Лорандит е талиумов арсеничен сулфат со хемиска формула TlAsS2. Тој е откриен за прв пат во рудникот Алшар кај Кавадарци во 1894 и е именуван по Е. Лоранд, физичар од универзитетот во Будимпешта. За Лорандитот за вели дека има натприородни-неземјени својства.Во Македонија го испитувале и научници од НАСА.Во 1978 година на тајна седница на Владата на СФРЈ е разгледувана можноста за давање на рудникот Алшар на користење на една голема светска сила која лорандитот би го користела за вселеснки истражувања.Што е решено на таа седница, не е познато. Многумина научници велат дека со проучување на Лорандитот може да се дојде до толку посакуваната бесплатна енергија (free energy) која би го сменила распоредот на силите во светов.Некои од истражувачите на оваа чудесна руда тврдат дека токму поради можноста за бесплатна енергија целата оваа работа останува не докрај разјаснета.
Кој се разбира повеќе во хемија и физика нека го посети овој линк тука ... General Lorandite Information ... каде осем за хемискиот состав има прекрасна галерија на фотки од минералот ...
Интересно светло за минералот ни дава нашиот прочуен Македонец - Д-р Паскал Сотировски, роден е 23. 11. 1927 г. с. Врбен, Гостивар.
1950г. Сотировски е редовен студент на групата физика на Филозовскиот факултет во Скопје, а по дипломирањето 1956г. работи како професор по физика во гимназијата “Јосип Б. Тито” се до 1960г.
По назначувањето за асистент по астрофизика на природно-математичкиот факултет во Скопје, 1961 г. испратен е на специјализација по астрофизика на Сорбона, Париз.
Таму 1964 г. дипломира астрофизика и 1971 г. ја одбранил со најдобра можна оценка и докторската дисертација од областа на физиката на Сонцето. После ова Сотировски станува член на Францускиот Национален Центар за научни истражувања - високо признание во научните кругови. Тој е член и на Одделението за соларна и планетарна астрономија на Франција, а 1991 г. е избран за член на МАНУ, надвор од работниот состав,.
Д-р Паскал Сотировски и денес има свој кабинет во обсерваторијата “ Медон” во Париз, неговите трудови се објавуваат во сите научни списанија ширум светот. Тој е научник со интернационална репутација, држи предавања во Америка, Јапонија, Русија, Индија а зборува и неколку јазици - француски, англиски, руски и германски.
македонскиот великан на светската наука за македонското чудо „Алшар“
ВЕЧЕН ПОГЛЕД КОН СОНЦЕТО
** Врската со татковината никогаш ја нема прекинато. Постојано се враќа. За време на еден престој пред десет години во рудникот Алшар, точно овде, на југот на Македонија, наоѓа потврда за своите дотогашни истражувања. Во сончевата Македонија, на планината Кожув почнува да истражува и ги наоѓа одговорите на прашањата кои со векови ги поставувала научната мисла. Рудникот Алшар, тој загадочен рудник, во раскажувањата на д-р Паскал Сотировски станува, не само центар на неговите научни предизвици, туку и клуч за разрешување на вечната загатка – што се случува во центарот на Сонцето. И оттука почнува прикаската на д-р Сотировски за чудото на Алшар и неговата верба дека со помош на рудата лорандит од Алшар може да се разреши тајната на Сонцето.
** Најсигурен, и барем за сега единствен начин да се детектираат сончевите неутрина, а со тоа и да се дознае до која фаза се стигнати процесите во внатрешноста на Сонцето е со помош на ретката руда на талиумот – лорандит, која се наоѓа во рудникот „Алшар“ кај Кавадарци.За деталите на научното истражување на Д-р Паскал Сотировски видете на горниот линк ... или тука ...
За лорандитот има и мистични приказни кои се преплетуваат со историјата на Македонија и доаѓаат се до Античка Македонија и славниот александар Македонски ... За една таква приказна раскажува и написот на вечер од 19.03.2007 :: Бр. 13452 - МИНЕРАЛ ШТО САМО МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА МУ ГО ДАДЕ НА СВЕТОТ ... Лорандитот - второ сонце на Земјата ...
** Станува збор за многу редок минерал за кој е утврдено дека во целиот свет го има единствено во Македонија или можеби уште на Шри Ланка. Неговата моќ експертите ја гледаат во тоа што единствено тој природен елемент во светот ги препознава реакциите кои доаѓаат директно од јадрото на сонцето.
** Истражувањата треба да докажат дека од тие реакции може да се добие таканаречено "вештачко сонце" кое би ослободувало енергија за потребите на огромни територии ...
** До црвенкастиот кристален елемент може да се дојде со дупчење на големите камени стени во чија длабочина е скриен. Со процесите на фусија и фисија и цепење на јадрата на елементот се претпоставува дека е можно да се ослободи енергија, која во ерата на се поголема употреба на алтернативни извори на обновлива енергија е добредојдена, потсетува Лепикова.
** Преданијата за минералот Лорандит потекнуваат уште од времето на Александар Македонски, кој прв ја открил неговота моќ.
** Во битките кои тој ги водел секогаш точно напладне и со движење на војската од запад кон исток се јавувал силен одблесок од штитовите кој ја заслепувал противничката војска. Затоа и не зачудува успехот на фалангата на Александар. Не е случајно ниту тоа што на штитовите на фалангата се наоѓало изгравирано познатото сонце од Вергина. Од таму можно е да потекнува и култот на Македонците кон Сонцето ...
No comments:
Post a Comment