Search This Blog

Tuesday, March 20, 2007

СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ - трската е фрлена

Економската ситуација на граѓаните во Македонија од ден на ден е се потешка ... Никока да ни тргне во областа на Економијата - која уствари е и најважна ... Од Историја и политика не се живее ... Народот треба да има кај да се запосли за да си купи храна и други потреби за својата фамилија ... за да ги плати комуналните трошоци и да му остане некој денар за останати трошоци по скалата на потребите ...

Од осамостојувањето на Македонија од 1991 година па навака Економската ситуација и куповната моќ на народот оди по надолна линија - заедно со најболното прашање невработеноста (сега е Невработеност - 36,5% (2005) *работење на црно е распространета појава, така да реалната бројка е пониска) ...

Сите Влади на РМ до сега ги имаше шест - за главна задача требаше да го имаат зголемувањето на општиот стандард на македонското население ... Но еве и по 16 години на самостојност - тркалото врти наназад ...

И последната Влада вети дека ке ги преземе сите мерки - кои ке предизвикаат зголемување на стапката на вработеност - преку создавање на усови за тоа ... меѓу другото највеќе со привлекување на странски директни инвестиции ...

Дваица министри во Владата - Министер без ресор Веле Самак и Министер без ресор Глигор Ташковиќ - имаат специјална задача на тоа поле - да привлекуваат странски инвестиции ...
http://www.vlada.mk/images/vele-photo2.jpghttp://www.vlada.mk/images/gligor_taskovic1.jpg
Веле Самак, Министер без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции. Дипломирал на студии по економија на Универзитетот во Чикаго ( University of Chicago ) во 1996 година. Магистрирал од областа на бизнис администрацијата (МБА) на Вартон школата при Универзитетот Пенсилванија ( The Wharton School at the University of Pennsylvania ) во 2005 година.

Глигор Ташковиќ, министер без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции, има повеќе од петнаесет години меѓународно деловно искуство во повеќе од десет индустриски гранки во дваесет земји.

Што затекнаа овие дваица министри во полето на странските инвестиции:
** Унгарија е најголем странски инвеститор во земјава, а по неа следуваат Грција, Холандија, Кипар, покажуваат податоците на Народната банка на Македонија.
- Од 2000 до крајот на 2006 година во Македонија се инвестирани 1,44 милијарди долари.
- Најмногу странски инвестиции влегле во земјава во 2001 година, кога почна воената криза, а најмалку -81,67 милиони долари во годината по неа. Во 2000 биле вложени 178,52 милиони долари,
- во 2003 - 99,34 милиони долари,
- во 2004-та странските инвеститори вложиле 163,12 милиони долари.
- Во 2005, пак, во Македонија биле инвестирани 112,55 милиони долари, а
- во 2006 се слеале 359,58 милиони долари, од кои најмногу вложиле Австријците со купување на "ЕСМ-дистрибуција".

Унгарија во Македонија од 2000 година, па досега вложила повеќе од 323 милиони долари, од кои повеќето пари се инвестирани при купувањето на "Македонски телекомуникации". Грција има инвестирано околу 215 милиони долари во земјава, од кои најмногу - 103 биле вложени во 2000 година.

Министрите ветија дека од Македонија ке направат европски Сингапур ... Се почна со намалувањето на даноците - преку воведување на равен данок - со цел тоа да биде мамка за странските инвеститори ... Се актуелизираа слободните економски зони ... Се огласија овие можности за инвестирање во сите светски часописи за економија и бизнис ... Министрите неуморно го шетаат светот во потрага по нови инвеститори и ветуваат први резултати за крајот на годината ... Трската е фрлена - но дали е мамецот добар ке почекаме о крајот на годината ... Да не викам со среќа - нели ова носи лоши среќа кај рибарите ...

Па ај да почекаме - да ги видиме резултатите на крајот на годината ... досега гледаме само големи ветувања ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter