** Тоа што Антонио Милошевски оди во каливите и тесните улички во Скудриње и Могроче - не е за критика ... напротив ... Оние што не биле по такви места ке се изненадат колку се бистри и итри луѓето од малите места а воедно информирани ... Прав е потегот за посета на “базата“ и е за поздравување ... Што би рекол Игор Џамбазов Македонија не е Скопје Битола и Охрид ... Душата на Македонија е во малите места и македонското село ...
** Ама пародијата за визите е навистина одлична ..
- Груевски да тргне по виза. Сака да оди во Брисел? Убаво. Прво нека добие покана од Солана и гарантно писмо заверено во полиција дека има доволно простории за да го прими на гости.
- После нека застане во редица за виза пред холандската амбасада (оти тука нема белгиска) и со купишта документи во рацете да си чека трпеливо да го викнат.
- Треба да има посебно осигурување,
- извод од тековната за кредитните картички,
- повратен билет,
- М1/М2 образец за постојано вработување,
- тапија од становите на мајка му,
- копија од здравствена книшка и
- сини картони
- и други документи по потреба...
** Тоа со оро да заигра Премиерот е одлична идеја како да се протестира против визниот режим ... не само од канцеларија и по црвените теписи во Брисел ... Одличен публицитет би добил и во домашната и во светската јавност ...
** Капак на сеирот е со Бугарската виза која “треба“ да ја вади Милошевски ...
- Милошоски нека ја почне процедурата за добивање бесплатна бугарска виза- Прво треба да добие писмо од Доста Димовска дека таа ќе му плаќа за јадење и спиење и здравствено осигурување.
- После да се јави на телефон на "кол центарот" за да закаже после колку месеци ќе застане во ред.
- Кога ќе се појави пред амбасадата, ќе треба прво да ги пропушти пред него тие што бараат деловни визи, па туристичките агенции, па луѓето од Косово...
- Така ќе се увери колку Бугарија ги почитува македонските граѓани.
- Ако не му се допаѓа третманот, нема гајле. Нека си извади бугарски пасош.
** Посебно ме бендиса - ме засмеја и во исто време ме загрижи сеирот со Грдоначалникот на Скопје - кој јавно најави дека управува со град кој е пред банкрот ... Па што чека човекот ... нека си даде оставка на време ... Што не го бива не го бива ... Или прво чека со бизнис зделките да си ги врати сите “донации“ ... Неговите донации би ги нарекол ... “Донирам за да профитирам ...“
No comments:
Post a Comment