Search This Blog

Tuesday, March 20, 2007

УРАНИУМ ВО МАРИОВО

Уште кога учев школо - а тоа богами беше давно се велеше во читанките по Географија дека во Македонија има ураниум ... Но до сега немаме експлоатација ... Истражувања имаше и порано - а прикаски колку сакаш ...

** Австралиска компанија испрати тројца претставници да го разгледаат теренот околу селото Кокре во Мариово откако дознала дека пред педесетина години се трагало по ураниум и по други радиоактивни минерали на Селечка Планина.

** Интересот за наоѓање ураниум во Кокре датира од крајот на 50-тите години во минатиот век. Околу 400 работници и инженери од Белград четири-пет години трагале по радиоактивни минерали во околината. Биле ископани десетина јами. Проектот бил напуштен без да се објават информации за откритијата. За големиот зафат на врвот на планината и денес сведочат остатоците од населба со објекти за сместување на истражувачите. Направен е и калдрмен пат со остатоците од камењата вадени од јамите. Мистериозниот проект бил прогласен за државна тајна, за чија безбедност се грижела УДБА.

No comments:

Blog Archive

Site Meter