Search This Blog

Monday, December 21, 2009

Костоперска Карпа (Жеглиговски камен) - Младо Нагоричане ... Kostoperska Karpa - Mlado Nagoricane

http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/8-7Small-1.jpg?t=1261411963
1. Костоперска Карпа (Жеглиговски камен) - Младо Нагоричане јужна страна ... Kostoperska Karpa - Mlado Nagoricane. Археолошкот локалитет Костоперска карпа (Жеглиговски камен) - Младо Нагоричане, е позната енолитска населба која има контиуиран живот во неколку века. Таа е повеќе­­слој­на населба.               Повеќе ».....


Се наоѓа на 9 км североисточно од Куманово, од левата страна на патот Куманово ‑ Кри­­ва Паланка. Во археолошката литература е поз­­­нат уште како Св. Петка. Прет­ста­вува висок рид од базалтна карпа со необичен облик што до­ми­­нира над околниот терен. Во 1983 година со ма­ли заштитни ископувања се откриени и истраже­ни 6 гробни целости од првата половина на IV век пред н.е. Во 1987 година се вршени нови ископувања. Резул­та­тите од севкупните работи покажале дека се ра­бо­ти за голема населба со широк хронолошки и кул­ту­рен континуитет. Најдолго населување е при­сутно на највисокиот дел на карпата акропо­­лот, од­носно платото кое на извесен начин било при­род­но заштитетно. Културните слоеви дос­­­­тиг­­­­­нуваат де­­­белина од преку 2 м. Најстарите оста­то­­­­ци по­тек­нуваат од енеолитското време....  
На јуж­ни­от крај на терасата се откриени делови од садови со фактура и орнаментика карактеристични за же­лез­ното време II. ...  
Сондирањата и деталната опсервација пока­жале дека на акрополот има керамички оста­тоци од IV-III век пред н.е., кои по орнаментиката и фор­мите претставуваат копии на хеленистичката кера­мика. Најмногубројни се остатоците од доцноан­­тич­­кото време (IV-VI век). Заедно со фрагментите од садо­ви и градежна керамика во централниот простор се откриени и остатоци на темели од об­јект со апсида (можеби базилика), како и остатоци од бедем. Околу овој објект се истра­жени 7 сред­но­вековни гроба. Кул­­тур­­­ната хроно­логија на Косто­перска Карпа завр­­шу­­­ва со времето на тур­ското вла­­­деење, претста­­вено преку фрагмен­ти од жолто и зелено глеѓосани керамички садови. .. ...  
Посебно археолошко откритие претставува подземниот објект издлабен во јуж­ни­от дел на Карпата. Се работи за објект со архитек­тонски ансамбл од една главна просторија со ис­пусти што потсетуваат на клупи, неколку ходни­ци и два резервоара, обезбеден со вертикални отвори за про­­­­­ветрување, кој според големиот број керамички наоди е датиран во V-VI век. (Цитирано од Археолошката карта на Македонија том I, МАНУ, Скопје 1994)

Во подножјето на Костоперска Карпа постои Црква посветена на Света Петка, 1682 година. Во околината има многу стари гробишта. Всушност во Младо Нагоричане постојат три места каде се вршело/врши пограбување. Тука во  Света Петка, во дворот на соседната Црква Свети Ѓорѓи XI,XV век - под Вуевскиот Камен и во дворот на новата Црква Успение на Богородица - Младо Нагоричане, Црква во која гледа прочуениот Борче Стефановски ...

Костоперска карпа представува всушност дел на низа од пет вулкански висови, кои секој кој патува по патниот правец Куманово Крива Паланка ке ги примети на деветиот километар, начичкани еден до друг, веднаш одкако ке се одмине блискиот сличен вулкански вис Зебрњак - каде се наоѓа Спомен костурница на погинатите србски борци (687 убиени, 3.280 ранети, 597 исчезнати) во текот на прочуената Куамновска Битка 23 и 24 Октомври 1912 година (Прва балканска војна Србија-Турција).

