Search This Blog

Friday, March 02, 2007

СКОПСКО КАЛЕ - конзервација и археолошки истражувања

Скопското кале навечер

Една од кулите на калето (фотографирал: Мире Славејков)

sg0504.jpg (56499 bytes)

skopiekaleto

http://www.promacedonia.org/bugarash/mfront/mf49.jpg



skoplje bw

http://www.promacedonia.org/gall/fb/p0000025.jpg

http://www.promacedonia.org/gall/jd/p0000331.jpg

Murallas de la Skopje medieval

Сликата “http://makedonia.eu.org/gallery/images/skopje_68.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

http://makedonia.eu.org/gallery/images/skopje_51.jpg

http://makedonia.eu.org/gallery/images/skopje_70.jpg

http://makedonia.eu.org/gallery/images/skopje_74.jpg

http://makedonia.eu.org/gallery/images/skopje_76.jpg

Скопското кале е еден од најмаркантните археолошки локалитети во Македонија ... Категоризирано е како објект од прв степен на заштита ...

Скопската тврдина Кале е сместена на високот рид наречен Градиште, над градот Скопје со поглед на реката Вардар и била од стратешко значење за овој значаен град со векови.

Како највисока точка во градот, калето одсекогаш било ценето од локалното население. Населби на тоа место постоеле и пред да се изградат ѕидови. Најраните познати жители на местото живееле во Неолитот и раното Бронзено доба, 4,000 години п.н.е. Тврдината што ја гледаме денес е изградена најпрвин во Византиско време (6-ти век), со камени ѕидови со должина од 121 метар. Според археолозите, камените блокови од кои е изградена тврдината биле земени од изрушениот град Скупи подолу.

ImageЗаради стратешката локација на местото, тврдината била градена, рушена и преградувана многу пати од страна на разни освојувачи. По скопскиот земјотрес во 1963 кружните и квадратните кули на тврдината биле конзервирани и реставрирани. Тогаш се прави и последното поголемо археолошко истражување.

Кале е едно од најпопуларните места за посета во Скопје. Тврдината нуди фантастичен поглед на градот - особено стана популарна по последното внатрешно уредување ... подпомогнато од америчката влада ...

ImageНа интернет најмаркантен напис за скопското кале има Arwena во постот - Метаморфозите на Скопското Кале ... го препорачувам за читање на сите заинтересирани кои сакаат да дознаат повече за калето ... подолу неколку цитати:

Скопското кале - Со својата местоположба која доминира над околината, опкружена е со бедем во форма на триаголник граден и обновуван со милениуми ... Започнува со моментите на енеолитската цивилизација - 3 000 година п.н.е. ... Потоа прастарите цивилизации од некои мистериозни причини го одбегнувале ова место за повторно да го населат во годините некаде помеѓу 7 и 6 век п.н.е. кој одговара на железното време и преминот кон раната антика. ... животот се одвивал континуирано се до преодот од 4 во 5-ти век кога населбата била напуштена.

ImageПотоа доаѓаат неколку векови на хијатус, ... Нема населување, нема населби, нема предмети. Нема дури ни записи.

Бедемите се изградени од големи правоаголни камени блокови кои многу потсетуваат на градбите кои во тој стил кој ги подигнувал величенствениот предводник на Источното Римско Царство, најсветлото сонце на Византиската Империја - императорот Јустинијан Први.

По катастрофалниот земјотрес кој во 518 година го погодил подрачјето на древниот антички град Скупи и неговата колината, животот во градот Скупи замрел и не продолжил никогаш повеќе. Голем дел од градежниот материјал на римските градби од Скупи бил
Imageизваден и однесен на некое друго место. Се претпоставува дека во тој период, што се поклопува и со мислењето на еден голем англискиот патеписец Артхур Еванс, тврдината Кале била акрополата, т.е. Горниот град на еден се уште фамозно изгубените градови во бескрајниот временски простор на археологијата. Така во челниот ѕид на Калето може да се видат стотици вградени делкани блокови, делови од римски градежни елементи, столбови, плочи со римски натписи и друго. Се претпоставува дека овој дел од ѕидот потекнува од 6 век и дека тоа се остатоците од акрополата на највеличенствениот град што некогаш го изградил императорот Јустинијан Први - Јустинијана Прима.



Во византиско-словенскиот период (X-XIV век) Скопје представувал значајна крстосница на големите трговски патишта, значајно стратегиско, но и погранично упориште. Градот бил поделен на Горен Град и Долен Град. Во Горниот град била издвоена военоуправната елита, а во Долниот град живеело цивилното население.

Од крајот на XII до крајот на XIII век во низа воени акции, Византија ги губела и ги враќала балканските територии кои ги имала дотогш. Историските, политичките и економските услови ги искористиле словенските соседи, Србите и Бугарите, со цел да ја прошират својата власт над Македонија. Српскиот цар Душан своето крунисување го направил токму во Скопје. Ова траело се до 1392 година кога градот и власта ја превземале
османлиите и тука останале петстотини години. Во турскиот период и подоцна, Горниот град послужил за стационирање на градскиот гарнизон. Подетален опис за тогашната тврдината - Горен град ни дава познатиот патеписец Евлија Челебија велејќи: ,,Тоа е утврден град, со цврста и јака утврда, со двојни бедеми. Градската порта и бедемите се изградени од делкан камен кој свети како да е полиран. Опкружен е со седумдесет бастиони и три железни порти на југоисточната страна, а во предворјето на секоја висока порта се наоѓаат многу стражари. Вратата и ѕидовите на тоа предворје се накитени со со разно оружје и алати потребни за оружјето ”.

Во 1963 година кога Скопје доживува катастрофален земјотрес тврдината претрпува големи оштетувања. Поради тоа се превземени мерки за конзервација и реставрација на неговите ѕидишта и кули и денеска е реставриран 121 метар од надворешниот бедем, некогашната округла кула, а четвртестата и триаголната се само делумно реставрирани.

Одличен напис за Скопското Кале имаме и на линкот Скопското кале ... кој пред се се бави со старта скопска чаршија ...

Добар е написот за Скопското кале и на линкот тука ...

Од оваа година почнува значајно археолошко истражување на локалитетот Скопско Кале – кое е финансирано со проект од Владата на Македонија со 2 милиона евра ... Со археолошките истражувања ке раководи Професорот Драги Митревски, раководител на катедрата за археологија при Филозофскиот факултет во Скопје ... Се предвидува дека работа ке има за 150 археолози, документатори, студенти по археологија и работници. Тие ќе работат на шест сектори, а секој од нив ќе го раководат по двајца археолози, на кои ќе им помагаат по четворица студенти по археологија.

Целта на проектот е да се санираат, конзервираат, реставрираат и презентираат бедемите и кулите на југозападниот дел од тврдината, тој што „гледа“ кон мостот Гоце Дечев и Камениот мост.


 Св. Константин и Елена..слики 2.jpg

Monorafija Arhiv na RM slika na staro skopje centar.jpg

1 comment:

|BURGLAR| said...

Odlicna statija i razglegdnica za kaleto, Volan sekogas iznenaduvas,tvojot blog redovno go posetuva (y)

Blog Archive

Site Meter