Последните месеци можам слободно да ги окарактеризирам како време на затварање ...
- Се затвараат корумпираи цариници и полицајци ...
- Се затвараат корумпирани судии, адвокати, нотари ...
- Се затвараат сите кои не го почитуваат процесот на фискализација ... дуќани ... фирми ...
- Се затвараат сите кои не пријавуваат работници - кои работат на “црно“ ...
- Се затвараат сите кои немаат пари да платат казни за прекршочни пријави (замена затвор за пари) ...
- Се затвараат малите партии ... “..што ке ни се па и тие..“ ...
- Сигурно заборавив некој ... потсетете ме ...
Од оваа успешна акција на затварање се преполнија македонските затвори ...
Да не ме свати некој криво ... не сум против затварањето - поготово не кога е во согласност со законот и владеењето на правото ... но се прашувам кога ке почне процесот на отварање ... пред се процесот на отварање на нови работни места ... или тоа не е ветување и обврска на Владата и партиите на власт ...
No comments:
Post a Comment