http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/8-1Large.jpg?t=1261414334
2. Мапа на вулканските висови околу Костоперска Карпа (клик на мапата за поголема):
  1. Костоперска Карпа т.е. Жеглиговски Камен - во подножје е Црквата Света Петка 1682 година.
  2. Вуевска Карпа, делот кај што се извисуваат два столба на мобилни телефонски оператори. Судбина е на повеќе места мобилните телефонски оператори да ги лоцираат своите столбови над археолошки локалитети. Во подножјето постои Црква посветена на Свети Ѓорѓи XI,XV век ...
  3. Шодин Камен
  4. Вуевски Камен
  5. Пркин Камен
  6. Зебрњак 
 http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/8-0Small.jpg?t=1261416295
3. Мапа на Костоперска Карпа на база на Гоогле снимка ...
Во продолжение ке ви преставам фото запис од овие вулкански карпи, на кои се чести и записи од таканаречената Карпеста уметност.
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/8-4Small-3.jpg?t=1261416752
4. Костоперска Карпа
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/8-5Small-1.jpg?t=1261416919
5. Костоперска Карпа најдесно, лево двата дела на Вуевскиот Камен ... сликано од Зебрњак ... Во подножјето се гледа полето каде се одвивала познатата Куамновска Битка
 http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/8-6Small-2.jpg?t=1261417084
6. Костоперска Карпа - западна страна
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/8-8Small-1.jpg?t=1261417275
7. Костоперска Карпа - јужна страна
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/8-9Small-2.jpg?t=1261417348
8. Света Петка
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/8-10Small-2.jpg?t=1261417508
9. Костоперска Карпа - источна страна, во подножје е Основното Школо “Христијан Тодоровски Карпош“, обновеното игралиште за мали спортови ... лево во позадина е Зебрњак.
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/8-11Small-1.jpg?t=1261417769
10. На Света Петка тука врие од народ, се слави навечер ден пред Света петка и на денот ...
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/8-12Small-2.jpg?t=1261417952
11. Мала еднорабна Црква Света Петка - 1682 година
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/8-13Small-2.jpg?t=1261418088
12. Околни стари гробишта, кои сеуште се користат за нови погребувања.
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/8-14Small-2.jpg?t=1261418176
13.
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/8-15Small-2.jpg?t=1261418273
14. Костоперска Карпа - северна страна
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/8-16Small-2.jpg?t=1261418350
15. Костоперска Карпа гледана од Старо Нагоричане
 http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/8-17Small-2.jpg?t=1261418490
15. Костоперска Карпа централно, лево Шодин Камен, десно Вуевска Стена (локален назив) - гледано од Старо Нагоричане
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/8-18Small-2.jpg?t=1261418641
16. Вуевска Карпа, гледана од Зебрњак
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/8-19Small-2.jpg?t=1261418793
17. Вуевска Карпа гледана од патот Куманово - Крива Паланка
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/8-20Small-1.jpg?t=1261419468
18. Вуевска Карпа - западна страна
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/8-21Small-1.jpg?t=1261418871
19. Вуевска Карпа - гледано од југоисточната страна
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/8-22Small-1.jpg?t=1261418960
20. Свети Ѓорѓи XI,XV век - под Вуевскиот Камен
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/8-23Small-1.jpg?t=1261419068
21. Околни гробишта
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/8-24Small-1.jpg?t=1261419147
22. Вуевска Карпа - источна страна
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/8-25Small-1.jpg?t=1261419222
23. Вуевска карпа гледана од страната на Старо Нагоричане
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/8-26Small-1.jpg?t=1261419308
24. Шодин Камен - гледан од Зебрњак
 http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/8-27Small-1.jpg?t=1261419700
25. Шодин Камен - северна страна
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/8-28Small-1.jpg?t=1261419824
26. Вуевска Карпа со делови од Вуевска маала гладано од Старо Нагоричане
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/8-29Small.jpg?t=1261419917
27. Вуевска Карпа гледана од ископот на глинината наменета за КИК Куманово
