еве ова не прифаќат они не прифачаме ние ... Нештата се менуваат, ... Не е дефетистички Господине Премиер ... ништо  на светот не останал исто по одреден број на години, се менуваат расположенија, се менуваат подршки, се трошат кредити, се добиваат и некои нови идеи некогаш ... Сакам да прашам, друго ми е не влегуваме во НАТО, не влегуваме во ЕУ. можеме ли ние да ...




ИЛКОВСКИ: ... во оваа земја Јас би сакал Македонија да ја перцепирам како Швајцарија и Швајцарија не е во рамките на ЕУ ...

ГРУЕВСКИ: Она што е важно е ние да не застанеме со работење, да ја подобриме севкупната економска ситуација, да го подобриме квалитетот на живот, да донесеме подобри закони, да донесеме подобри мерки, да одиме напред, да направиме подобра бизнис клима, ... Еве визите сега ги завршивме, на 19-ти почнува визната либелализација, так што тоа е нашата задача тука да нема статускво. На тој дел да се продолжи со реформите со оние работи што се ветени да се исполнат, некои се исполнети, некои се исполнуваат, некои допрва треба да се исполнат. Така што ние и пред десет години не сме биле во ЕУ и во НАТО ама од десет години порано до сега имаме многу промени во земјата и многу подобрувања. Така што паралелно треба да си се бориме, земјата да си ја направиме како Евопа, мерките што ке ги направиме да бидат европски, законите да ни бидат европски, условите за работа за бизнис, за судство за администрација и така натаму да ги подобруваме, и паралелно да се бориме да добиеме деблокада од ова што го имаме сега за и формално да се приклучиме на НАТО. Ние на некој начин ги имаме преземено обврските за НАТО затоа што имаме процентуално гледано по глава на жител мислам дека сме пета земја по број на испратени војници во Авганистан и имаме процент каде каде повеќе и од самата Грција. Значи ние обврските ги преземавме но уште го немаме добиено правото за да станеме членки. Еден ден ке дојде и тоа. Ништо не останало закопано на едно место без да се предвижи. Нештата се движат, но човек мора да вложи енергија напор и да се бори понатаму: Несмее да застане.

ИЛКОВСКИ: Господине Премиер Ви благодарам за овој прв дел од разговоров ...

3 comments:

Unknown said...

Respect за целиот труд!

Ме интересира, инаку, со што софтвер ја снимаше емисијата и каква ТВ картица користиш? Фала многу :)

Photo Volan said...

Со скоро било која ТВ картица може да се прават слични ефекти ... се разбира поскапите имаат повеќе можности.

Anonymous said...

Interesen e delot sto posebno sakas da go potenciras od intervjuto na Gruevski ".....nemoze i vo Grcija i vo Makedonija da ima Makedonci ..." demek kolku ja utnal premierov i razbirlivo toa go pravis so namera,ama nema gajle,jas barem mozam da te razberam ... e sega definitivno i tamu i vamu ima Makedonci,toa go znaeme,pa neli po tatkova linija e od preku granicata,vo ovoj slucaj se misli na Grcite koi naednas se prikazuvaat kako se osekaat kako Makedonci i toa 2,5 milioni .....valjda ne si go razbral poinaku ili mozebi gresam? A?

Blog Archive

Site Meter