Search This Blog

Thursday, March 22, 2007

НОВА БЕГАЛСКА КРИЗА - во Косово ...

“Граѓанската војна на Косово“ не е од вчера ... таа трае со децении со поголем или помал интензитет ... Се води со “тивки“ методи на освојување на територии со метода на енормна популација и ситни и покрупни чарки со спротивставениот етнос ... до етничко чистење ...

Албанизацијата на Косово е јасно зацртана со Призренската лига и некои соопштенија на Албанскиата Академија на науки ... Верските објекти Џамиите - послужија како места во кои се индоктринираше албанската популација како ке се води специјалната војна на гетоизација ... етничка омраза ... до етничко чистење ...

Бидејки со години полека но сигурно се менуваше етничката структура на населението во тие територии - Албанците почнаа полека но сигурно да бараат не “малцински“ туку “мнозински права“ ... Се обединуваат во “идејата за самостојност“ до независност ... “Косово Републик“ - уште ми звони во ушите од големите демонстрции на албанците во Косово и западна Македонија... Ова обилно го помага и Албанската заедница која во меѓувреме се вработи во Западноевропските држави и САД ... Тие имаа обврска да плаќаат по 10 проценти или некој сличен процент од својата плата за помош на идејата за стварање на “Голема Албанија“ ...

Во сета оваа криза свои пресметки и фактури меѓусобно си испоставуваат големите светски сили ... а “бурето барут“ е во перманентна спремност за експлозија ...

Во пресрет на разврската на косовското прашање во Обединетите нации - каде се очекува да се најде планот на Ахтисари ... во Косово се очекува повторно да се случуваат немири со можни последици на нов егзодус и стварање на нова бегалска криза ... Медиумите во Македонија за оваа можна нова криза дознаваат преку медиумите од Србија кои објавиа вест дека Македонија се спрема за нова бегалска криза ... Тајни кампови за јавна бламажа ... Пак бегалски кампови во Македонија! ...

** Претставниците на меѓународната заедница и на македонската влада подготвуваат кампови каде што би се сместиле можните бегалци од Косово во Македонија. Министерството за труд и социјала вчера ја потврди веста, објаснувајќи дека „го подготвува и планот како нашата држава ќе постапува во случај на масовен прилив на бегалци“.

** Според информациите што ги објави српскиот весник „Вечерње новости“, на подготвителните состаноци со претставниците на меѓународната заедница била спомната бројка од 10.000 бегалци, кои во случај на ескалација на насилство би поминале преку јужната граница. Според предвидувањата, тоа би биле Срби или Роми, од српската енклава Шипковица и од подрачјето околу Брезовица.

** Во најлош случај, тврди „Новости“, при евентуален конфликт принудно би се раселило и дел од албанското население, така што вкупниот број на бегалци би можело да достигне дури и 150.000 луѓе.

** Во игра се постојните капацитети во поранешното детско одморалиште во Чичино Село, на десниот брег на реката Треска во скопската приградска населба Сарај, со доминантно албанско население, како и други установи и објекти, меѓу кои и Центарот за азиланти, кој е во изградба.

No comments:

Blog Archive

Site Meter