http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/SkopjeKumanovo-Large.jpg
28. Како да стигнеш до Археолошкиот локалитет Костоперска Карпа (клик на мапата запоголема) и кои културни и историски објекти може да се посетат во иста тура.
  1. На локацијата број еден може да се посетат пет цркви на едно место.5-те Цркви (Лавра) кај Дељадровце ... близу Миладиновце и Рафинеријата ОКТА ... ... Манастирски комплекс Св. Ѓорѓи с. Дељадровце ...
  2. Во Куманово има три цркви: Св.Никола, Света Троица и Св.Ѓорѓи.
  3. На оваа локација можете да го посетите меморијалниот споменик Зебрњак.
  4. На оваа локација можете да ја посетите Костоперска карпа и двете цркви св.Петка и св.Ѓорѓи 
  5. Тука е прекрасната Црква Св.Ѓорѓи Старо Нагоричане
  6. Меморијален комплекс Пељинце.
  7. Манастир Свети Прохор Пчињски
  8. Кокино
  9. Бања Стрновац
  10. Стрезовце
  11. Манастир Матејче
Во продолжение ке Ви представам одредени линкови кои говорат за Костоперска Карпа:
  • Костоперска Карпа с. Младо Нагоричане ... ...
  • АНТИКАТА ВО КУМАНОВСКИОТ КРАЈ
  • Археолошки локалитети во Старо Нагоричане и околината ...
  • Младо Нагоричане - Град Жеглигово, И. Микулчиќ  Средновековни градови и тврдини во Македонија ... ...- Местоположба. Месноста „Жеглигово, Костоперска карпа” се издига до југозападната периферија на Младо Нагоричане и доминира над околината повеќе километри до Пчиња на исток. Во прашање е јужната од две базалтни грамади што осамено се издигаат над околината. Озгора е зарамнета, опкружена со вертикални страни, високи 12—20 м. Покрај неа води магистралниот пат Скопје — Ќустендил, античкиот пат Скупи — Пауталиа, а 1 км источно оттука со него се сече стариот пат од Ниш и Врање на север кон Овче Поле и Штип на југ.
    - http://www.promacedonia.org/im3/im_84_228.jpg
    - Најстари остатоци. Откриени се остатоци од предисториска и раноантичка населба на карпата. Во доцната антика било изградено ново обѕидие околу просторот од 150 х 90 м. Пристап нагоре постои од јужниот крај кој денес е уништен од мадемот на базалт. Од иста причина допола се урнати и две цистерни за вода, со добра хидростатична изолација (несомнено 6. век). Во северниот дел е откопана една ранохристијанска базилика (1983—86 г.). Има многу ситни наоди од метал и керамика, преку стотина монети од 3. до 6. век. Во југоисточното подножје е откриено едно подземно светилиште (хипогеум) всечено во карпа, а низ падината се простирала неукрепена населба од ова време. Откопувани се и гробови во северното подножје.
    - Средновековни остатоци. Истата стратешка улога карпата ја имала и низ средниот век. Тоа е потврдено со наодите на византиската сликана керамика од 12.—14. век, словенската огнишна грнчарија, врвовите од стрели со средновековна форма и др. Врз ранохристијанската базилика во 10.—11. век била изградена нова црква, опфаќајќи го само средниот кораб, додека јужно и западно од неа се откриени гробови, датирани со накит од тоа време (10.—13. век).
    - На падината под источната страна на карпата стои црквата на св. Петка, квалитетна градба од 13.—14. век, денес наполу урната. На падината источно и јужно од карпата, на површина од 2—3 ха, се среќаваат траги од неукрепено подградие (варош) датирано со доцносредновековната керамика, турски акчи и др.
    - Значењето на оваа крепост веројатно нараснало со борбите на Бугарија, а потоа и на Србија против Византија во 13. век, кога северната граница на Византија некое време се одржува во овој регион.; потоа со поместувањето на српската граница кон исток. Според народното предание тука стоел градот Жеглигово. Тоа е регионално средиште во 13.—14. век.
    - Името на Жеглигово е сочувано како во името на месноста („Жеглиговски камен”) така и во името на целиот Кумановски регион кој уште се вика и Жеглигово (стар назив). Традицијата зборува и за 12 цркви што стоеле на тоа место. Седум од нив уште стојат, цели или наполу урнати во подножјето околу Жеглиговската карпа: св. Ѓорѓи (од 1406/7 г., без живопис); св. Петка (живописана во 1628 г.);
    - Меѓу оние периферни гратчиња и регионални крепости што од повеќе причини исчезнале во турско време спаѓа и Жеглигово; турските документи од 15. век и подоцна не го бележат; се јавува како Нагорич(ане) кое како село и центар на нахијата ќе преживее до денес
    .
  • Костоперски Рид, Младо Нагоричане
 

No comments:

Blog Archive

Site Meter